Шилегов ќе раководи и со Асоцијацијата на општините од Југоисточна Европа


Градоначалникот Петре Шилегов е назначен за прв потпретседател на НАЛАС (Мрежата на асоцијации на локални самоуправи од Југоисточна Европа) за 2018 година, информираат од Град Скопје. Функцијата му е доверена вчера на 13. генерално собрание на НАЛАС што се одржува во Брдо, Словенија, на која учествуваа над 150 претставници од локалните самоуправи и асоцијациите на […]

Let them rest in peace


Goran Adamovski When during the celebration of the May Day celebrations in 2012, Interior Minister Gordana Jankuloska said that after a three-week investigation, the perpetrators of the bloody murders of Smilkovo Lake were arrested, no one expected that six years later the case would still be unsolved. The initial suspicions about the participation of members […]

И во јавните претпријатија ќе се внимава кој што јаде и пие


Околу 30.000 евра или 1.858.000 денари потрошиле за репрезентација членовите на управниот одбор на АД МЕПСО во текот на 2017 година. За нив не се приложени докази за одобрување, констатира Државниот завод за ревизија во својот последен извештај. Општина Сарај била поскромна: за истата цел во 2016 година потрошиле „само“ 498.000 денари или околу осум […]

Оптимизмот на Могерини и Заев во фокусот на грчките медиуми


Оптимизмот изразен од Могерини и Заев дека може да се најде решение на името се најде во фокусот на грчките медиуми во извештаите за вчерашната средба на македонскиот премиер со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ и комесарот за проширување. „Комесарот за проширување ја отвори вратата на Европската унија за ПЈРМ“; „Оптимизам за изнаоѓање […]

СДСМ, ДУИ и ДПА под ревизорска лупа, вистинитоста на партиските сметки под прашалник


Државниот завод за ревизија ги анализираше финансиските извештаи на СДСМ, ДУИ и ДПА за 2016 година и кај сите најде одредени нерегуларности. Додека забелешките во однос на тогаш опозицискиот СДСМ се однесуваат главно на нерешениот сопственички статус за дел од партиските објекти и начинот на собирање членарина, кај ДУИ се нотирани неколку прекршувања на Законот […]

Нови рочишта за „Шпион“ и „Насилство во Центар“


Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Шпион“ и „Насилство во општина Центар“. Минатото рочиште за „Шпион” беше одложено поради оправдано отсуство на Туше Гошев, еден од адвокатите на обвинетите. Предметот „Шпион“ сега го застапува Специјалното јавно обвинителство, откако го презеде од редовното обвинителство. Апелацискиот суд лани ги ублажи […]

Могерини ќе се обрати пред пратениците во Собранието


Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија и заменик-претседател на Европската комисија Федерика Могерини денеска ќе се обрати пред пратениците во македонското Собрание. Повод е Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија и дадената чиста препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Могерини вчера се сретна со претседателот Ѓорге Иванов […]

Владата ги објави условите за трансплантации во приватни клиники


Почна постапката за доделување лиценци за трансплантација на органи кои би требало да се вршат во приватните клиники во Македонија, со цел пациентите да не одат во странство да им се пресадат органи доколку тоа може да се направи тука. Владата вчера во „Службен весник“ ги објави одлуките за доделување по три лиценци за пет […]

Могерини и Заев домаќини на неформална вечера со премиерите од Западен Балкан


Премиерот Зоран Заев и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини се домаќини на неформалната вечера со премиерите од Западен Балкан во Скопје на која присуствуваат претседателите на владите на Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, Еди Рама, Ана Брнабиќ, Рамуш Харадинај, Душко […]

Османи: Македонија е друга држава после помалку од една година


Чистата препорака од Европската комисија до Советот за започнување на преговори е валоризација за направеното во овој период, меѓутоа тоа што е најважно е дека Македонија е друга држава после помалку од една година. Ова вечерва го истакна вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи во емисијата Топ Тема на телевизијата Телма. – Денеска е ден на […]

Ахмети не сака да се пазари за министерските места


„Битката“ меѓу двете крила на движењето Беса за влез во Владата продолжува. Лидерите и на двете Беси, Билал Касами и Африм Гаши, веќе се сретнаа со премиерот Зоран Заев и главна тема на разговор беше вклучувањето во владината структура и засилување на парламентарното мнозинство. Крилото со кое раководи Билал Касами во емисија за ТВ21 кажа […]

Иванов се сретна со Могерини, ја поздравил обновената препорака на ЕK


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска се сретна со Федерика Могерини, висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија. Од Кабинетот на Иванов соопштија дека на средбата биле разменети мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за процесот на европска интеграција, како и за клучните […]

Заев уверен дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговори


На заедничката прес-конференција на високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини и премиерот Зоран Заев, по одржаните разговори, на новинарско прашање дали изјавата на шефот на грчката дипломатијa Коѕијас дека нема доволно време за решение за името до самитот во НАТО, подразбира дека Македонија нема да добие датум за старт на […]

Могерини: Оптимист сум дека е можно решение за името до Самитот на ЕУ


Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини изрази оптимизам дека спорот за името може да се реши до Самитот на ЕУ на кој земјите членки ќе одлучуваат за давање датум за почеток на преговорите. – Останува на Советот на ЕУ на крајот на јуни да ја донесе оваа одлука. Нема да […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да собере сили да ги прифати позитивните вести за Македонија и да ги поздрави


СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ да собере сили да ги прифати позитивните вести за Македонија и да ги поздрави, препораката на ЕК е во интерес на државата и граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да собере сили да ги прифати и да ги поздрави позитивните вести за […]

Могерини: Се вративте назад на добрата патека


Ја носам добрата вест дека ЕК препорача почеток на преговорите за членство. Се вративте назад на добрата патека. Можете да славите и потоа да се вратите на работа,изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини на заедничката прес конференција во Владата со премиерот Зоран Заев. Могерини истакна дека постигнувањето е заеднички […]

Џолев: Судот нема законски пропусти во врска со Фејзи Азири


Судот нема законски пропусти во врска со Фејзи Азири, обвинет во случајот „Монструм”, рече на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев. Азири, кој издржува затворска казна за нелегална трговија со оружје во штипскиот затвор од Министерството за правда до 28 февруари добил прекин на издржувањето поради болест. На 21 февруари, како што рече Џолев, Азири […]

„Билд“: ЕУ ги сака Албанија и Македонија – човек да не поверува


Препораките на Европската комисија за отпочнување преговори со Македонија и Албанија е „застрашувачки наивна“, пишува германскиот весник „Билд“. Коментаторот на весникот нагласува дека идејата за ширење на ЕУ е прекумерна и произволно креирана. – Комисијата на ЕУ сака да прими две нови балкански држави, Албанија и Македонија. Едноставно човек да не поверува. Со отсуство на […]

Џолев: Времетраењето на рочиштата е регулирано со закон


Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев во врска со обвинувањата на обвинетите од СЈО дека рочиштата траат предолго и после работното време рече дека новиот Закон за кривична постапка (ЗКП) овозможува постапките да се забрзаат, поготово во предметите каде што има услови за тоа. – Времетраењето на рочиштата е регулирано со закон. Ништо не е прекршено […]

Полимерни банкноти од 10 и 50 денари од 15 мај


Од 15-ти следниот месец Народната банка на Република Македонија првпат воведува полимерни банкноти со апоенска вредност од 10 до 50 денари. – Од 15 мај годинава, Република Македонија ќе биде на мапата на државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута. Македонскиот денар ќе се вбројува меѓу валутите чии […]