Почна состанокот на учесниците во процесот Брдо-Бриони


Во скопскиот хотел „Александар Палас“ попладнево почна состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони. Учесниците на почетокот ги пречекаа македонскиот претседател Ѓорге Иванов, како домаќин и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Ќитаровиќ и Борут Пахор, како претставници на земјите иницијатори на овој процес. На состанокот присуствуваат и претседателите на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ,  на Албанија […]

Формирано Здружение на граѓани корисници на лифтови


Здружението на граѓани корисници на лифтови и друштва во Република Македонија е основано во јануари 2018 година со цел зголемување на свеста за значењето на користењето на лифтовите, како и зголемување на безбедноста на граѓаните при нивно користење. Според Здружението, за овој аспект воопшто не е посветено внимание, а е особено важен за безбедноста и здравјето на граѓаните. Здружението информира […]

Џафери ќе го објави законот за јазиците во Службен весник, ама не кажува кога


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска кажа дека ќе го пушти Законот за јазиците за објавување во Службен весник, но не прецизираше кога. „Не сум оптоварен временски кога ќе го пуштам Законот во Службен весник“, рече Џафери. Уставот во однос на непотпишувањето на указот за овој закон, според него, го прекршил претседателот Ѓорге Иванов. Запрашан […]

Шилегов: Историски ден за Скопје и Атина


  „Ова е историски ден за нашите градови. Го отвораме патот кон меѓусебно приближување. Имаме цел во интерес на нашите сограѓани заеднички да учествуваме во унапредувањето на иднината на градовите внатре во европското семејство. Имаме силна волја и капацитет да го зацврстиме нашето пријателство. Заедно можеме повеќе и заедно ќе стигнеме побрзо до нашата цел […]

Заев: Македонија во јуни очекува датум за преговори за влез во ЕУ


Во изминатите два извештаja на Европската комиија заради длабоката политичка криза и назадувањето со реформите и констатицијата за заробена држава, препораката за почеток на преговори со Европската унија беше суспендирана и условена со обезбедување демократски амбиент и демократски реформи. Оваа година препораката е чиста и безусловна и само ни претстојат чекорите кои треба да ги […]

Во Македонија лани на своето работно место починале 24 лица


Работните места во Македонија и натаму носат жртви. Само минатата година на своето работно место загинале 24 лица. Мора да се покрене свеста за безбедност и заштита при работа, но и да се унапреди колективното договарање во овој сегмент, беше речено пред денешната конференција во ССМ по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при […]

Додевски заминува од челното место на Адвокатската комора


Скопскиот адвокат Никола Додевски, по нешто повеќе од четири години претседателствување со Адвокатската комора на Македонија (АКРМ) си заминува од оваа функција. Заминувањето на Додевски е повеќе од извесно, иако тој се уште ужива авторитет меѓу неговите колеги, но повеќе од извесно е и тоа дека тој нема да се кандидира за уште еден, нов […]

Туск: Застанавте до нас и ние ќе застанеме до вас


„Чувствувам промена во политичкиот менталитет во Македонија и вистинска волја за придвижување на евроатлантската ингерација. Гледам храбро лидерство насочено кон иднината. Препораката од ЕК е најдобар доказ дека напорите на Македонија импресионирале многумина во Европа“, истакна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на зедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која се обрати на македонски јазик. […]

Поранешни спикери со совет до Џафери: Не е време за инаети


Неколкудневната тишина околу Законот за јазиците ја прекрши претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој во дебатна емисија за ТВ21 рече дека веднаш штом Законот ќе стапи во сила, тој пленарните седници во законодавниот дом ќе ги одржува на албански јазик. „Ние го изгласавме Законот за јазиците и откако ќе биде објавен указот во ‘Службен весник’ […]

Шекеринска во Вашингтон побара поддршка од САД за нашето членство во НАТО


Бараме поддршка од САД за Македонија да добие покана за членство во НАТО оваа година, зашто еден таков пробив може да има позитивно влијание, кое ќе создаде нова надеж на Балканот, истакна заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на тркалезната маса во Вашингтон организирана од американскиот Атлантски совет, со што ја почна  официјалната посета […]

