Коњановски ја правда изградбата на „улицата трафостаница“ во Битола


  Градоначалникот Тони Коњановски одржа прес-конференција на која се осврна на повеќе актуелни теми, но најголемо внимание привлече новоасфалтираната улица СРУ-5 во Касарната – веќе позната во јавноста како „Улица Трафостаница“. Информираше дека улицата сѐ уште не е пуштена во употреба, дека е изградена според постоечки проект стар 15 години, дека не може да се […]

Уставниот суд пружи рака на помирување кон културните работници


  Откако Уставниот суд поведе постапка за Колективниот договор за културата и тоа предизвика разочарување кај културните работници, а често и гнев и сомнежи дека судот е во координација со властите, денеска беше испружена рака на помирување. Од Уставниот суд до културните работници за влошената перцепција на судиите меѓу членовите на овој мгогу важен сегмент […]

Системски моделираме психопати – случајот со шестооделенката во Ѓорче ја разбранува јавноста


Професорката Татјана Алексиќ со силен апел по случајот во Ѓорче Петров, каде шестоодделенка била горена со цигара и принудувана да јаде кучешки измет, од малку постари ученички, предупредува на потребата од стручна помош во училиштата и поголема општествена одговорност. Професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ јавно реагираше по вознемирувачкиот случај во скопската населба Ѓорче Петров, […]

Автобуси на ЈСП по зимски возен ред – градежни работи на рутите


Од ЈСП „Скопје“ информираат дека автобусите во јавниот градски превоз сообраќаат по зимски возен ред. Како што соопштуваат од претпријатието, поради изведување градежни работи на одредени делници, изменета е трасата на движење на повеќе автобуски линии. Станува збор за линиите 3б, 4, 7, 9, 18, 23, 24, 44, 54 и 118, кои во одредени делови […]

На пладне блокирано пред Собрание – протестираат за данокот на пари заработени во странство


Министерството за внатрешни работи информира дека денеска со почеток во 12:00 часот пред Собрание на Р.С.Македонија, на улица „11 Октомври“ од страна на група граѓани ќе се организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управа за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство, и доколку има потреба […]

Судење за „Пулс“: Обвинителство треба да почне со изведување на обдукциските наоди


Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Тимот обвинители кои го застапува обвинението, на брифинг со медиумите, вчера информираше дека остануваат уште неколку сведоци кои се предложени – тие што […]

Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски со многу емоции, почит и спомени


Општина Центар, со богата уметничка програма, вчера попладне го одбележа роденденот на големиот македонски драмски автор Горан Стефановски, враќајќи го за миг неговиот дух и присуство во Дебар Маало.   Настанот се одржа кај спомен-клупата посветена на бардот, а домаќин беше неговиот син Игор Стефановски, кој заедно со пријателите и блиските сподели спомени, сеќавања и […]

Светски ден за безбедност и здравје при работа, лани во државава 132 несреќи при работа, 31 со смртен исход


 Во текот на 2025 година се евидентирани 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход, покажуваат податоците од Годишниот извештај за несреќи при работа и професионални заболувања за 2025 година, што по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 април го објави Македонско здружение за заштита при работа.  Најмногу […]

Избори за ректор на УКИМ – ќе се гласа за кандидатите Биљана Ангелова и Дарко Данев


Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ – Биљана Ангелова и Дарко Данев. Тие се кандидираа на огласот за ректор на Универзитетот, за мандатниот период 16 септември […]

Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел


Поради технички зафати денеска без вода ќе бидат делови од општините Центар, Карпош и Бутел.  Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известува дека од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Дебарца“, „Владимир Полежиновски“ и „Стефан Јакимов-Дедов“ во Центар, а во истиот временски период без вода ќе бидат и корисниците на дел […]

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 28 април 2026 година, 118-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  247 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 34 минути, а ќе зајде во 19 часот и 29 минути. Денов трае 13 часа и 54 минутa. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Камерите на Безбеден град во Охрид и во Струга ќе профункционираат пред сезоната


Во пресрет на туристичката сезона, камери на „Сејф Сити’ ќе добијат и Охрид и Струга, а вакви камери веќе има и на патот Охрид-Кичево. Во Охрид и Струга се поставуваат 40 сообраќајни камери од системот „Безбеден град“, а проектот засега е во фаза на техничко тестирање и прекршоците сè уште не се санкционираат. Камерите се […]

„Пулс“ не е последица само на еден фактор – затоа обвинението е за сите


Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, влегува во фаза на изведување материјални докази. Обвинителствто, на брифинг со медиумите, денеска информираше дека утре се очекува во судницата во „Идризово“ да се започне со изведување на судско медицинските обдукциски наоди за причините на смртта на жртвите […]

Вешти лица сведочеа како екс-директорката Елена Спасеновска го исплаќала пензионерот и раководела со државните пари


  БИТОЛА – Сведоци на финансиското работење на екс-директорката на Средношколскиот дом во Битола, Елена Спасеновска, и вешти лица од економска област денеска пред Основниот суд во Битола сведочеа како работела и како располагала со државните пари и ресурси и како ги применувала законите обвинетата директорка. Со усен договор ангажирала сметководствено биро и го плаќала, […]

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават сѐ како што треба, но без помош од родителите нема успех


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска е запознаена со случајот на врсничко насилство во училиштето во Ѓорче Петров. Како што изјави денеска, школото веќе постапило, пријавило во полиција и во социјалните служби, а и самото преземало мерки. Таа апелира до родителите, повеќе да внимаваат и повеќе време да минуваат со своите деца. – Жал […]

Жртвата не смее да оди од врата на врата, системот мора да дојде до неа


Состојбите со кои сме се соочиле несомнено упатуваат за преземање сериозни чекори кон превенција и санирање на овој вид криминалитет, иако според статистичките податоци со кои располагаме во Јавното Обвинителство станува збор за ситуација со континуиран висок раст на овој вид криминалитет, истакна државниот јавен обвинител Ненад Савески на надзорната расправа организирана од собраниската Комисија […]

Тошковски: Полицаец ќе може ведаш да отстрани насилник од домот


Семејното насилство е проблем што со години бил јасно видлив и во институционалната пракса, но и во статистиката и предолго се третирал фрагментирано со задоцнета реакција и без суштинска координација меѓу институциите, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната надзорна расправа организирана од собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. Тема […]

Татко ми го закопавме со бугарски куршум. Мајка ми беше ранета на Сремски фронт: Рускоска одговара на кривичната пријава


  „Моите родители крвареа за оваа држава. Мајка ми беше во бугарски затвор, татко ми ранет го закопавме со бугарски куршум, па не може Јане Ченто да ја сака оваа држава повеќе од мене. Мајка ми на Сремски фронт беше ранета. Кој му дава за право дека тој ја сака оваа држава повеќе од мене“, […]

Пријавувањето за HalkEco Skopje Run 10К завршува на 29 април


Традиционалната атлетска трка HalkEco Skopje Run 10K 2026 влегува во својата завршна фаза на пријавување, со последен рок до 29 април 2026 година (среда) или до пополнување на предвидениот број на учесници. Организаторите упатуваат финален повик до сите љубители на трчањето и активниот начин на живот да го обезбедат своето место на една од најмасовните […]