Гремингер: Мора да се врати довербата во институциите во Македонија


Враќањето на довербата во институциите, зајакнувањето на демократските процеси, како и овозможувањето независност на судството и владеење на правото…се приоритетите на кои треба да им се посвети македонската Влада, оценува генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер, во неделното интервју за Радио Слободна Европа. “Со меѓународна поддршка, вклучувајќи го и ОБСЕ, новата Влада мора да се […]

Еврокомесарот Хан во дводневна посета на Македонија


Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан утре и задутре ќе престојува во посета на Македонија во рамки на која ќе има политички и средби со претставници на граѓанскиот сектор. Хан, како што засега официјално е потврдено, ќе има средби со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, со претседателот на Собранието Талат Џафери, […]

МПЦ побара Бугарската православна црква да и биде црква – мајка


Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија испратил писмо до Бугарската православна црква во кое бара од нив да бидат нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА, јавува МИА. Писмото е испратено на 9 ноември до Светиот синод на Бугарската црква по редовна седница на МПЦ-ОА во Скопје на која било едногласно […]

Ахмети ја враќа во игра резолуцијата за осуда на геноцид врз Албанците


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави денеска дека ќе бара од Собранието на Македонија да го осуди геноцидот врз Албанците пред околу еден век. Ахмети го соопшти ова на настан во Зајас, Кичевско, каде што денеска беа погребани посмртни останки на Албанци кои биле масакрирани во периодот од 1913 година до Втората светска војна. Од […]

Владите на Македонија и на Бугарија ќе договараат конкретни проекти


Сорaботка во случај на непогоди, помош за обука на македонската армија, поддршка во областа на телекомуникациите и енергетиката… се дел од проектите за кои ќе расправаат владите на Македонија и на Бугарија, на првата заедничка седница, што ќе се одржи следната седмица. Настанот е закажан за 23 ноември (четврток) во Струмица. Како што соопштуваат од […]

Владата реши: Повисоки даноци за повисоки плати


Граѓаните со високи плати од јануари идната година ќе одвојуваат повеќе пари од бруто платата за придонеси. Владата на вчерашната седница одлучи највисоката месечна основица за пресметка на придонесите да ја помести од 12 на 16 просечни плати. Тоа значи дека оние чија месечна плата изнесува 16 или повеќе просечни плати, што во моментов изнесува […]

СЈО влегува во тимот за реформа на прислушувањето


Претставници на Специјалното јавно обвинителство ќе се вклучат во работната група за реформи на следењето на комуникациите, со цел примена на препораките на европскиот експертски тим на Рајнхард Прибе. Оваа новина е усвоена на вечерашната владина седница, со што се дополнува одлуката за формирање работна група за примената на планот за спроведување на препораките. Како […]

Со 2.28 промили алкохол се превртел кај Делчево


Чтириесет и деветгодишниот И.С. од делчевското село Ветрен се здобил со тешки повреди откако се превртел со автомобилот „фиат добло“ што го управувал без регистарски таблички. Несреќата, како што соопшти МВР, се случи во петокот околу 17.30 часот на магистралниот пат близу Очипала кај Делчево. Возачот е префрлен во Медицинскиот центар во Штип. По извршеното […]

Изгласана одлуката за пренамена на 1,6 милијарди денари помеѓу буџетските корисници


Со 51 глас „за“, 25 „воздржани“ и ниту еден „против“ Собранието на Република Македонија денеска ја усвои одлуката за прераспределба на 1,6 милијарди денари меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите. Министерот за финансии Драган Тевдовски предб пратениците образложи дека се крати од ставки кои нема да се реализираат, а тие средства ќе […]

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во ланската кампања платила 219.000 евра


Поранешната Влада на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година на денот на почетокот на предизборната кампања, на 21 ноември, ангажирала две странски компании специјализирани за односи со јавност и креирање стратегии, за чии услуги, согласно договореното исплатила вкупно 219 илјади евра. Нема детали и извештаи што сработиле, но парите се исплатени и тоа 73 илјади евра месечно. […]