Туск и лидерите од регионот во Скопје на состанок на Брдо-Бриони процесот


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер ќе бидат гости на претседателот Ѓорге Иванов, кој е домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи денеска во Скопје. Како што соопштија од кабинетот на Иванов, подготовките за состанокот, кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас, веќе финишираат. Официјално своето присуство го […]

Заев-Китаровиќ: Силна поддршка од Хрватска за интеграциите на Македонија


Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и државниот секретар во МНР Виктор Димовски, имаше работна вечера со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, придружувана од хрватска делегација и амбасадорката на Хрватска во Македонија Данијела Баришиќ. Китаровиќ, пренесе […]

Заев ќе се руши со еден митинг


  Во ВМРО-ДПМНЕ се премислија. Најавените протести што требаше да траат до уривањето на „ненародната власт“, се претворија во еден и единствен митинг пред Владата, дознава „Независен весник“. Опозицијата смета дека на тој начин, преку одржување грандиозен протест со присуство на десетици илјади граѓани, ќе се испрати посилна порака до станарите на „Илинденска“ и до […]

Една година по крвавиот четврток: Чочек, кавги и блокади во парламентот


На денешен датум пред една година, Талат Џафери стана првиот етнички Албанец на чело на македонскиот парламент. Уникатноста на тој чин беше потенцирана со тоа што Џафери е и првиот спикер избран на импровизиран начин, на конститутивна седница која беше отворена цели четири месеци, а по чие завршување се одигра крвава драма во законодавниот дом, […]

(Фото) Протест за одбрана на името


Повеќе патриотски здруженија вечерва излегоа пред Собранието на Р.Македонија за да го искажат својот револт против промена на името на државата и донесувањето на законот за јазиците. „Дојдовме заедно за да бидеме дел од живиот штит преку кој не ќе смее да помине и нема да помине никакво преименување, никакво прекрстување, никакво обезличување. Зашто преименувањето води […]

Филипче: Вакцините се сигурни, ќе се подигнува свеста за поголем опфат


Вакцините се сигурни, проверени во секој сегмент и секаде исти. Не постои апсолутно никаков сомнеж во нивниот квалитет, ниту каков било при аплицирањето. Може да се јават некои реакции, но најчесто се очекувани, благи, од типот на лесна настинка со ниска температура, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на 24 Анализа. Според […]

Шилегов со Каминис вечераaт на кејот на Вардар


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов со градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис се седнати на ресторанот на хотелот „Парк“ на кејот на Вардар, кој е во сопственост на заменик градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи. Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис денеска и утре престојува во посета на Скопје и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе потпишат спогодба за […]

Џафери: Сечиј живот во Собранието на 27 април беше подеднакво важен


Животот на сите што беа во Соранието на 27 април минатата година беше подеднакво важен, но ако исходот на некој од лидерите беше смртен, ќе настанеше безредие и ќе избиеше граѓанска војна, рече спикерот Талат Џафери во вечерашното гостување на Топ тема. За веме на инцидентот, Џафери, како што истакна, комуницирал со семејството, со медиумите, […]

Вкупно 736 лица целосно ослободени со амнестијата


Вкупно 736 лица завршиле со отслужувањето затворска казна, согласно Законот за амнестија. Со Законот се опфатени вкупно 2.345, од кои 576 се целосно ослободени бидејќи согласно законот казната им завршила, а 160 се ослободени согласно членот 206 од Законот за извршување санкциии, според кој директорот на установата може да го отпушти осуденото лице и пред истекот на […]

Премиерот потврди дека неговиот прв братучед ја купил оранжеријата на „Мам“


Точно е дека мојот прв братучед Трајче Заев ја купи оранжеријата на фирмата „Мам“, потврди денеска пред пратениците премиерот Зоран Заев. Одговорајќи на прашање од  пратеничката Благица Ласовска, Заев рече дека е етички и со закон дозволено да се произведува лек од канабис. – Апелирам секој што има ресурси да вложи во оваа дејност зашто е […]