Без вода делови од улицата Ѓорѓи Абаџиев


 Поради изведување водоводен приклучок ф-80мм на улица Ѓорѓи Абаџиев 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. 

Облачно со повремен локален дожд, температура до 23 степени


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 16 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 15 април 2026 година, 105-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  260 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 54 минути, а ќе зајде во 19 часот и 15 минути. Денов трае 13 часа и 21 минутa. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Обвинителот Кристијан Смилевски на местото на Ленче Ристоска, се надева дека нема да го застари „Талир“


Кристијан Смилевски е новиот обвинител од скопското обвинителство го презеде предметот „Талир 2“, каде што остана да биде обвинет поранешниот премиер Никола Груевски и партијата.  Смилевски дојде на денешното рочиште на местото на обвинителката Ленче Ристоска која даде оставка откако републичкиот јавен обвинител Ненад Савески ѝ ги зеде предметите „Талир 1“ и „Талир 2“. Смилевски […]

Градоначалникот Ѓорѓиевски со ароганција ги обвинува вработените на ЈСП, тврди Левица


  Партијата Левица преку соопштение денеска изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, продолжува со „недозволиво ниво на ароганција и неодговорност“ обвинувајќи ги вработените во ЈСП „Скопје“ дека со своите тужби го блокирале претпријатието. Работниците по судски пат да ги бараат своите загарантирани права. „Ваквиот пристап претставува опасен обид да се криминализира легитимното барање на […]

Избори за нов ректор на УКИМ на 28 април, кандидати се Биљана Ангелова и Дарко Данев


 По две недели, на 28 април, на единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, од 12 до 14 часот, со тајно гласање, ќе се избира ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029 година. Во трка се двајца кандидати – актуелната ректорка, проф. д-р Биљана Ангелова, […]

Попладне локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до […]

Вандали ја опожарија и оштетија зградата на Медицинското училиште во Битола


За време на празничните неработни денови, на 11 април во 1 часот и 30 минути по полноќ бил извршен вандалски чин со палење на контејнерите во дворот на училиштето, при што пожарот се проширил и предизвикал оштетување на фасадата на задниот дел на објектот, пренесува битолскиот портал Апла.   -Благодарение на навремената интервенција на надлежните […]

Експретседателката на ДКСК не признава вина


Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска, која е обвинета дека оддала службена тајна на обвинетиот во случајот „Адитив“ Небојша Стојановиќ, денеска во судница се изјасни за невина. Таа рече дека не се чувствува виновна ниту дека ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот после кој таа добила сертификат со […]

Улицата „Самарџии“ се реконструира за враќање на сјајот на Старата чаршија


Општина Чаир денеска почнува со реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци и улици во Старата чаршија, проект кој има за цел да го врати сјајот на еден од најавтентичните урбани простори во Скопје. Како што соопштуваат од локалната самоуправа, на настанот се очекува обраќање на градоначалникот Изет Меџити, кој ќе ги презентира […]

Министерот за одбрана ги прекршил законите, состојбата во Армијата е драматично влошена, обвини претседателот на Независниот синдикат на војниците


Претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, Александар Насковски, изнесе сериозни обвинувања за незаконско постапување во Министерство за одбрана на РСМ, тврдејќи дека правата на припадниците на Армијата се системски прекршувани. Според него, министерот за одбрана Владо Мисајловски направил три клучни прекршувања на законите. „Прво – Министерот за одбрана Владо Мисајловски не го донесе Планот […]

Утрово најстудено на Попова Шапка, попладне и во текот на ноќта локални врнежи од дожд


 Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде беа измерени 2 степени Целзиусови. Како што соопшти УХМР, 5 Kрушево, 6 Mаврови Анови, Крива Паланка, 7 Прилеп, Скопје-Петровец, Кавадарци, Берово, Лазарополе, 8 Куманово, Виница, 9 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Охрид, Струмица, Демир Капија, 10 Тетово, Битола, Велес, Гевгелија, 11 Штип. На Попова Шапка има и снежна покривка од […]

Балканскиот ендемит Астрагалус во фокусот на одбележување на Меѓународниот ден на растенијата


Со цел да се одбележи Меѓународниот ден на растенијата, здружението “Полимат 13” од Богданци овој месец повторно спроведува организирани посети на живеалиштето на ендемичната билка астрагалус која во Македонија расте токму на подрачјето на Општината Богданци. Важноста на растението со латинското име Astragalus physocalyx, како што велат во здружението е во тоа што претставува балкански […]

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 14 април 2026 година, 104-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  261 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 55 минути, а ќе зајде во 19 часот и 14 минути. Денов трае 13 часа и 18 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Успешен почеток на туристичката сезона во Дојран за Велигден


Со полни сместувачки капацитети и задоволни посетители помина четиридневниот продолжен викенд во Дојран, кој домашни, но и странски туристи го посетија токму за Велигден. Угостителите и хотелиерите, но и издавачите на приватно сместување велат дека се задоволни од посетеноста и доколку временските услови се поволни очекуваат побројни посети на Дојран и во наредните викенди. – […]

Поголемо чекање на граничниот премин “Дојран” од грчка страна поради враќање на македонските викенд туристи


Зголемено чекање на влезот во нашата земја е регистрирано од грчка страна при враќање на македонските граѓани кои за време на продолжениот викенд заминаа кај јужниот сосед. Причина за застојот е официјалното воведување на новиот систем ЕЕЅ (entry/exit system) кој од 10 април целосно се применува и предвидува дигитално регистрирање при влез и излез на […]

Град Скопје исплатил околу 750.000 евра за напади од бездомни кучиња во 2025 година


  Град Скопје во текот на 2025 година исплатил околу 750.000 евра оштета на граѓани поради напади од бездомни кучиња, при што биле поднесени стотици тужби и судски одлуки за надомест на штета, покажуваат податоци објавени од повеќе домашни медиуми и институционални извештаи. Според официјалните податоци, од јануари 2025 до јануари 2026 година се поднесени […]

Караман стана првото признаено македонско овчарско куче со самостојно национално потекло


Караман стана првото признаено македонско овчарско куче со самостојно национално потекло. Тоа од неодамна беше впишано и е дел од 378-те светски раси на кучиња на Меѓународната кинолошка мапа, со што дополнително се потврдува државата како земја со богато и автентично кинолошко наследство.  Претседателот на Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче Караман“ Илија Ико Каров, во […]

Македонската полиција се приклучува на Европската акциска контрола на брзина на патиштата, в среда 24 часовен маратон контроли


Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL се приклучува на акциската контрола со зголемени контроли за возење над дозволената брзина, информираат од Министерството за внатрешни работи.  Европската акциска контрола на брзина на патиштата стартува од денеска до 19 април, а в среда на 15 април од 00.00 часот до […]