Заев верува дека ќе оствари средба со грчкиот колега Ципрас на самитот во Софија


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека верува дека со неговиот грчки колега Алексис Ципрас ќе остварат средба за време на Самитот за Западен Балкан на ЕУ во Софија. – Веројатно тоа ќе биде на маргините на Самитот, но логично е да оствариме средба, посебно ако навистина и при следната средба продолжиме со макар мали, но […]

Командант Хоџа: Танушевци сега е безбедно


Се шири листата на заслужните со советничка функција. Според политиколог Џенур Исени, од образование Хоџа има само јадење „супа со букви“ Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, не е единствениот кој како специјален советник за странски инвестиции стана дел од владата на Зоран Заев. Џезаир Шаќири, попознат како командант Хоџа, до крајот на мандатот […]

Заев очекува до 20 мај да се најде решение за гувернер на НБРМ


Премиерот Зоран Заев во врска со денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов за избор за гувернер на НБРМ рече дека заклучиле дека треба во соодветниот рок Македонија да избере гувернер. – Разменивме одредени идеи и заедно заклучивме дека треба во соодветниот рок Македонија да избере гувернер. Не е добро за имиџот на државата, иако постои решение преку […]

Заев: Шаќири може да помогне ако се појават радикални групи


Џезаир Шаќири може многу да помогне доколку се појават одредени екстремистички или радикални групи на територијата каде што живее, каде што го познава теренот, а може да помогне и во граењето на концептот „едно општество за сите“. Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со назначувањето на Шаќири за […]

Обвинение за 12 лица за случајот со Тамара Димовска


Поднесено е обвинение против 12 лица за несовесно работење во службата во случајот со лекувањето на Тамара Димовска, соопшти денеска Основното јавно обвинителство Скопје. За случајот, според соопштението, обвинети се петте члена на Првостепената и членовите на Второстепената комисија, кои го донеле односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство, како и […]

Синдикатот на „Југохром“ бара средба со Заев, во спротивно најавува протетси пред Владата


Синдикалната организација на комбинатот Југохром од Јегуновце најавува протести пред Владата доколку до крајот на неделава не оствари средба со премиерот Зоран Заев во однос на статусот на комбинатот. Во  денешното барање за средба испратено и до медиумите се наведува  дека  Синдикатот побарал состанок со премиерот на 17- минатиот месец, но од неразбирливи причини за […]

Случај „Поткуп“: Заев даде исказ, скратената снимка ќе се гледа на 9 мај


По кратката пауза што беше дадена поради проблеми со компјутерскиот систем во Кривичниот суд, премиерот Зоран Заев како обвинет во случајот „Поткуп“ продолжи со давање исказ во врска со постапката за продажба на државно градежно земјиште. Тој посочи дека цената за продажба на државно земјиште ја одредува Владата и дека таквата одлука не зависи од […]

„Независен весник“ со 10 денари и побогата содржина


Од денес „Независен весник“ ја менува формата, ја збогатува содржината и го зголемува бројот на страниците, во обид да одговори на барањата на своите читатели. „Независен весник“ во текот на петте месеци од своето излегување беше дистрибуиран бесплатно. Целиот тираж се делеше уште во раните утрински часови, така што не можеше да стигне до многу […]

Иванов и Заев согласни дека НБРМ не смее да се остави без гувернер


Народната банка на Република Македонија не смее да се остави без гувернер, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата, се согласиле претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев на денешната средба во вила Водно која се одржа на барање на премиерот, а на која се разговараше за предлогот на Иванов за нов […]

Government buries the SPO


Erol Rizaov The Special Prosecutor’s Office, the brightest star of the Macedonian criminal transition, the only independent state institution that legally brought down the corrupt regime of former Prime Minister Nikola Gruevski, is condemned to disappear. The SPO will be buried in due time, according to the reforms in the justice system announced by the […]

Вторачињата и третачињата ќе имаат помал број на часови


Програмата за второ и трето оддление за наредната учебна година останува иста, но со намален фонд на часови. Реформите во основното образование ќе продолжат со цел изградба на конзистентен систем, изјави денеска министерката за образование и наука Рената Дескоска. – Новите програми за второ и трето се надоврзување на она што значи прво одделение. Со […]

