Заев очекува поддршка и од опозицијата за евентуалното решение за името


Добро е што направивме исчекори, тие се огромни. Се надевам дека и за она што е останато за крај, а е многу сериозно и важно, ќе се изнајде решение кое ќе го почитува достоинството на двете земји и идентитетот на граѓаните, изјави денеска во Охрид премиерот Зоран Заев во пресрет на утрешната нова рунда разговори […]

Коѕијас во Вашингтон ќе разговара за името со Помпео и Болтон


Темите поврзани со грчко- американските односи, прашањата од билатерален и регионален интерес, Турција, Кипар и преговорите за името на Македонија, се очекува да се најдат на агендата разговори на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас при неговата посета на Вашингтон на 21 и 22 мај, објави грчкиот информативен портал Реал. Според информациите на порталот, Коѕијас […]

Димитров: „Иднина“ и „Европа“ за нас се синоними


Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во обраќањето пред неговите колеги во Сунио се осврна на насловот на конференцијата „Иднината на Европа“ велејќи дека за земјите кандидати за членки во ЕУ од Балканот, „иднина“ и „Европа“ се два збора синоними, јави дописничката на МИА од Атина. – За нас на Балканот, државите кандидати, земјите аспиранти, […]

Македонија има двојно помалку медицински сестри од европскиот просек


Македонија се соочува со недостиг од медицински сестри. Во Европа нормите предвидуваат над 600 сестри на 100 илјади граѓани, а во Македонија има 350. Затоа одливот на сестри треба да се спречи преку подобрување на условите за работа и зголемување на платите, порачаа медицинските сестри од денешната Свечена академија што се одржа во Скопје по […]

The obstruction of justice must stop


Erol Rizaov If the government really is to save the essential element of democracy, it should quickly apply the moves and means of securing the rule of law. During this year and a half after the change of power, the practice shows that the liberation of the institutions and the constitutionally guaranteed principles are not […]

Ердоган го одбра Сараево пред Скопје


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сети како да ги заобиколи европските држави што му забрануваат собири во нивните земји. Идната недела ќе ги собере турските иселеници од цела Европа, а за локација го одбра Сараево. Иако во Босна и Херцеговина не живеат голем број Турци, наклонетоста на поголемиот број од муслиманското население му ги […]

Османи: Историската мисија за обединета Европа е наша стратешка цел


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска имаше средба со делегација на Паневропското движење од Германија и Австрија, кои се во неколкудневна посета на Република Македонија, соопшти Секретаријатот за европски прашања. – Паневропската идеја за обединета Европа веројатно претставува една од најпрогресивните и најблагородните идеи на минатиот век, која сè уште ја […]

Во здравството треба да се вработат 2.300 лица, најмногу доктори


Во здравствениот систем во државата треба вкупно да се вработат околу 2.300 луѓе, најмногу доктори. Во Агенцијата за вработување има регистрирано 1.100 невработени медицински сестри и нешто помалку од 200 доктори, покажала анализата на Министерството за здравство. Во медицинските центри низ државата, без градот Скопје, се потребни 380 доктори. – Сите да можеме да ги […]

Три години по крвавиот пир во Диво Насеље, и натаму повеќе прашања отколку одговори


Алијансата за Албанците побара, од Владата одговорија дека конечно се исполнети условите за започнување на меѓународна експертиза за овој случај. Пред точно три години во Куманово се случи 48-часовна војна во која имаше голем број жртви и трауматизирани граѓани кои не знаеја што им се случува. На втори ноември минатата година 33 лица беа прогласени […]

Филипче: Новата генерација приватни специјализанти ќе добие плата


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека приватните специјализанти, запишани на јануарскиот конкурс 2018 година, во јуни ќе добијат мајска плата. Новата генерација приватни специјализанти побара ист третман за сите специјализанти, се до донесување на стабилно и вистинско долгорочно решение за сите засегнати. – За нас докторите на приватна специјализација, секој следен ден поминат […]

