Грчки владини извори: Преговараме со два јасни услови, меѓу кои и промена на уставото име на соседот


Сложено име за севкупна употреба, а со тоа и промена на уставното име се предуслови за наша поддршка за соседот во НАТО и ЕУ, велат грчки владини извори, демантирајќи ги информациите објавени во денешото издание на весникот „Естиа“ под наслов „ПЈРМ слободно во НАТО со клаузула за меѓународна оговорност, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Парламентарните партии делумно усогласени пред средбата Жан Моне


Деловникот за работа на Собранието, Етичкиот кодекс, буџетската независност на македонското Собрание, се дел од прашањата што се очекува да бидат дискутирани во рамки на Жан Моне процесот, чија прва средба ќе се одржи кон крајот на неделава во Охрид, јавува МИА. Ваквиот начин на дискусија меѓу пратениците од македонското Собранието го иницираа тројцата европратеници […]

СДСМ: Акцизата не влијае врз растот на цените


ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост, акцизата не влијае врз раст на цените, преку конкретни мерки се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ партијата којашто со криминалното, неодговорно и расипничко владеење го урниса животниот стандард на граѓаните, денес како опозиција продолжува со лицемерно однесување и лажна загриженост, се вели во соопштението на СДСМ. „Зголемувањето на акцизата за нафтата […]

Ѓорчев: Владејачките партии да го прифатат предлогот за анулирање на акцизата за дизело горивото


Сведоци сме дека недела по недела, месец по месец, откако дојде Владата на Зоран Заев и Драган Тевдовски, цената на дизелот оди нагоре. Од 46 денари сега цената ќе биде 63 денари. Граѓаните на Република Македонија плаќаат енормно високи цени поради неодговорната фискална, буџетска и економска политика на Владата на Зоран Заев и Драган Тевдовски. […]

Иванов бара од МНР извештаи за текот и исходот од последната рунда разговори за името


Претседателот Ѓорге Иванов не е информиран за исходот од последната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Коѕиас со амбасадорот Метју Нимиц, информираат од Кабинетот на претседателот. Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, наведува дека на 29 март 2018 година, а по најавената можност за […]

Попладне локален пороен дожд


Попладне и кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во крајните западни и југоисточни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, што попладне на места ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Утре времето ќе биде […]

Затвор за гинекологот кој лажеше пациентка дека е бремена


Затвор за гинекологот кој лажеше пациентка дека е бремена Гинекологот Николче Дамчевски, кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена вчера беше осуден на година ипол ефективна казна затвор. Судот му изрече и забрана за вршење дејност во траење од осум години. Дамчевски пред судот ја призна вината. – Не сме задоволни од изречената казна. […]

Уништена урбана опрема во Куманово


Во Куманово е уништена урбана опрема на градскиот плоштад. Одеелението за односи со јавност во Куманово информира дека сеуништени канделабри и оти инспекциски служби на Општината веќе се на терен. – Несовесни граѓани продолжуваат со своето недолично однесување. На кого му пречи да биде осветлен и уреден градскиот плоштад кој е на сите и за […]

Катругалос: Воздржан оптимизам за решение пред средбата Заев- Ципрас


Воздржан оптимизам за можноста за решение во пресрет на средбата на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија, изразува грчкиот алтернативен министер за надворешн работи, Јоргос Катругалос во интервју за грчкото радио „Реал фм“. – Направена е систематска работа, прашањата се стигнати до нивното јадро и сега е време […]

Почнува македонско-бугарската експертска дебата за историски и образовни прашања


Владите на Македонија и на Бугарија ги утврдија составот и членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и на Заедничката меѓувладина комисија, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, а се очекува деновиве во Софија експертската комисија да ја има првата средба. Како што изјави за МИА владиниот портпарол Миле Бошнаковски, Владата за […]

Заев расположен за лидерска средба, кога сите ќе бидат во земјата


Стојам на располагање за лидерска средба, рече денеска премиерот Зоран Заев во Росоман, одговарајќи на новинарско прашање ќе има ли лидерска средба на барање на опозицијата. Тој нагласи дека уште вчера имало информација дека стојат на располагање, но за лидерска средба сите учесници треба да бидат во земјата, а претседателот Иванов е во Турција, додека […]

