Македонија оддели шест милиони денари за настраданите во поплавите во Албанија


Владата на денешната седница одлучи да се одделат шест милиони денари финансиска помош и дополнителна хуманитарна помош, за настраданите во поплавите во соседна Албанија. На претходната владина седница беше разгледана информацијата од страна на Амбасадата на Македонија во Тирана за состојбите во Албанија по големите поплави. Владата тогаш ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, […]

Фрлањето отрови не престанува, убиени над 27 животни


Труењето на животните зема замав не само во Скопје туку и во Македонија, и покрај апелите и предупредувањата од градоначалниците дека е кривично дело и дека проблемот системски ќе се решава. Според организациите за заштита на правата на животните досега се пријавени 27 отруени животни, сите миленици на околните жители  со имиња. Исто така веќе […]

Државните функционери ќе поднесуваат извештаи за службените трошоци


Министрите, замениците-министри, државните секретари и генералниот секретар ќе достават информации за службените трошоци направени во рамките на предвидениот буџет во првите шест месеци од преземањето на функциите, одлучи Владата на денешната седница. Одлуката е во согласност со начелото на Владата за транспарентно и отчетно трошење на државните средства, соопшти владината прес-служба. Практиката да се доставуваат […]

Заев: Ние даваме голема поддршка на дијалогот меѓу Приштина и Белград


Ние даваме голема поддршка на дијалогот што е отворен меѓу Приштина и Белград, и во насока на тоа и решавањето на сите овие прашања, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали Македонија ќе го поддржи зачленувањето на Косово во УНЕСКО. – Знаете дека прашањето е одложено. Не знаеме точно кога ќе се решава, […]

PM Zaev: Macedonia supports Pristina-Belgrade dialogue


Macedonia has been supporting Pristina-Belgrade dialogue and in this respect settling of all issues, Prime Minister Zoran Zaev told reporters Tuesday about whether Skopje would vote for Kosovo’s UNESCO membership. ‘You know that the matter is postponed. We don’t know when it will be on the agenda again and I hope that meanwhile Kosovo-Serbia relations […]

Реакции од Србија по посетата на Заев на Косово


Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, како реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев во Приштина за зачленувањето на Косово во УНЕСКО, изјави дека „македонскиот премиер Зоран Заев не го одржал зборот“. -Како што претходно со месеци најавуваше претседателот Александар Вучиќ, македонскиот премиер не го одржат својот збор. Иако јавно даде ветување дека ќе биде […]

Nimetz: Name issue can and should be resolved next year


The name issue can and should be resolved next year, UN mediator Matthew Nimetz stated Tuesday in Brussels after Tuesday’s talks with Macedonian and Greek negotiators Vasko Naumovski and Adamantios Vassilakis, MIA reports. “After so many years, no new magical name can appear from nowhere and solve the issue. The solution will be found with […]

Уште Беса остана во ДИК


Сите членови на Државната изборна комисија, освен Ермира Асани-Салија од Беса, која беше неодамна избрана на функцијата, поднесоа оставки, јави МИА. По скандалот со високите бонуси за последните изборни циклуси, денеска последни оставки поднесоа и членовите на ДИК од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев. Претходно, во текот на денот, и Субхи […]

Ленче Ристоска: Државата треба да го легализира канабисот, но и да воведе построга контрола


Специјалната јавна обвинителка, Ленче Ристоска, смета дека државата треба да го легализира канабисот, но во исто времено и да се засили контролата врз опојните дроги. На дешената научната расправа за „Легализација на канабис во Македонија, да или не?“, Ристоска како панелист ги изнесе своите ставови за ова прашање. Во Македонија канабисот се смета за опојна […]

Уште три оставки во ДИК


Потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца и членовите Субхи Јакупи и Атанас Урумов поднесоа оставки на функциите. Со тоа, Државната изборна комисија остана без шест од деветте члена по избувнувањето на скандалот со бонусите за последните избори. Јакупи од ДУИ најавува дека парите од бонусот ќе ги врати во државната каса, а слично најавуваат и Прекопуца и […]

Интензивни средби на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со меѓународниот фактор


