МОН за прв пат обезбедува учебник по „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение


Министерство за образование и наука (МОН) направи значаен исчекор во унапредување на образованието на ромската заедница, обезбедувајќи за прв пат учебник по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение. Оваа новина доаѓа по спроведената постапка согласно објавеното известување на МОН, како и по измените во Законот за учебници во основното и средното […]

Колективниот договор на Министерството за култура на седница на Уставен суд


Уставниот суд денеска ја одржува 9. седница на која ќе расправа по вкупно шест иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, две барања за заштита на слободите и правата, како и еден предмет по кој ќе се гласа. Како што е најавено, судиите ќе дискутираат за повеќе закони, подзаконски акти и општински одлуки, кои, според […]

Ангелов во потрага по нови пилоти за „ер тракторите“, авионите се враќаат од сервис


Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде што се сретна со Раде Ивановски, сопственик на компанијата „Римин Еар“, пензиониран пилот на комерцијални летови и инструктор, при што разговараше за можности за основна обука на „ер трактори“. Ангелов истовремено се сретна со тројца можни кандидати за […]

Комуналците во март однеле 14.086 тони ѓубре, а градот изгледа вака


Во текот на март, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа 14.086 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Отстранети се и 2315 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одожени на јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – 540 кубни метри […]

Фонтаната „Лотосов цвет“ блесна во полн сјај


  Некогаш најфотографираното катче во срцето на Скопје, создадено во 70-тите години од минатиот век, овој препознатлив симбол на чистота и убавина, ,,Лотосов цвет”, денес повторно блеска, објави синоќа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.   Фнтаната е целосно обновена, просторот е уреден, поставена е нова урбана опрема и модерно осветлување.   – Ова е враќање на едно […]

Државно првенство на бармени во Скопје


Во Скопје денеска ќе се одржи 17. Државно првенство на бармени.  Натпреварот го организира Здружението на бармени на Македонија. Ќе почне во 11.00 часот со квалификации, полуфиналето е од 14.00 часот, а финалето од 18.00 часот. Победникот ќе ја претставува државава на Светското првенство на бармени кое ќе се одржи во октомври во Макао.

Без струја одредени делови од Скопје


Без електрична енергија денеска ќе останат одредени делово од Скопје, соопшти Центарот за управување со кризи. -Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 08.04.2026 година без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од с.Блаце (општина Чучер Сандево); во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците Катланово,Стари Лозја кај Фазанерија, […]

Нова поштенска марка по повод 50 години Кинотека на Македонија


Нова поштенска марка, изработена од авторот Лазе Трипков, ќе биде промовирана денеска во Кинотека на Македонија, по повод јубилејот – 50 години постоење на оваа институција.  На настанот ќе се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, директорот на Поштенски сообраќај во АД Пошта,  Бојан Кереместевски,  како и раководителот на Архивот на Кинотеката, Игор Старделов.

Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер, над 70 километри на час, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Минималната температура ќе биде во интервал од 6 […]

Ѓорѓиевски му понуди шеќер и вода на Симоновски од СДСМ – го прати и на планински масив


Дуелот меѓу градоначалникот на СКопје, Орце Ѓорѓиевски и советникот од редовите на СДСМ, Горан Симоновски, ја обележа денешната седница за поставување советнички прашања во Советот на Град Скопје.  – Прво не ми повишувај тон, јас не ти повишив тон. Вото, Горан почитуван, јас не сум овде, јас не сум дојден овде на опера. Ако имаш […]

Законот за правична и соодветна застапеност доби зелено светло од Владата


Владата на Република Северна Македонија направи клучен чекор кон воспоставување системски ред во јавната администрација. Со усвојувањето на Законот за правична и соодветна застапеност, уставниот принцип за застапеност на заедниците за првпат добива конкретна законска рамка и станува задолжителен за сите државни институции. Ова законско решение доаѓа како одговор на укинувањето на „Балансерот“ од страна […]

Алиу: Науката како двигател на подостапно здравство – одбележан 7 април, Светски ден на здравјето


Министерот за здравство, Азир Алиу, им го честита 7 Април – Светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници, на денешното традиционално свечено одбележување, во организација на Македонското лекарско друштво.   -Годинешното мото „Науката ја прави здравствената заштита подостапна“ јасно говори дека научниот пристап во здравството претставува клучен двигател на иновации, напредок и унапредување на […]

Состојбата со Рашче е стабилна, се испитуваат три позиции во Скопје, кои би биле алтернатива


Почнати се испитувања на три нови позиции во Скопје, кои би била алтернатива за изворот Рашче, а Владата, во соработка со општина Јегуновце и Град Скопје, работи на отстранување на проблемот со дивата депонија, која се наоѓа над изворот – истакна денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седницата на Советот посветена на советнички прашања. […]

Судски совет со апел до медиумите да не ги таргетираат судиите


 Судскиот совет упатува јавен апел до новинарите и медиумите на избегнување на неосновано именување и таргетирање на судии бидејќи личното посочување на судии без јасен и оправдан јавен интерес може да доведе до притисок и нарушување на нивната независност, се вели во соопштението од Судскиот совет. До Судскиот совет во изминатиот период стигнува информации за […]

Орце Ѓеорѓиевски ги нарече бандити, тие се појавија со маици „Бандит“


  Советниците на Левица во Град Скопје на оригинален начин му се спротивставија на градоначалникот Орце Ѓеорѓиевски и денеска се појавија на седницата со маици на кои пишуваше „Бандит“. На претходната седница градоначалникот им рече дека тие се „најголемо бандитско здружување“. Нервозната, па дури и клеветничка реакција на Ѓеорѓиевски беше искажана како реплика од советничката […]

Зелен Хуман Град го обвини Град Скопје за „легален грабеж“


Под наслов „Легален грабеж“ Зелен Хуман Град реагира на одлуката на Град Скопје да ги обврзи компаниите да постигнат договор со „Комунална хигиена“ за собирање на отпадот.    „Град Скопје наметнува монопол, арач за бизнисите и уште повеќе отпад на Дрисла На седницата денес владејачкото мнозинство се спрема да ги задолжи СИТЕ ДО ЕДЕН правни […]

Пробиен е патот од Маврово до Галичник, се вози во снежни услови


Галичник е повторно достапен!   Патот е прооден, а во текот на утрешниот ден ќе се работи на негово дополнително проширување со цел непречено разминување на возилата.   Апелираме до сите посетители да се движат внимателно и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот, велат од МЗ Галичник, од каде се заблагодаруваат на Ј.П. […]

Ланските субвенции за велосипеди ќе се исплтат наскоро, уверува Ѓорѓиевски


Скопјани кои аплицираа на јавниот повик на Град Скопје за субвенции за нов велосипед објавен уште во јуни минатата година, девет месеци потоа се уште ја чекаат исплатата на субвенциите. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на советнички прашања, објасни дека исплатата ќе биде во наредниот период, затоа што во изминатите месеци се соочиле со […]

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро


Македонското еколошко друштво (МЕД), Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија во рамки на „Проект ПреспаНЕТ III – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“ промовираа мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро. Мобилната апликација „PelicanWatch“ ја создаде Друштвото за […]

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград


ЈУ Зоолошка градина-Битола од денеска има нови жители, мајмуни од видовите патас, лемури и коати, кои ги доби од Зоолошката градина во Скопје, а наскоро ќе вдоми нови жители и од ЗОО Градина Белград. За време на денешната посета на ЈУ ЗОО Градина Битола, градоначалникот Тони Коњановски од директорот на таа општинска установа Жарко Тренковски […]