Приведен разбојник на „Халк банка“


Полицијата го уапси Е.М. (29) од Скопје, поради сомневање дека учествувал во неодамнешниот грабеж на експозитура на „Халк банка“ во скопската населба Бутел. Според документираните сознанија од истрагата, пријавениот заедно со уште две, засега непознати лица, на 03.11. околу 09,25 часот на улицата „Александар Урдаревски“ извршил разбојништво врз четири вработени во банката и врз еден […]

Собранието одлучува за училиштата, министерствата…


На дневен ред на Собранието на Република Македонија денеска има само една точка – предлог одлуката на Владата за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Владата на Република Македонија вчера ја усвои оваа предлог одлука. Прераспределбата на средства, како што соопшти владината прес-служба, се врши  за да се обезбедат […]

Зголемен водостојот на реките и на Дојранското езеро


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрира повисоки водостои во однос на просекот за ноември на Вардар кај Зајчев Рид, Велес и кај Демир Капија, како и на Брегалница кај Берово. Значително е зголемен водостојот на Дојранското езеро, додека нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се во рамки на просекот. Под просекот за ноември се […]

Кираџија чувал дрога во буре


Триесет и двегодишен жител на Тетово е приведен од полицијата поради сомневање дека во станот во кој што живеел под кирија, чувал дрога. Според МВР, акцијата била реализирана во четвртокот во стан на улицата „146“, каде како потстанар живеел А.Г. (32) од Тетово. „При претресот во станот била пронајдена наркотична дрога марихуана со тежина од […]

Гремингер: Имате единствена можност за напредок


Успешното надминување на политичката криза и тековните напори за спроведување на владината реформска агенда нудат единствена можност за напредок, порачал генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, за време на дводневната посета на Скопје. „Сите актери треба да ги здружат силите во зајакнувањето на демократските процеси и враќањето на довербата во институциите во земјата, воспоставувајќи ефективни […]

Заев: Доаѓа времето на левицата


„На Европа и е потребна левицата, посебно кога после долги години, десницата во некои земји се разви радикално, со квазипатриотски идеи, а под превезот на модерниот грабеж. Левицата треба да го добие своето место во Европа, а тоа зависи од левите партии, но и од граѓаните, граѓанското општество, синдикатите, работниците“, рече меѓу другото, претседателот на […]

Тинејџер од Радовиш загина во сообраќајка


Деветнаесетгодишно момче од Радовиш утрово загина во сообраќајка која се случила на магистралниот пат Радовиш-Струмица кај клучката Воиславци. Како што дознава МИА, сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „голф“, управувано од Кристијан Р. (19) и товарно возило „мерцедес“, управувано од Тодорче Ј. (роден 1959 година). Во незгодата, на самото место починал возачот на „голфот“, додека […]

Вранишковски го доби спорот во Стразбур


СТРАЗБУР – Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе одлука во корист на Православната охридска архиепископија за нејзината тужба против државата Македонија, поради одбивањето на надлежните органи во Скопје да ја регистрираат како посебна верска заедница . Со одлуката се налага исто така Македонија да и исплати оштета, јавува Танјуг. На сајтот на Српската […]

Антиќ не се враќа во репрезентацијата


Перо Антиќ уште еднаш демантира дека се враќа во националниот тим за престојните квалификации за ЕП во Шведска. По високиот пораз на неговата Црвена Звезда на гостувањето кај Олимпијакос, тој изјави дека се репрезентацијата се простил кога наполнил 30 години и оти неговото ставање на списокот било оти „некој сакал да докаже нешто“. Но, според […]

Во Струмица прва заедничка седница на македонската и на бугарската Влада


Можностите за активирање на односите меѓу министерствата за надворешни работи, интеракцијата и меѓусебната помош при катастрофи, поддршка во обуката и подготовка на војниците од вооружените сили на Република Македонија, соработката во областа на телекомуникациите, инвестициите и енергетиката, се прашањата кои ќе ги разгледаат македонската и бугарската Влада на првата заедничка седница што ќе се одржи […]