Зијадин Села со лути пораки од САД: Македонските политичари одговараат, албанските заштитени


  Лидерот на „Алијансата за Албанците“, Зијадин Села, од Соединетите Американски Држави излезе со серија критики за владата на Заев, но и за партијата на Али Ахмети, ДУИ. Тој во интервју за „Гласот на Америка“ на албански јазик испрати неколку пораки до Владата, од која дел засега е и неговата партија. Запрашан дали верува дека […]

Нова година доаѓа, никому не му се слави


Сивило и магла се единствените нешта што деновиве ќе ги забележите доколку прошетате низ скопските улици. На две и пол недели пред пристигнувањето на Новата година нема никаква најава за празнична атмосфера. Нема светилки и украси, нема новогодишна елка, ги нема ниту кичестите предмети што го грдеа градот, но даваа на знаење дека се ближи […]

„Trust” trial resumes


Hearing in Special Prosecutor’s Office (SPO) case “Trust” is scheduled in the Skopje-based Criminal Court on Thursday. Businessman Sead Kocan, two other individuals and three legal entities (Transmet, Sileks and Vato) are indicted for falsifying documents and rigging tenders in the Macedonian Power Plants (ELEM) company worth EUR 17 million. The SPO opened the case based on […]

Родители в среда ќе ја бојкотираат наставата поради загадувањето


Родители на деца кои одат во училиште најавија бојкот на наставата в среда, на 20 декември, со цел да покажат колку е важна борбата против загаденоста на воздухот. „За важноста на справување со загадувањето, како најголем и најопасен проблем потсетуваме веќе четири години. Досега се обидовме со чести собири за искажување на назадоволството од непсравувањето […]

Намалена е видливоста на автопатот Скопје – Катланово


Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Скопје – Катланово изутринава е намалена на 50 до 100 метри, соопшти АМСМ. Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ потсетува […]

Јавна расправа за измените на Законот за заштита од пушење


Собраниската Комисија за здравство денеска организира расправа за предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето. Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи и Комисијата за надворешна политика. Комисијата за надворешна политика треба да расправа за Предлог – законот за рестриктивни мерки, во второ читање. На дневен ред се и предлог законите […]

Продолжува судењето на Сеад Кочан


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот на СЈО „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија. Судот треба да сослуша вешто лице […]

Скопје е како во гасна комора


Енормното загадување во Скопје што го имаше вчера, со уште поголема жестина продолжи и утрово. Најголемо загадување, утринава, покажала мерната станица кај Ректорат. Таму се измерени 395 микрограми ПМ10 честички на еден метар кубен. Неколкупати повисоки концентрации на ПМ10 честичките беа регистрирани на сите мерни станици. Според апликацијата Мој воздух, енормно големо загадување има и […]

Во Скопје вечерва не се дише


Во Скопје и вечерва степенот на загаденост на воздухот е на алармантно ниво. Најзагадена населба со највисоки концентрации на ПМ10 честичките е Карпош, каде се измерени 458, како и Ректорат со 417. Во Лисиче концентрацијата на ПМ10 честички е 368, а во Гази Баба 360. Во Центар концентрацијата е 336. Сите овие вредности се многукратно […]

Беким Асани е добитник на француско-германска награда за човекови права


Амбасадорите на Франција и на Германија Кристијан Тимоние и Томас Герберих и премиерот Зоран Заев вечерва во француската резиденција му ја врачија годишната Француско-германска награда за човекови права на претседателот на здружението „ЛГБТ Јунајтед Тетово – Македонија“ Беким Асани. Премиерот Заев истакна дека определбите на Владата се да стои зад секој граѓанин, да ги штити […]

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда


ВМРО-ДПМНЕ и вечерва со протест пред Министерството за правда побара ослободување на приведените пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава. На протестот присуствуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а пред насобраните граѓани се обратија Иван Иванов, Никола Србов, Јасмина Дамчевска и Дарко Костовски. – Целта им е да […]

Како изгледаше првото минирање на Казандол (ВИДЕО)


Инвеститорот на рудникот „Казандол“ денеска почна со минирање, и покрај протестите од жителите на Валандово и околните места и најавите од премиерот Заев дека Владата сака да ја стопира работата на рудниците на југоистокот. Активистите од „Спас за Валандово“ објавија видео од денешното минирање на рудникот во Казандол. „Вака изгледаше првото минирање на само неколку […]

Евтина струја ќе купуваме како пакети за мобилни


Евтината струја што беше воведена од октомври годинава ќе важи до крајот на следната година. Тогаш се очекува целосна либерализација на пазарот на струјa, што значи дека секое домаќинство ќе може само да избира од која компанија ќе се снабдува со струја. Новите снабдувачи нема да бидат обврзани да испорачуваат струја по евтина тарифа од […]

Судот во Солун в среда ќе ја каже одлуката за Грујевски и Бошковски


Идната среда судот во Солун, најверојатно, ќе донесе конечна одлука дали бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски ќе бидат екстрaдирани во Македонија. Тие се обвинети од Специјалното јавно обвинителство во случаите „Тврдина“ и „Таргет“. Денешното рочиште траело речиси четири часа. Според телевизијата „Алсат М“, двајцата влегле во судница со лисици на рацете – Бошкоски облечен […]

Амандманската расправа за законот за јазиците продолжува утре а не на 25 декември


Амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците ќе продолжи утре во 13:00 часот, соопшти вечерва собраниската Комисија за европски прашања. Расправата почна денеска, а претседателот на Комисијата Артан Груби најави дека за амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе се расправа на 25 декември, кога ќе биде третиот и последен ден за расправа по […]

Шилегов: Борбата со загадувањето не е риалити шоу


Постапката за чиста животна средина и за чист воздух не е постапка со филмска брзина, ниту, пак, настап во риалити шоу. Тоа е комплексна работа на која сите треба да се посветат, а и да се откажат од едни навики, доколку се сака да се има здрава животна средина. Ова денеска го истакна градоначалникот на […]

Тензична расправа за законот за јазици-Прекината седница на Комисијата


Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја почна амандманската расправа по Предлог-законот за употреба на јазиците, но нема да расправа за амандманите, туку тоа ќе го стори на 25 декември. Министерот за правда Билен Салиу одби еден од амандманите на Беса. Седницата на Комисијата беше прекината откако претседателот на Комисијата Артан Груби не им даде […]

Мицковски, Милошоски и Петровски во трка за наследник на Груевски?


До правната комисија на ВМРО – ДПМНЕ, односно во архивата на партијата пристигнале првите кандидатури за наследник на Никола Груевски. Како што дознаваме, генералниот секретар Христијан Мицковски, пратеникот Антонио Милошоски и поранешниот директор на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски, и официјално влегуваат во трка за нов лидер на најголемата опозициска партија во земјава. […]

Бејли: И претходно се знаеше за бонусите, јас само ја поттикнав дебатата


Не ја започнав јас приказната со делењето високи бонуси во Државната изборна комисија. Сите вработени таму го знаеја тоа, и не само во Комисијата. Јас го кажав мојот коментар за да почне здрава јавна дебата за тоа прашање, изјави денеска американскиот амбасадор Џес Бејли во Штип, каде пред студентите говореше на тема корупција. На прашањето […]