Се запалила скара во Лептокарија, пожарот е угаснат


Претпладнево на социјалните мрежи се појави видео во кое можеше да се види пожар во ТЦ Лептокарија, во општина Карпош.Најновите информации говорат дека пожарот е изгаснат. Пожарот во населбата Лептокарија во општина Карпош е изгаснат. Горела скара во угостителскиот објект „Гиро Хоусе“. На интервенцијата учествувала БППЗ на Град Скопје со 1 ПП возило и три […]

Честитка од ДУИ за Илинден: Иднината не се гради со надмоќ и поделби


И ДУИ испрати честитка за Илинден порачувајќи дека Македонија е заедничка татковина и дека иднината не се гради со поделби.  „2 Август нѐ потсетува на еден од најблагородните идеали на нашата заедничка историја – уверувањето дека слободата не се гради врз надмоќта на едните над другите, туку врз еднаквоста, почитта и соживотот. Духот на Крушево […]

Собраниска делегација ја пречека коњаницата во Крушево


Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка, собраниската делегација, предводена од потпретседателот Милошоски, се упати кон Гумење, каде што положи свежо цвеќе и им оддаде почит на истакнатите борци и […]

Денес ќе биде сончево и топло, температури до 39 степени


Сончево и топло време ќе преовладува денеска во државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, слично време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а […]

Македонија ги одбележува двата Илиндена – најзначајни настани за македонската државност


 Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, два најзначајни настани за македонската државност.  Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на гробот на […]

Апел до дебрани да ја користат водата одговорно, има населби кои се соочуваат со недостиг


Јавното комунално претпријатие „Стандард“ попладнево упати апел до дебрани да ја користат водата одговорно и исклучиво за неопходни потреби. – Свесни сме дека во изминатите денови и недели голем број жители во неколку населби од градот се соочуваат со недостиг на вода за пиење. Целосно го разбираме незадоволството и тешкотиите што оваа состојба ги предизвикува, […]

Почина Исмаил Боја, почесниот претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија


На 72- годишна возраст во Скопје почина Исмаил Боја, почесен председател на Сојузот на Македонците со исламска религија.    -Со голема тага информираме дека почина нашиот почесен председател Исмаил Бојда. Изгубивме голем човек, патриот, другар и пријател. Целиот свој живот го посвети на заложбите за правата на Македонците кои припаѓаат на исламската религија и во […]

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час


Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини кон Грција и Србија. Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на граничниот премин Табановце за влез и излез од земјава се чека повеќе од еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава се чека околу 30 минути. На граничниот премин Блаце за излез […]

Дојран преполн пред Илинден – колони на границите, плажите и шеталиштето полни со туристи


Со туристи на подолг престој, попатни посетители и зголемена фреквенција на возила, Дојран го започна илинденскиот празничен викенд. Редици возила беа забележани на граничниот премин „Дојран” пред седум часот наутро, а во уште поголем број колони се чекаше на ГП „Богородица” во Гевгелија. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во изминатите 24 часа преку […]

Доделени 47 нови социјални станови во Дебар


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар присуствуваше на доделувањето на клучевите за новите 47 социјални станови, со што беше означено пуштањето во употреба на новиот станбен објект наменет за повеќе семејства. Мицкоски им посака на корисниците на становите здравје, среќа и домовите да им бидат место за мир и сигурност, најавувајќи дека Владата ќе продолжи […]

Нема нови случаи на западно-нилска треска


До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. – Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, […]

Обвинетиот Борче Марковски се врати во Битола, вели неговиот адвокат


БИТОЛА – Обвинетиот Борче Марковски се врати во Битола, тврди за „Независен“ неговиот правен застапник, прилепскиот адвокат Марјан Николоски. Николоски лично се јави во „Независен“ да каже дека она што го изјави претходно, дека неговиот клиент ќе се врати, се оствари.   „Борче Марковски се во врати во Македонија, тој е во Битола покрај семејството, […]

За Министерството за здравство состојбата во Гостивар е стабилна, иако има пораст на дневни пријавени случаи


Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд е значително понизок во однос на времето кога беше пикот, информира денеска Министерството за здравство. – На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 […]

По царски рез 19 годишна девојка останала парализирана, Министерството за здравство ќе спроведе вонреден надзор


Министерството за здравство денеска соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана. – Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. […]

Се санираат последиците од невремето во Градски парк, вели скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од Градскиот парк со порака дека по силното невреме што пред некокку дена го зафати главниот град, Градскиот парк повторно го враќа својот сјај. – Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема. Благодарение на брзата реакција […]

На Табановце и Богородица се чека до еден час


Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државата и на Богородица за излез се бележи поголема фреквенција на возила, при што времето на […]

Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“


Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација […]

Следува период на многу топло време, здравствените власти со препораки до граѓаните


Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до […]

Владата донесе одлука за кризна состојба во државата поради зголемени ризици од пожари


Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од утре.   Владината прес-служба вечерва соопшти дека одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и […]

Неочекувана средба на Мицкоски со српскиот премиер Ѓуро Мацут во Охрид


  Два дена откако очекувано го преживеа гласањето за недоверба во српското собрание, српскиот премиер Ѓуро Мацут без најава допатува во Охрид на разговори со македонскио колега Христијан Мицкоски. За оваа средба немаше најава и за неа информираше Мицкоски на својот Фејсбук профил. „Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите […]