„Стоп за извршителите“ повика на протестен марш на 1 Мај


„На 1 Мај ги повикуваме тие што се сега блокирани и тие што биле блокирани и заради тоа биле многу онеправдани, ги повикуваме сите вработени кои одвојуваат една третина од платата, тешко спечалена и мала, ги повикуваме сите пензионери, кои исто така одвојуваат по една третина од малите пензии за извршителите, за виртуелни долгови кои […]

„Вила Зора“: Кој нѐ труе со бела прашина во Велес?


Еколошкото друштво „Вила Зора“ бара мерки за запирање на енормното аерозагадување со бела прашина и смог кои секојдневно се испуштаат во двете велешки населби-Тунел и Превалец. Ангел Ќиров член на претседателството на ЕД „Вила Зора“ информираше дека подолго време до нив се јавуваат мноштво граѓани од овие две велешки населби, и се жалат на енормно […]

Филипче: Македонија имаше одличен степен на имунизација, но веќе не е така


Со години нашата земја имаше одличен  степен на имунизација, но за жал сега не е така, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче на музичкиот хепенинг кај Школка во парк по повод Светската недела на имунизација. Според него, постои голем ризик дел од болестите кои со години наназад се искоренети, да се вратат назад, односно […]

Стејт Департмент: Осудено лице е директор на клиника, а член на ИК на СДСМ ја води непартиската Агенција за администрација


Стејт департментот во извештајот за човековите права за 2017 година во Република Македонија, нотира и именувања функционери од новата влада. – Во земјата постои активен систем што овозможува партиите да им даваат посебни бенефиции и предности на своите членови. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владата за продолжување на тие практики, наведувајќи дека не се следат образовните […]

Војник добил изгореници на Криволак


Вчера во 18.45 часот во полициска станица Неготино било пријавено дека околу 12 часот во Медицински центар Неготино бил донесен Т.Р.(38) од Тетово, вработен во АРМ, кој при изведување вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“, се здобил со изгореници од 2 и 3 степен по целото тело (најверојатно од барут). По укажаната лекарска помош, бил […]

Сега е вистинскиот момент за решение за името, смета премиерот


Фокусот е ставен на решение за името, а не на рокови. Сега е вистинскиот момент да се најде решение. Влегуваме во самата суштина, во најсуптилните детали каде мора да бидеме креативни за да може двете страни да ги заштитиме, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата, премиерот Заев изрази уверување […]

Заев: Ќе се појавам како сведок во „Монструм“ ако судот го побара тоа од мене


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ќе се појави како сведок во случајот „Монструм“ доколку тоа од него го побара судот. Сите материјали кои ги имал за овој случај, како што рече, ги предал на судот. – Ако побара судот да бидам сведок и да кажам се што знам, тоа ќе го направам бидејќи тоа ми […]

Кина, Иран, Русија и Северна Кореја се „сили на нестабилност“


Администрацијата на претседателот на САД смета дека Кина, Иран, Русија и Северна Кореја се „сили на нестабилност” поради кршење на човековите права на граѓаните во овие и други земји. Во годишниот извештај за човековите права во светот, Стејт департментот издвои четири земји поради сериозни повреди на човековите права, вклучувајќи ги ограничувањата на слободата на изразување […]

Стејт Департмент: Неказнивоста останува голем проблем во Македонија


Стејт департментот го објави извештајот за човековите права во кој за Република Македонија е нотирано дека најзначајни прашања се поврзани за извештаи за тортура од затворските чувари, мешање во приватноста, насилство врз новинари, недостиг на судска независност, корупција и насилство против лица од ЛГБТИ заедницата. – Владата презеде неколку чекори за истрага, гонење и казнување […]

Град Скопје распиша повик за субвенции за велосипеди


Со цел да ги стимулира скопјани да користат велосипеди, Градот Скопје распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед. Граѓаните кои ќе купат велосипед заклучно со 31 август 2018 година, ќе им надомести 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 […]

