Сообраќајот по влажни коловози, нема подолги задржувања за влез и излез од државата


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. – Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со […]

Облачно и ветровито


Времето денеска ќе биде претежно облачно, а претпладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, претпладне со […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 11 април 2026 година, 101-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  264 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот, а ќе зајде во 19 часот и 10 минути. Денов трае 13 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 3 часот и […]

Над 16.000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие


  На Граничниот премин „Богородица“ од вчера напладе до денеска напладне излез од државава оствариле 6.864 македонски граѓани, а излез 1.394. Во истиот период регистриран е влез во државава на 4.753 странски државјани и излез на 5.070, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи, по денешниот старт на целосната имплементација на  новиот дигитален систем […]

Во Нов Дојран пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна


Во Нов Дојран пронајдена е неексплодирана граната од Првата светска војна. -Во Полициското одделение Нов Дојран вчера Д.А.(78) од Нов Дојран пријавил дека во нива во атар на Нов Дојран пронашол граната. Службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнало гранатата, при што е утврдено дека се работи за неексплодирана артилериска граната […]

Првите автобуси за градскиот превоз Николоски ги очекува во септември


Скопје од септември треба да ја добие првата делница од проектот за Градски воз, кој ќе сообраќа на релација од Зелениково до Транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси, доколку успешно заврши тендерската постапка, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој во гостување во емисијата „Само интервју“ посочи дека тендерот за набавка […]

Со струја од пловечки фотоволтаици ќе се управува со акумулацијата Паљурци и хидросистемот „Ѓавато“ на Дојранско Езеро


Преку производство на сопствена струја од пловечки фотоволтаици ќе се наводнуваат обработливите земјоделски површини преку акумулацијата Паљурци, но и повторно ќе се активираат пумпите за полнење на Дојранското Езеро од Хидросистемот во Ѓавато. Проектот за повторно активирање на Хидросистемот на Дојранското Езеро е веќе подготвен и чека финансирање за да почне да се реализира, вели […]

Од вторник облачно со врнежи од дожд


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд. Во вторник се очекува врнежите да бидат претежно во западните и северните делови. Во среда и четврток облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток. До четврток ќе дува југоисточен ветер […]

Затворени улици и делови од булевари околу црквите утре за Велигден


По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, информираат од МВР. Од таму посочуваат дека утре во периодот од 18:00 часот па до завршувањето […]

Николоски тврди: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите


 Бројот на работници на автопатските делници кои ги гради конзорциумот “Бехтел и Енка” не само што не е намален, туку е и зголемен, имаме раст на градежните активности за 40 отсто на автопатските делници, а реализацијата на капитални инвестиции на Министерството за транспорт е над 70 проценти, што претставува рекорд во историјата на државата и […]

Без струја корисниците од улица Ресенска во Чаир


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:дел од корисниците од ул. Ресенска, во Општина Чаир.  Како што соопшти РЦУК Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со струја ќе биде во периодото од 08:30 до 10:00 часот. 

Најстудено на Попова Шапка


Утрово најниска темепратура од -5 степени Целзиусови е регистрирана на Попова Шапка. Следат Mаврови Анови, Крива Паланка, Берово и Kрушево со 2 степени, -1 Претор, 0 Лазарополе, Тетово, Битола, Охрид, Скопје-Петровец, 1 Струмица, Куманово, 2 Прилеп, Виница, Демир Капија, Штип, Велес, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и 6 степени во Гевгелија, соопшти УХМР. Во 8 часот висината […]

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и одговорност особено во деновите од Велигденските празници кога се очекува зголемен интензитет на сообраќај особено кон туристичките места.  Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател […]

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред


Јавниот автобуски превоз во Скопје за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје. -По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 3 до 7, а максималните ќе достигнат од 12 до 19 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен […]

Нови правила за влез во ЕУ: Што треба да знаете


Целосното спроведување на новиот систем за влез во ЕУ започнува на 10 април. Доколку не сте биле во земјите во Шенген зоната од средината на октомври, еве што треба да знаете. Од 10 април започнува целосната примена на новиот систем за контрола на влез во Европската Унија, кој важи и за граѓаните на Македонија од […]

Хоџа: Нова опрема за отпад во Струга и засилени инвестиции во инфраструктурата


Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, изврши увид во новонабавената комунална опрема во Струга – дел од воспоставувањето интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад. Како што информира МЖСПП, во оваа фаза од проектот, кој се спроведува со поддршка од Европската банка […]

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик


Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, говорејќи за предметот што пред Уставниот суд се води за Законот за употреба на јазиците, оцени дека во јавноста неосновано се создаваат стравови и политички тензии. Тој порача дека Судот нема намера да ограничува права, туку, напротив, да придонесе тие да бидат заштитени и унапредени. „Сакам да упатам еден […]

Враништа конечно добива канализација


Заштитата на животната средина значи и инвестиции во инфраструктура во помалите места, кои со години биле запоставени и без основни услови за живот, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа на отпочнувањето со изградба на канализационен систем за отпадни води во село струшкото село Враништа. На настанот на кој присуствуваше и […]

На местото од игротеката до „Капитол мол“ нема да никне парк – туку бехатонско детско игралиште


Ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза, вака ја најави пренамената на просторот каде до пред некое време имаше полузаградена игротека во Општина Аеродорм, до „Капитол мол“, градоначалникот Дејан Митески. Денеска тој, заедно со сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за […]