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопштуваат оттаму, овие денови е во интензивна комуникација со меѓународниот фактор и со надлеѓните институции, околу судскиот процес за настаните на 27 април. „Би сакал да ве известам дека овие денови имавме интезивни средби со повеќе меѓународни претставници, а воедно и со повеќе лица кои што се директно засегнати […]

(ВИДЕО)Нимиц: Прашањето за името може да биде решено следната година


Прашањето за името може да биде решено следната година, изјави медијаторот Метју Нимиц по денешните разговори во Брисел со преставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис. <iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/ZHozn9aT0-o” frameborder=”0″ gesture=”media” allow=”encrypted-media” allowfullscreen></iframe> – По толку многу години, нема да се појави магично ново име. Решението ќе биде најдено со […]

По 11 години, и Субхи Јакупи заминува од ДИК


Субхи Јакупи од ДУИ е четвртиот член на ДИК што поднесе оставка на функцијата, по избувнувањето на скандалот со бонусите за последните избори. Јакупи најавува дека парите од бонусот ќе ги врати во државната каса. Неговата оставка следува откако вчера од функцииите решија да заминат претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите од СДСМ Виолета […]

Од 123 објекти во сопственост на СФРЈ, за распределба останати се уште 51


Мешовитиот комитет за сукцесија, составен од претставници на Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, утре ќе одржат состанок во Белград, изјави претставникот на Србија во тоа тело Вељко Одаловиќ. – Верувам дека во текот на следната година ќе ги решиме најголемиот број проблеми. Постои еден број објекти кои неспорно можат да се поделат […]

Заев најави средба со коалициските партнери


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев најави нова средба со неговите коалициски партнери – ДУИ и Алијансата за Албанците, која би се одржала вечерва и на која би се разговарало за и за пополнувањето на испразнетите места во владата. Ова Заев го соопшти во изјава за медиумите во Приштина, каде што е денеска во […]

(ВИДЕО)Харадинај и Заев разговарале за „Дива Населба“


Македонија и Косово развиваат добра соработка и ги продлабочуваат односите. Случајот „Дива населба“ е чувствително прашање што не треба да предизвика проблеми во билатералните релации, оценија премиерите на Македонија и на Косово Зоран Заев и Рамуш Харадинај на заедничката прес-конференција по денешната средба во Приштина. Заев и Харадинај истакнаа дека разговарале за заеднички проекти како […]

Заев: Не сме стигнале да разговараме за нови имиња


Премиерот Зоран Заев денеска во Приштина рече дека сè уште не е разговарано за конкретен предлог откако грчките медиуми почнаа да шпекулираат дека  името „Нова Македонија“  е нов  предлог за решение на спорот. – Немаме стигнато дотаму да разговараме за некои нови имиња или слично. Верувам дека деновиве ќе се разговара за потврда на желбата […]

Случај „Ротвајлер“: Удираме по самарот, место по магарето


Последниот инцидент со ротвајлерот во населбата Ново Лисиче кој искаса жена и неколку деца, ја разбранува и подели јавноста. Повторно се отворија прашањата – во кого е одговорноста и зошто секогаш се реагира откако нешто ќе се случи? Дали е решение тоа што граѓаните ја земаат правдата во свои раце, каде се институциите и имаме […]

Заев: Среќен сум што сум првиот македонски премиер во посета на Косово


Република Македонија и Република Косово имаат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка на сите нивоа, без отворени прашања. Посета на Косово е можност за продлабочување на добрите односи, порача преку својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев кој денеска престојува во официјална посета на Приштина. – Со премиерот Харадинај и со другите министри во косовската […]

Албанските аналитичари за престојот на Заев на Приштина: Заев го прави тоа што не го направи Груевски


Првпат по прогласувањето на Косово како независна и суверена држава во 2008 година, македонски премиер денес престојува во официјална посета на Приштина. Претходниот премиер Никола Груевски, не сакајќи да ги ризикува добрососедските односи со Србија, никогаш официјално не го посети Косово. Албанските аналитичари се едногласни – со овој чекор премиерот Зоран Заев дава нова позитивна […]