(Видео) Приведена е девојката која вчера јавно пушеше марихуана во Скопје


Полицијата ја приведе скопјанката која пушеше марихуана на улица и снимката ја сподели на „Фејсбук“. Како што пренесува Макфакс, двајца полицајци попладнево ја лоцирале во Градски парк во Скопје. Ѝ се приближиле, ја легитимирале и ја однеле во станица. Во тек е разговорот со скопјанката, но полицијата не соопштува детали. Сведок на приведувањето била новинарка на Досие.мк […]

Премиерот Заев се сретна со раководството на ИВЗ


Премиерот Зоран Заев и раководството на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Македонија, предводено од Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, денеска на средба во Владата разговарале тековни прашања од интерес на ИВЗ, како и проблемите во функционирањето на муфтиствата, соопшти владината прес-служба. Од Владата наведуваат дека се разгледани можностите и перспективите за динамизирање на […]

Туск во Скопје на 27 април


Кабинетот на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, потврди дека тој ќе учествува на самитот Брдо-Бриони на 27 април во Скопје. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск заминува на балканска турнеја помеѓу 24 и 27 април, за време на која тој ќе ги посети Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, а ќе заврши […]

„Бомбите“ се слушаа на рочиштето за „Топлик“


На денешното рочиште за „Топлик“ во Кривичниот суд се слушаа 11 прислушувани разговори во врска со овој предмет. Одбрана на Миле Јанакиески побaра јавноста да се исклучи, но судијата Осман Шабани го одби приговорот, велејќи дека со нивното објавување нема да се наруши приватноста на обвинетите. Во предметот на СЈО „Топлик“ осомничени се поранешниот министер […]

Груевски: „Тенк“ е бесмислен и апсурден предмет


Поранешниот премиер Никола Груевски по завршувањето на денешното рочиште за предметот „Тенк“ се пожали дека и денеска судењето траеше по завршување на работното време. – И денеска, иако не толку како што во претходни прилики што се случуваше судењата да траат по 11 часа, Судот надвор од работното време го продолжи судењето без да образложи зошто […]

Нови вакцини, промена на вакциналниот календар и нови правила за заштита на децата


Со две нови вакцини за пнеумокок и рота вирус се осовременува календарот за имунизација, со што Македонија станува лидер во регионот на поле на имунизацијата. Тие вакцини од почетокот на наредната година ќе бидат задолжителни за сите бебиња во државата. Ова денеска на средба со новинарите го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека ќе бидат […]

Единаесетте сведоци на одбраната во „Тенк“ пет часа даваа искази во суд


 Единаесетте сведоци на одбраната во случајот „Тенк“ денеска пет часа даваа искази во Кривичниот суд. Тие посочија дека набавката на новиот „мерцедес“ била неопходна, бидејќи старото возило често останувало во дефект и не било безбедно за превоз на „вип“ личности. Сведокот Данчо Петров, кој бил член на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, рече дека […]

Предметот „Тенк”, Јордановски: Мерцедесот често пати бил во дефект


По кусата пауза, попладнево продолжи рочиштето за „Тенк“. Во моментов сведочи осмиот сведок Ивица Јордановски, вработен во МВР, кој бил задолжен за „мерцедесот“ во кој се возел поранешниот премиер Никола Груевски. Рече дека „мерцедесот“ бил стар, произведен 1999 година и дека често пати бил во дефект. – Откажуваа сопирачките, климата, амортизацијата и кога ќе го […]

Ѓошевски и Поповски обвинети за настаните од 27 април излегуваат од притвор со гаранција


На поранешниот шеф на обезбедување на претседателот на Собранието,  Горан Ѓошевски, и на екс началникот во МВР, Оливер Поповски, кои се дел од обвинети за настаните од 27 април во македонското Собрание, им се укинува мерката притвор за што е поднесена гаранција. Во денешното соопштение од Основниот суд Скопје 1 се наведува дека Кривичниот совет го […]

Шекеринска очекува безрезервна поддршка од САД за приемот на Македонија во НАТО


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска очекува безрезервна поддршка од САД за нашиот прием во НАТО, а во врска со нерешениот спор со Грција околу името нагласи дека само дел од работите зависат од македонската страна. Коментирајќи ја изјавата на министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас дека до јуни нема да се […]