Волонтери од Црвениот крст и „Градинарот“ ги „светнаа“ скалите на кејот во центарот на Скопје


Волонтери од Црвениот крст при Град Скопје заедно со активистот Андреј кој стана познат под псевдонимот „Градинарот“ го „светнаа“ кејот во центарот на главниот град.  Ова фрекфентно место, се чини, не може да остане чисто подолго време. Токму затоа, во пресрет на убавите пролетни денови, овие луѓе ги засукаа ракавите и го исчистија овој дел од […]

Андоновски: Годинава ќе бидеме подготвени за електронски попис на населението


Нашата политичка заложба е во 2026 година да бидеме подготвени и по налог на Државниот завод за статистика, тогаш кога ќе треба, кога ќе се донесе законот да спроведеме електронски попис, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, пак, вели дека следниот попис на населението е планирано […]

Се гради плоштад до салата „Расадник“


Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска информираше дека во финална фаза е изградбата на новиот сквер пред спортската сала „Расадник“, кој се протега на површина од 4.535 квадратни метри. „Овој значаен проект за нашата општина го реализираме со средства од Владата на Република Македонија, како дел од инвестициите за капитални проекти во […]

Ќе се потпише договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора


На денешната промоција на новите електронски услуги за студентите од Државниот завод за статистика (ДЗС) достапни на порталот uslugi.gov.mk, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека ќе биде потпишан договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи меѓу Црна Гора и Македонија. „Имавме два дена квалитетни разговори со претседателот на Црна Гора. Нешто што веќе […]

Ристески: Не слушајте киропрактичари, ракот не се лекува со „изгладнување“


Доктор Милан Ристески, специјалист по онкологија,на својот фејсбук-профил апелира лицата заболени од рак да не следат безусловно разни упатства за лекување објавени на интернет затоа што тоа, како што вели, може да ги доведе до побрза смрт. Тоа, нагласува, е случај и со тврдењата дека заболените треба да гладуваат за да го „изгладнат“ ракот.  – […]

Кај новиот „Лидл“ во Кавадарци ќе се гради кружен тек


 Нов кружен тек ќе се гради во новиот центар во Кавадарци, кај што ќе бидат отворени комплексот Литл Америка и Лидл, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев во изјава за медиумите, при  вовед во работа за кружен тек на Северен Булевар. – Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. […]

Три нови услуги на порталот uslugi.gov.mk. со кои се заокружува пакетот услуги за високото образование


Образец за дипломирани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи,образец за лица што стекнале назив магистер/специјалист и образец за лица доктори на науки што одбраниле докторски труд – се трите нови електронски услуги достапни на националниот портал е-услуги – uslugi.gov.mk (линк https://uslugi.gov.mk/ ). Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на промоцијата заедно со […]

Само 65 приговори во врска со „Безбеден град“ во март, значително помалку од февруари


Mинатиот месец значително се намалил бројот на поднесени приговори што граѓани и фирми ги поднесуваат до Основниот кривичен суд Скопје во врска со системот „Безбеден град“, односно со издавањето прекршочни налози за евидентирани сообраќајни прекршоци, информираат од Кривичен. Имено, граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот прекршок можат да поднесат приговор […]

Транспаренси интернешнел: На специјалистите најмногу „им лепи“ раката во здравството


Транспаренси интернешнл – Македонија, во рамки на редовната месечна активност за следење коруптивни случаи, од изминатиов март регистрира повеќе „матни“ настани. Меѓу нив се и коруптивните однесувaња во здравството, каде од пациентите се барале пари или подароци за побрзо и полесно да добијат здравствена услуга. Транспаренси потсетуваат на истражувањето на ЕСЕ, кое покажа дека околу […]

В недела, посебен сообраќаен режим во Скопје


На 5 април, недела, со почеток во 10:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка со траса на движење од булеварот „Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж булеварот „Илинден“ до крстосница со булеварот „8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по булеварот „Илинден“ до целта […]

Центар воведува нови услуги за инклузија, ментално здравје и поддршка на младите во ризик


Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија – даватели на социјални услуги, со цел да се обезбедат нови сервиси и поддршка за ранливите категории граѓани. Со повикот се поддржуваат програми што придонесуваат за инклузија, заштита на менталното здравје и превенција кај младата популација. Средствата се наменети за следните сервиси и услуги: -Индивидуализирани […]

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива


Заматена е водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива, соопштија од јавните комунални претпријатија од двете општини. – Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање, потребно е да се преврива. ЈП „Комуналец“ Кавадарци ја следи состојбата и дополнително […]

Владата отвара Центар за сајбер инциденти


Владата вложува во зајакнување на сајбер безбедноста преку формирање нов центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Во синоќешното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21, тој информираше дека за овој проект се обезбедени значајни финансиски средства, дел од нив од Европската Унија. – Средства од ЕУ и наши […]

Без струја делови од Кисела Вода, Центар и Сопиште


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08:00 до 10:00 часот, ќе останат корисниците на ул.Борис Трајковски Бр1 (Пегла) Влез1 и мал дел од становите во влезот во општина Кисела Вода, соопшти РЦУК Скопје. Струја од 08:30 до 16:00 часот, ќе немаат и корисниците од улиците 1, 10, 11 и 12 во […]

Влезот во ЕУ целосно се менува, не чека и здравствена контрола!


Европската Унија влегува во нова фаза на контрола на патувањата, со значајни промени што директно ќе ги засегнат милиони граѓани од земјите со безвизен режим, меѓу кои и Македонија. Од последниот квартал на 2026 година, секој патник кој планира краткорочен престој во Шенген-зоната ќе мора претходно да обезбеди одобрение преку системот ETIAS, додека веќе од […]

Променливо облачно со повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 16 […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 3 април 2026 година, 93-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  272 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 13 минути, а ќе зајде во 19 часот и 1 минутa. Денов трае 12 часа и 47 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

АМСМ: На Попова Шапка врнежи од снег кој не се задржува на коловозот, Во Крушево – магла


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, кој во моментов не се задржува на коловозот. Како што инфомираат од АМСМ, намалена видливост поради појава на магла до 150 метри има во Крушево.

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Берово-Струмица


ЈП Македонија пат соопшти дека сообраќајот на патниот правец Берово–Струмица, кај местото викано Ширина, е нормализиран во 19:20 часот. Сообраќајот беше во прекин попладнево од 18:15 часот поради сообраќајна незгода.  Сообраќајот на патот Берово-Струмица во прекин поради сообраќајка Сообраќајот на патниот правец Берово-Струмица е во прекин поради сообраќајна незгода, соопштуваат од ЈП Македонијапат. Како што […]

Ѓорѓиевски и сопругата донираа реквизити за сензорна соба во градинка во Кисела Вода


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со неговата сопруга донираа реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода. Со оваа донација, како што се наведува во соопштението од Град Скопје, ќе се подобрат условите за престој и развој на децата, овозможувајќи им полесна комуникација, подобра концентрација и емоционална регулација преку […]