„Неуромедика“ ја доби наградата Best Practise за 2018 од Европското здружение за истражување на квалитет


Европското здружение за истражување на квалитет ја награди приватната поликлиника “Неуромедика“ со наградата  Best practise за 2018 година. На Форумот што се одржа во Брисел, наградата ја подигна д-р Емил Угриновски, сопственик и генерален менаџер на „Неуромедика“. Во рамки на форумот пред присутните бизнис лидери, дипломати и врвни експерти д-р Угриновски ги презентираше и сподели достигнувањата […]

Судот ги прифати новите докази на СЈО за „Тенк“


Судечкиот совет го одби приговорот на одбраната на обвинетите во „Тенк“ и прифати СЈО да ги презентира новодобиените докази. Обвинителот Стевчо Донев рече дека новите докази биле добиени со замолница за меѓуанродна правна помош, содржи 58 страници на македонски, германски и англиски јазик. Станува збор за е-маил комуникација меѓу Дајмлер бенц и Мак аутостар. Адвокатите […]

И Мицкоски оди во Софија


Нема најава за лидерска средба пред важниот состанок на премиерите на Македонија и на Грција во четврток во Софија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера ја прекина посетата на Италија, која требаше да трае до вторник за да се информира за текот на преговорите за името. Побара лидерска средба на која би учествувале првите луѓе […]

Нови докази од СЈО за луксузниот мерцедес


Специјалното јавно обвинителство поднесе нови докази за случајот „Тенк“, за кои на денешното рочиште судот треба да се произнесе. Одбраната, пак, е против да се разгледаат доставените нови докази. По дебатата во судницата и инсистирањето на СЈО дека станува збор за битни докази кои треба да бидат прифатени од судот, беше дадена пауза за да […]

Независни Грци: Не прифаќаме име со терминот Македонија


Коалицискиот партнер во грчката влада, Независни Грци, чиј лидер е министерот за одбрана Панос Каменос, не отстапува од позицијата против име за нашата земја во кое би бил вклучен терминот Македонија. Цврстиот став на партијата уште еднаш го повтори портпаролката на Независни Грци, Мадалена Пападопулу во интервју за грчкото радио „Реал фм“. – Не можеме […]

Д-р Ангелчо Андоновски, детска болница „Козле“: Тестирањето за алергии се прави и кај најмали деца


Со почетокот на пролетта и појавата на полен во воздухот, се јавуваат и проблемите со алергиите. Алергиските реакции стануваат глобална епидемија на светско ниво и од тоа ни Македонија не е исклучок. Педијатарот д-р Ангелчо Ангеловски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, советува како родителите да препознаат дали детето има алергија и […]

Завршни зборови за „Тенк“, нови рочишта за „Тендери“ и „Тотал“


Во Кривичниот суд за денеска закажани се рочишта за  предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“, „Тендери“ и „Тотал“. На рочиштето за „Тенк“ треба да бидат дадени завршни зборови на обвинетите во овој процес, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Во овој случај обвинета е и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, […]

Македонија била цел на хибридна војна


„Во текот на 2017 година, Македонија беше цел на хибридни закани во неколку клучни моменти, особено при промената на власта и промената на соседските односи. Разузнавачките приоритети на земјата беа насочени кон детектирање и откривање деструктивно влијание на надворешни сили, кои преку медиумско-политички инсталации во Македонија и во регионот се обидуваа да влијаат врз перцепцијата […]

Листи на чекање: Дури 8.000 деца чекаат ред за во градинка


Околу 8.000 деца во Македонија се на листа на чекање за упис во градинка, покажуваат податоците со кои располага Министерството за труд и социјална политика. Младите родители се соочуваат со проблем за упис во градинка и неретко за нивните деца да бидат згрижени чекаат и по една година. Проблемот се јавува поради недоволниот број градинки […]