Уставот издаден на Брајова азбука


Специјално издание на Уставот на РМ изработен со Брајова азбука денеска беше промовиран во Скопје како заеднички проект на Јавното претпријатие „Службен весник“ на Република Македонија и Средното училиште за лица со оштетен вид „Димитар Влахов“. Министерката за образование, Рената Дескоска на промоцијата ја поздрави идејата темелниот правен документ- Уставот на РМ да го направат […]

Македонија одобри 1,5 милион евра за програмите за ХИВ, трипати повеќе од лани


Собранието на Република Македонија усвои буџет од 95 милиони денари (1,5 милиони евра) за програмата за превенција, третман, грижа и поддршка за ХИВ и 30 милиони денари (половина милион евра) за програмата за контрола на туберкулозата во Македонија. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, на отворањето на состанокот на министри за здравство на Југоисточна Европа, […]

Заев дава исказ за „Поткуп“


Премиерот Зоран Заев денеска во новата заграда на Кривичниот суд дава изјава како обвинет во предметот „Поткуп“. Заев рече дека како градоначалник на Струмица 12 години на сите граѓани им излегувал во пресрет за сите нивни барања. Кажа дека членови на неговото семејство соработувале со Иван Николов и неговите компании. Заев посочи дека имал добра […]

Дескоска се пожали дека споменување на нејзиното име како дел од реконструираниот владин состав и ја отежнува работата


Министерката за образование Рената Дескоска денеска изјави дека очекува за две недели да бидат познати решенијата во однос на реконструкцијата на Владата што ја најави премиерот Зоран Заев. Таа се пожали дека  постојаното споменување на нејзиното име како дел од новите решенија во реконструираниот владин состав и ја отежнува работата на актуелната функција во МОН. […]

Ексминистер на СДСМ го замени „адвокатот на фамилијата“. Џанго: „Никогаш не сум бил член на партија“


– Никогаш не сум бил член на која било партија ниту, пак, некогаш во животот сум присуствувал на некој партиски состанок. За министер бев избран по долгогодишен работен стаж во МВР, вели Љубомир Михајловски-Џанго. Тој, по кусиот „излет“ во високата политиката како шеф на полицијата во владата на СДСМ (во периодот 2004-2006 година), а претходно […]

„Југохром“ бара средба со Заев, во спротивно најавува протетси пред Владата


Синдикалната организација на комбинатот Југохром од Јегуновце најавува протести пред Владата доколку до крајот на неделава не оствари средба со премиерот Зоран Заев во однос на статусот на комбинатот. Во денешното барање за средба испратено и до медиумите се наведува дека Синдикатот побарал состанок со премиерот на 17- минатиот месец, но од неразбирливи причини за […]

Ден на полицијата – зајакнување на врската со граѓаните


Со положување цвеќе и оддавање почит на спомениците на загинатите припадници на македонските полициски сили, како и со доделување благодарници за добро работење на македонскиот полициски врв денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи беше одбележан 7 мај – Денот на македонската полиција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на денот на македонските […]

Законот за јазиците сè уште не е пристигнат во Службен весник


Законот за употреба на јазиците се уште не е пристигнат во „Службен весник“, изјави денеска директорот на ЈП „Службен весник“ Мартин Костовски. – Се уште не е пристигнат законот во просториите на „Службен весник“. „Службен весник“ како одговорна институција ќе постапи согласно Уставот и законите што се однесуваат на објавување на сите прописи, рече Костовски […]

Бошкоски: Мијалков стана да ме поздрави, веројатно е подготвен да ми се извини


Оштетениот во случајот „Тортура“ Љубе Бошкоски по одложувањето на денешното рочиште, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека мисли оти првообвинетиот Сашо Мијалков веројатно е подготвен да му се извини, и оти ова прашање треба да му се постави лично на Мијалков. Бошкоски смета дека да се простува е добро, но да се заборави едно, како […]