Ќе ги тргне ли ВМРО-ДПМНЕ „лисиците“ од рацете на СЈО


Мора да продолжат истрагите поврзани со прислушувањето, а специјалното јавно обвинителство да се интегрира во редовните структури на обвинителството, порача вчера во Скопје државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот, кој не беше воодушевен од ова решение, но со оглед на околностите ги прифати како остварливо во моментов. Неговата заложба во […]

Хематологија: Нема финансиска полиција, лекот „мабтера“ не е набавен на нашата клиника


Клиниката за хематологија демантира дека Финансиска полиција влегла на клиниката за да ја испита набавката на лекот „мабтера“. „Лекот “Rituximab-Мабтера”- кој во моментот се аплицира на нашата Клиника е добиен според регуларна отворена постапка- меѓународен тендер бр. 4/2017 од 29.06.2017. Истиот се увезува според паралелен увоз и дистрибутерот уредно ја доставува целата потребна документација и […]

Иванов е во работна посета на Турција


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, престојува во работна посета на Република Турција. Во рамки на посетата, како што соопшти неговиот Кабинет, Иванов ќе престојува во Сивас, каде на престижниот универзитет „Џумхуријет“ ќе одржи предавање на тема: „Ататурк и Македонија“. Универзитетот „Џумхуријет“, на кој се образуваат над 56.000 студенти годишно, и е составен од 17 […]

Орце Камчев ќе се изначека да стане почесен конзул на Бугарија во Македонија


Бизнисменот Орце Камчев најверојатно нема да дочека да стане почесен конзул на Бугарија во Македонија. Според неофицјални информации, многу малку е веројатно Министерството за надворешни работи да одговори позитивно на барањето на официјална Софија. Со оглед на тоа дека при дипломатските именувања важи максимална дискреција, се очекува МНР да ја остави постапката отворена толку долго […]

Пожар во „Макстил“: Гореше старо железо, гаснеа 9 пожарникарски возила


Отпадно железо пред рециклирање синоќа во 23.20 часот се запалило во фабриката „Макстил“ во Скопје при што интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со девет возила и 21 пожарникар. Поради високата температура и густиот чад што се развиле од пожарот, дополнително биле побарани три цистерни со вода од Комунална хигиена, три цистери од Водовод […]

Нови судски рочишта за „Титаник 3“, „Топлик“ и „Транспортер“


Нови три рочишта денеска се закажани во Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 3“, „Топлик“ и „Транспортер“. Во предметот  „Титаник 3“  обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“. Претходното рочиштето за овој предмет беше одложено поради итни семејни обврски на втората […]

МПЦ-ОА ја кани Бугарија заедно да го слават јубилејот на Охридската архиепископија


Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан потврди дека е испратена покана до бугарскиот патријарх Неофит и до државниот врв на Бугарија за заедничко одбележување на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија. Во изјава за БГНЕС, г.г. Стефан вели дека Охридската архиепископија има значење за сите православни народи и оти очекува заедно да биде одбележан големиот јубилеј. […]

Заев: Нема живот во Македонија ако нема правда и казни- јас не сум Груевски


Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев  вечерва учествуваше на првата од серијата граѓански трибини што се одржа во Центарот за култура Иљо Антевски Смок во Тетово на тема „Заедно едно општество за сите“. Во обраќањето пред присутните Заев посочи дека трите концепти за унапредување на состојбите во Македонија, се „Едно  општество за сите“, пријателство […]

Финансиската полиција влезе на Клиниката за хематологија


Финансиска полиција влегла на Клиниките за хематологија и ревматологија и во Агенцијата за лекови(МАЛМЕД), објави НОВА. Цел на инспекторите  била последната набавка на лекот Мабтера, кој наместо директно од производителот, наводно бил донесен преку паралелен увоз. “Добивме пријава дека лекот е од паралелен увоз и ќе се утврдува дали станува збор за оригинален лек.  Влеговме и […]