Македонија лани била меѓу трите земји со најзагаден воздух во Европа


Македонија е на 34 место во светот, а на второ во Европа според загадувањето на воздухот со ПМ честички. Извештајот за 2025 година, објавен на платформата „Ај-кју-ер“ ја рангира земјава веднаш зад Босна и Херцеговина, а пред Србија, со коефициент 21,2, што значи надминување на максималните вредности на ПМ 2,5 честичките за три до пет пати. […]

Пазарот на недвижности во 2025 година стабилен: Во Аеродром продаден стан за 166.500 евра


Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови – покажува годишниот извештај од регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижностите на Агенцијата за катастар на недвижностите. Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваат со 33 % во […]

Можна лажна изјава на кандидатката Тасевска го поништи огласот за ДКСК


  Можна лажна изјава на кандидатката Антонија Андонова Тасевска за тоа дали е донатор или не на политичка партија била главниот проблем за избор на нов член на Државната комисија за справување со корупција (ДКСК). Комисијата за селекција требаше да гласа вчера, но проблем стана тоа што Тасевска на јавното сослушување минатата недела „не се […]

ДЗР: Речиси 2,1 милион евра ДИК дала за политичко рекламирање место за изборни активности


Над 129 милиони денари од буџетот наменет за изборни активности биле пренасочени кон трошоци за политичко рекламирање, покажува ревизијата за работењето на Државната изборна комисија за 2024 година. Според наодите, распределбата на средствата не била во согласност со законски утврдениот сооднос, што укажува на отстапувања во планирањето и реализацијата на буџетот. Извршената анализа на податоците […]

МИМ ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2025“


Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2025“. На настанот ќе бидат доделени прва, втора и трета награда за најдобра истражувачка сторија. На годинашниот конкурс објавен на 27 јануари и траеше до 17 февруари пристигнале 42 стории, обработени во 122 текстови/видео прилози. Како што информираат од МИМ, по повод […]

Утрово најтопло во Скопје и Велес, најстудено на Попова Шапка и во Берово


 Најстудено утрово било на Попова Шапка каде биле измерени -4 степени Целзиусови и Берово -1 степен. Најтопло било во Скопје и Велес каде во 7 часот се измерени 6 степени. Во Маврови Анови температурата била 0 степени, 2 во Охрид, Тетово, Претор, 3 во Крива Паланка, Штип, 4 во Битола, Прилеп, Куманово, Кавадарци, Демир Капија, […]

Општина Битола ја отвора вратата за инвеститорите: Објавен јавен повик за изградба на енергетски објекти


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори дека 1 април е краен рок за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1 мегават во Општина Битола. Согласно Законот за енергетика, иницијативите се однесуваат на вклучување нови објекти во Годишниот план за изградба на енергетски капацитети […]

„Играј со глава: ментален тренинг за млади спортисти“ – интерактивна работилница за млади спортисти во Скопје


Град Скопје во соработка со Психолошкиот центар Психограм денеска организира интерактивна работилница на тема „Играј со глава: ментален тренинг за млади спортисти“. Работилницата ќе се одржи во Младинскиот Хаб на Град Скопје, во Домот на култура „Кочо Рацин“, од 12:00 до 14:00 часот. – Во време кога младите спортисти сè почесто се соочуваат со притисок, […]

Без струја делови од Карпош и Долно Соње


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска од 09.00 до 12.00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од ул. 12, како и корисниците од ул. 8 во Долно Соње, информира РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 14.00 часот, ќе немаат и дел од корисниците од ул. Алжирска во Општина Карпош.

Акција за чистење на Тетово


Општина Тетово денеска во соработка со ЈКП Тетово организира акција за чистење на градот по повод одбележувањето на Денот на екологијата. Настанот ќе почне во 10:00 часот, пред општинската зграда, каде што градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, ќе даде изјава за медиумите.

На УГД-Штип ќе се одржи ACE2EU состанок на ректори, проректори или претседатели на универзитети


На Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска ќе се одржи настанот„ACE2EU INTERNATIONAL MANAGERS’ AND INSTITUTIONAL COORDINATORS MEETING“. Како што информираат од УГД-Штип, станува збор за состанок на ректори, проректори или претседатели на универзитети. На состанокот, како што посочуваат, ќе учествуваат ректори и претседатели на сите универзитети – членки на Европската универзитетска алијанса ACE2EU, кои ќе дискутираат за […]

Облачно со сончеви периоди и повремен дожд


Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 1 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува […]

Издадена поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“ во чест на врвниот подвиг на Сашко Кедев, промоцијата на 2 април


Поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“ издаде АД Пошта – Скопје, во чест на врвниот подвиг на Сашко Кедев. Поштенската марка ќе биде промовирана на 2 април во 13 часот во „Порта Македонија“.  Сашко Кедев, познат македонски кардиолог, доктор на медицински науки, но и врвен алпинист, на 19 мај 2009 се искачи на највисокиот […]

Програмата за јубилеи во 2026 со 94 предлози, Комисијата за култура му предлага на Собранието да ја разгледа и усвои


Собраниската Комисија за култура и туризам денеска ја разгледа предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2026 година и изгласа заклучок со кој му предлага на Собранието да ја усвои. Според програмата усвоена од матичната Комисија, во оваа година ќе се чествуваат 94 јубилеи. Програмата ја состави работна група од […]

Почина новинарот Гоце Контевски


На 77-годишна возраст почина Гоце Контевски, долгогодишен новинар, кој целиот професионален век го помина во весникот „Вечер“ каде ги помина сите скалила во новинарската кариера од приправник до заменик на главниот уредник и в.д. главен уредник.  Во текот на својата долгогодишна кариера, посебно се ангажираше на бројни проекти со кои се унапредуваа содржините во весникот […]

Денеска е светски ден на мечката – кај нас има само еден вид


Денеска се одбележува Светскиот ден на мечката, што е одлична можност да се потсетиме и да научиме нешто повеќе за неа!   Во светот постојат 8 различни видови на мечки, а кај нас се сретнува само кафеавата мечка (Ursus arctos) која е и најголемиот копнен месојад на европско тло.   Овдешната популација на кафеавата мечка […]

Ќе се гради нова поликлиника во Бутел, на местото на старата


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска информираше дека го склучиле договорот за изградба на нова поликлиника. „Денес го потпишав договорот со економскиот оператор за изградба на нова модерна поликлиника. Носител на овој мега проект е општина Бутел, додека министерството за здравство партнерски ќе учествува во истиот“, истакна Костовски во објавата на Фејсбук, каде нагласи […]

Обновен Регионалниот центар за стручно – образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово


Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово доби нов лик. Заврши реконструкцијата и опремувањето на сите објекти во рамки на ова државно училиште во кое се реализира образовен процес во повеќе струки – машинство; електротехника; угостителство и туризам; земјоделство, рибарство и ветеринарство; и сообраќај, транспорт и складирање. Инвестицијата е во вредност […]

Од лажни доктори до ризични предизвици – како дезинформациите стануваат опасни


  ЕЛИЦА БОЧВАРОВСКА Лани четворица доктори до Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи пријавиле кражба на идентитет, со ширење на лажно видео креирано со вештачка интелигенција. Од Државното јавно обвинителство ни изјавија дека засега не може да се споделат дополнителни информации, бидејќи истрагата е во тек и најверојатно се работи за поширока […]

ДЗС здоби уште два пилота за гасење пожари – летото ќе го дочекаме со вкупно пет


ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата . На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилота успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС со што се […]