ДУИ бара зголемување на платите за 3.500 денари, замрзнување на цените и ваучери за превоз


Веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати. Во овој период Министерството за економија и Владата молчат, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети, велат од ДУИ. „Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите. Ова директно ќе […]

Воздухот во Дебар често ги надминува препорачаните нивоа на загаденост


Од почетокот на мерењата на квалитетот на воздухот во Дебар, објавени се првите резултати, кои покажуваат дека загадувањето на воздухот во градот често ги надминува препорачаните нивоа за заштита на здравјето. Во околу две третини од мерењата извршени во текот на последните две недели, концентрациите на PM 2.5 честичките биле над границите препорачани од Светската […]

Андоновски на средбата со АВМУ и инфлуенсерите за создавање јасна правна рамка за дигиталните содржини


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вчера одржа работна средба со директорот и претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и со претставници на инфлуенсерите и креаторите на дигитални содржини, со цел отворање дијалог околу состојбите со регулирањето на работењето во овој сектор, а во врска со Законот за аудио и аудиовизуелни […]

Без вода дел од Центар


Без вода од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците Истарска и Маџирмаало во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдувањето е поради изведувањето на водоводен приклучок на ул. Кеј 13-ти Ноември бб и ќе трае до завршувањето на интервенцијата.

Без струја дел Кисела Вода


Без струја од 8 до 12 часот ќе останат корисниците од улицата „Георги Димитров“ бр. 10 во општина Кисела Вода. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот на електрична енергија е поради зафати во електродистрибутивната мрежа. 

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се […]

Костадиновски: Наместо да се намалуваат платите, да се расчисти со т.н. „судии“


Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски смета дека не треба да се кратат платите на судиите и обвинителите, но дека треба тие да бидат на ниво на задачата и да се расчисти со судиите кои го валкаат образот на фелата.  – Повикувајќи се на тие меѓународни стандарди и на самостојноста и независноста, сум да не […]

Научниот труд за зачувување на плодноста кај онколошки пациентки на проф. д-р Глигор Тофоски меѓу финалистите на 12. Меѓународни Медис награди


Професор д-р Глигор Тофоски, раководител на одделот за инфертилитет и асистирана репродукција при ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје со научниот труд „Онколошки исходи од бременост по третман за зачувување на плодноста со медроксипрогестерон ацетат кај жени со премалигни и малигни ендометријални лезии: серија на случаи“, објавен во Европско списание за хируршка […]

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност


Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност. -Вечерва во име на Владата, имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност. Во духот на овие вредности, вечерта ја поминавме во топла атмосфера, разговарајќи, градејќи […]

Во Македонија има 50 единки бел потопник, третина се во Дојранското Езеро


Белиот потопник (Mergellus albellus) е мала и елегантна водна птица од семејството на патки, препознатлива по контрастното црно-бело перје, особено кај мажјаците. Ги населува мирните езера, акумулациите и побавните речни текови, каде што се храни со ситни риби и водни безрбетници, нуркајќи под површината на водата. Исклучително е подвижен и агилен пливач, најчесто активен во […]

Поради извршна постапка попречена продажбата на “аудито на Мерко”


Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга попречена е постапката за продажба на службениот автомобил ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 овој месец, а средствата да бидат наманети за набавка на комбе кое ќе го користат спортските клубови и центарот за деца со посебни потреби. Општина Струга информира […]

Вработен во „Рубикон“ сведочеше за функционирањето на агенцијата за обезбедување на судењето за „Пулс“


На денешното судење за случајот „Пулс“ сведочеше Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од агенцијата за обезбедување „Рубикон“. Во своето сведочење Димишковски опиша како се одвивала комуникацијата меѓу вработените, кој бил одговорен за распоредот на луѓето, како и какви насоки давал професорот Александар Нацев при поголеми настани и предавања за […]

Герила акција на „Стоп за Усје“ пред Министерството за животна средина – Хоџа вети јавна расправа


Со герила акција пред Министерството за животна средина и просторно планирање, иницијативата „Стоп за Усје“ упати порака до надлежните дека следат се што се случува во врска со издавањето нова А-интегрирана еколошка дозвола за Усје. „Не нѐ убива „магла“ туку вашата алчност“ беше еден од транспарентите на оние кои учествуваа на герила акцијата денеска пред […]

Инспектор за пожарот во „Пулс“: Имаше хидрант, но без вода и само два ПП-апарати, а помошната врата беше заклучена


Недостиг на основни противпожарни апарати, празен хидрант, заклучена помошна врата и отсуство на систем за пријавување пожар констатирала увидната екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) по пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Ова го истакна инспектор на ДЗС од подрачното одделение во Виница, кој денеска сведочеше на судското рочиште, посочувајќи дека до моментот […]

Руглото од спортска сала на Универзитетскиот кампус ќе „лапне“ 900.000 евра за поправка


Спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, која повеќе години е оставен во руинирана состојба, конечно биде ставена во фунција за потребите на студентите. Министерството за спорт го означи почетокот на градежните работи за комплетната реконструкција и адаптација на салата во вкупна вредност од 54 милиони денари. Министерот за спорт, Борко […]

Над 70 отсто од лекарите биле нападнати, но само три пријави имало лани


Насилство врз здравствен работник треба веднаш да се пријави, станува збор за кривично дело за кое е предвидена казна затвор, беше истакнато денеска на прес-конференција по повод одбележувањето на 12 Март – Европскиот ден за подигнување на свеста за насилството врз докторите и здравствените работници. Претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова рече дека […]

Ќе се гради кружен тек кај комплекс банки


Кружен тек нај комплекс банки или кај „Веро – Џамбо“ ќе се изгради во наредниот период, а тоа треба да придонесе за растоварување на сообраќајот на оваа крстосница. Со ребалансот на буџетот на Град Скопје, се планира изградба на кружен тек кај комплекс банки, крстосница, која редовно, секој ден, особено во шпицот наутро и попладне, […]

Се предлага „15-ка“ да тргнува на секои 56 минути


  Место во 2026 година, автобусот со број „15“ на ЈСП, кој тргнува од Ново Лисиче и го првзува со Карпош 4, поминувајќи низ центарот на Скопје, неговата зачестеност да се зголеми, однсоно да сообраќа на секои 4 минути, со новиот предлог возен ред за линиски автобуски превоз во Скопје, се предлага тој да тргнува […]

„Комунална хигиена“ доби 650.000 евра за набавка на нови контејнери


Скопје не изгледа почисто од претходно, со нови и чисти контејнери, кои се наместени за граѓаните да мора да ги користат за одлагање комуналне отпад, а многу граѓани во Скопје се жалат дека од „Комунална хигиена“ сѐ уште не ги празнат доволно често.  Сликите од искршени и распаднати контејнери, кои сами претставуваат ѓубре, а не […]

Општина Прилеп спроведува присилна наплата на неплатениот данок на имот и комунална такса


Од почетокот на март Општина Прилеп почна да ја спроведува непопуларната мерка за присилна наплата на неплатениот данок на имот и комунална такса. Причина за ваквата постапка е тоа што значителен број даночни обврзници, и покрај досегашните повици за подмирување на даночните обврски, сѐ уште не ги подмириле своите обврски за 2025 година, пишува Локал […]