Училиштен прибор и ранчиња за секое прваче во Карпош – ни едно дете не ги носи


Години наназад, скопските општини обезбедуваат ранчиња и прибор за првачињата, што градоначалниците им ги делат на првачињата на првиот училишен ден. Денеска и Општина Карпош се пофали дека на почетокот на новата учебна година ќе ги пречекаат најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор. […]

Во јули собрани 15.735 тони комунален отпад – замислете колкава ќе беше тонажата, ако ги собраа и остатоците од невремето!


Во текот на месецот јули, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнале и транспортирале 15.735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. -Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето […]

Тешка сообраќајка на патот Битола-Прилеп, девет лица се повредени


БИТОЛА – Тешка сообраќајка се случила утрово на патот Прилеп – Битола при судир на четири возила, во близина на мостот на Шемница. Според Клиничка болница Битола – во болницата се пренесени девет лица со повреди и пружена им е лекарска помош. Од повредените има и странец од Србија. „Едно лице поради сериозноста на повредите […]

Уште едно игралиште за деца во Ново Лисиче, а ни едно не е осветлено навечер


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески утрово сподели дека во паркот покрај булеварот „Февруарски поход”, започнала изградбата на ново современо детско игралиште, кое ќе биде едно од вкупно десетте нови детски игралишта што ќе бидат изградени низ општината. „Проектот е дел од нашата заложба секое маало да добие безбеден и квалитетно уреден простор каде што […]

Владата набавила вода од „Кожувчанка“, но по цена од 12,5 денари


Владата одговори на обвинувањата на СДСМ, дека склучен е договор со „Кожувчанка“ за набавка на вода за пиење за граѓаните на Гоствиар, но вели дека водата што во малопродажба ќини 25 денари, тие ја набавиле за 12,5 денари, а компанијата учествува со свој придонес. „Владата останува доследна на преземената обврска дека граѓаните на Гостивар ќе […]

Охрид ќе добие Почесен конзулат на Казахстан


Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Казахстан во Северна Македонија, Сатибалди Буршаков, кој престојува во прва официјална посета на Охрид. На средбата амбасадорот Буршаков го изразил своето воодушевување од природните и историските убавини на Охрид, како и од богатата културна понуда што градот ја нуди во летниот период. Во рамки […]

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека го нарекувал „циган“, тој пак, бил нарекуван „шиптар“


  Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди случај на вознемирување врз основа на раса, боја на кожата, потекло и етничка и национална припадност во работата и работните односи, сторена од шеф кон работник од ромска националност.   Имено, при настанат спор меѓу колеги, Ром и Албанец, поради тоа што лицето од ромска припадност за […]

СДСМ: Владата склучила договор вреден 100.000 евра за вода со „Кожувчанка“


Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра, обвинува денеска опозициската СДСМ. „Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. […]

Сончево и многу топло


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени Целзиусопви. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 5 август 2026 година, 217-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 148 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 31 минути, а ќе зајде во 19 часот и 48 минути. Денов трае 14 часа и 16 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

(Видео) Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење


Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и смее да се користи исклучиво како техничка, соопшти раководителот на Управувачкиот комитет и министер за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево на прес-конференцијата по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи. Посочи дека квалитетот на водата и понатаму варира поради што остануваат во сила […]

До 18 часот регистрирани 14 пожари, активен е само еден


До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се ставени под контрола, а девет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Единствениот активен пожар е во Општина Ѓорче Петров, кај Стопански Двор, каде што гори сува трева и […]

Kривична пријава за насилство против стружанецот кој го навредувал Мицкоски


Полицијата поднела кривична пријава за насилство против стружанецот кој ја навредувал делегацијата која за Илинден беше во Ташмаруништа, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски. -ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Тој, на 2 Август, во струшкото […]

Подметнат бил пожарот кај Кавадарци – уште не е изгаснат


Пожарот во кавадаречко е ставен под речиси целосна контрола и се очекува до крајот на денот целосно да биде изгаснат. Ова на заедничка прес-конференција го соопштија директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Ангелов истакна дека станува збор за исклучително тежок и комплексен пожар на непристапен и […]

„Марковски компани“ ги демонтирала погонските станици од „Осломеј“ и не ги монтирала во РЕК „Битола“, стои во вештачењето на обвинителството


  БИТОЛА – Шесте погонски станици кои фирмата „Марковски компани“ на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, ги демонтирала од РЕК „Осломеј“ биле расфрлени на шест локации во РЕК „Битола“ немонтирани и надвор од употреба. Ова го покажува вештачењето на експертите ангажирани од ОЈО за судскиот процес против биснисменот Марковски, до кое дојде „Независен“. „Во делот на […]

Орце Ѓорѓиевски како министер за здравство, дели парична помош на онколошки пациенти


Во следните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме финансиска поддршка за лицата кои водат една од најтешките животни битки. Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти кои аплицираа за еднократна парична помош […]

Уште 78 нови пациенти во Гостивар, намален вкупниот број прегледи


 Министерството за здравство денеска соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Вкупно 78 прегледи се регистрирани вчера, што е за шест помалку споредено со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек […]

На Инфективна уште еден сомнителен случај на западнонилска треска


Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај […]

Водата во Дојранско Езеро одлична за капење според микробиолошките индикатори


 Во одлична состојба е површинската вода за капење во Дојранското Езеро, согласно микробиолошките индикатори, посочуваат најновите резултати од земени мостри од Езерото, кои Општина Дојран ги објави денеска. Резултатите се од извршените анализи на три мерни места, соопштија од Општината, и тоа – “Градската плажа”, плажата “Гранико” и плажата “Полин”. Општинските власти велат дека анализите […]

Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте


Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани. Ова денеска за МИА го изјави Даниел Георгиевски од ИМП. Тој посочи дека бројот […]