(ВИДЕО) Мицкоски: Политичката одмазда мора да стане минато


Македонија мора да оди напред. Корупцијата, политичките притисоци, политичката одмазда мора да стане минато, изјави новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по неговиот избор. – Македонија мора да има брз и ефикасен правосуден систем, а не уценет и зависен каков што е сега. Правичноста е најбитна. Судиите наместо да бидат мета на политички притисоци, треба […]

Заврши гласањето: Христијан Мицкоски нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Христијан Мицкоски на денешниот 16. вонреден конгрес е избран за нов лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја доби довербата на делегатите со огромно мнозинство. Од 438 пријавени делегати на конгресот, 376 гласале за изборот на Мицкоски, додека 52 ливчиња се неважечки. Претходно денеска, како што пренесе „Независен весник“, Никола Груевски на конгресот во […]

Хојт Ји: Во 2018 година постои можност Скопје и Атина да го решат спорот за името


Атина и Скопје имаат одлична можност да го решат прашањето за името во 2018 година. Лидерството и добрата волја од владите на двете земји се охрабрувачки, истакна Брајан Хојт Ји, заменик помошник државен секретар на САД во интервју за грчката новинска агенција АНА – МПА. – Лидерството и добрата волја што неодамна ги изразија двете […]

Јакимовски своите поранешни сопартијци ги нарече хиени и лешинари


Никола Груевски покажа нов начин на менаџирање со државата. Се отвораа фабрики, се сечеа ленти, исто така се покачуваа пензиите, граѓаните успеаа да си ги легализираат своите земјишта по цена од 1 евро квадрат, Скопје никогаш не било поубаво од сега. Но лавот иако е најсилно животно, кога е нападнато од многу хиени и тој […]

Груевски: Предавниците на ВМРО-ДПМНЕ се виновни за поразот на изборите


Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ чија неотповиклива оставка денеска беше потврдена на вториот ден од 16. Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Валандово, како една од причините за изборниот пораз на локалните избори ја наведе нелојалноста, односно, како што рече, предавството на луѓе од партијата. – И во моите средби со кандидатите за градоначалници […]

Груевски прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Никола Груевски на конгресот во Валандово беше прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и му беше доделена плакета за благодарност за неговата работа во партијата. Груевски рече дека жали што партијата е истовремено нападната однадвор, но и под внатрешен притисок и неразбирлива реакција од неговите членови. – Останав цврст и стабилен и при најтешките удари, […]

Две сестри избегале од дома, семејството два месеца трага по нив


Две сестри на возраст од 24 и 16 години, уште пред два месеци избегале од дома и оттогаш од нив нема ниту трага ниту глас. Случајот во текот на вчерашниот ден бил пријавен во полиција. – Џ.С.(61) од с. Селце – Тетово пријавил дека од пред два месеца од дома се оддалечила неговата ќерка Г.Е.(24) […]

Груевски: Тепањето во Собранието беше голема грешка


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски, на денешниот конгрес во Валандово зборуваше и за „крвавиот четврток“, кој се случи на 27 април во Собранието, и истакна дека тепањето во Собранието било голема грешка. – Тие луѓе беа поведени од емоции. Но тепањето во Собранието беше голема грешка. Сакаа да создадат перцепција дека зад тоа […]

Груевски: Мандатот го почнав со еден нож во грб, а го завршувам со повеќе ножиња во грб


Сепак, ќе останат да ми ѕунат засекогаш зборовите на едни странски врвни експерти во политички кампањи кои ни помагаа во последната изборна кампања, и кои ден по првиот круг на локалните избори дојдоа кај мене да ми го кажат нивното видување на изборниот процес и кои при крајот на кратката елаборација ми рекоа: господине претседателе, […]

Голема акција на МВР: Уапсени 25 дилери на дрога


Дваесет и пет лица се уапсени под сомнение дека се занимаваат со улична препродажба на дрога. При претресите извршени утрово од страна на полицијата пронајдени се 49 пакувања хероин, околу 1,8 килограми марихуана, таблети екстази, едно пакување амфетамин и една грутка хашиш. Пронајдени и одземени се и четири воздушни пушки, две самоделски пушки, еден гасен […]

(ВИДЕО) Груевски дочекан со овации на конгресот во Валандово


Во Домот на културата во Валандово денеска во 11 часот продолжи со работа 16. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој се очекува да биде избран новиот претседател на партијата. Досегашниот претседател на Никола Груевски на денешното продолжение на конгресот беше пречекан со аплауз и овации од присутните делегати. <iframe width=”800″ height=”420″ src=”https://www.youtube.com/embed/iKF5UbtV7XE” frameborder=”0″ gesture=”media” allow=”encrypted-media” allowfullscreen></iframe> […]

Белград и Милано најатрактивни за Нова година за Македонците


Белград од соседството и Милано од европските градови се градовите каде македонските граѓани годинава сакаат да ги поминат новогодишните празници. Цените на аранжманите за Милано се движат од околу 150 евра за две ноќевања и околу 200 евра за три ноќевања, а во цената е вклучено разгледување на градот и пречек на Новата година. Големиот интерес […]

ВМРО-ДПМНЕ избира нов претседател на партијата


Во Домот на културата во Валандово денеска од 11 часот ќе продолжи со работа 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој што се очекува да биде избран новиот претседател на партијата по оставката на Никола Груевски. Синоќа, на првиот ден од работата на највисокиот партиски орган присуствуваа 411 од вкупно запишаните 544 делегати со што беше […]

Заев: Новиот предлог на „Алијансата“ беше неприфатлив


Премиерот Зоран Заев изјави дека предлозите за испразнетите министерски места се испратени до Собранието на Република Македонија и оти предлогот на Алијансата за Албанците за министерското место за здравство бил неприфатлив. Во гостувањето на „Ноќно студио“ на телевизија Телма, Заев рече дека на никој од коалиционите партнери не му следува министерство по приоритет и оти […]

Многу високи функционери отсутни на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ


На Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ   во Валандово не дојдоа дел од поранешните министри во владата на Никола Груевски, Никола Тодоров, Никола Поповски, Зоран Ставревски и  Владимир Пешевски, кои беа членови на највиоските партиски тела. Исто така пратениците Антонијо Милошоски , Илија Димовски и Трајко Вељановски јавно соопштија дека немаат намера да присуствуваат на конгресот откако […]

ЕЛЕМ и МЕПСО ќе дадат плати за Македонски железници


Владата направила подготовки за проект за транспортно и трговско поврзување на Западен Балкан и прифатила одлуки на двете државни енергетски претпријатија, ЕЛЕМ и МЕПСО, со кои му позајмуваат пари на АД Македонски железници – Транспорт, соопшти секторот за информирање на Владата.Со тие позајмици, се обезбедени пари за неисплатените плати за ноември на вработените во МЖ […]

Заев: Села не останува во Владата


Алијансата на Албанците нема да партиципира во Владата во наредниот период, соопшти вечерва премиерот Зоран Заев. На прашање, во интервју за Телма, дали Зијадин Села останува во Владата, Заев одговори дека не останува. „Предлозите за нови министри денеска се доставени до парламентот”, рече Заев, посочувајќи дека Венко Филипче е дефинитивно предложен за нов министер за […]

Мицкоски: Ќе бидам претседател на сите


Повеќе од 400 делегати присуствуваа на првиот ден од дводневниот 16 Конгрес во Валандово на ВМРО ДПМНЕ на кој што се избира наследник на Никола Груевски. Меѓу нив се актуелниот лидер, поранешениот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, екс градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски како и еден куп други видни поранешни и […]

Почна 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, присутни 411 делегати


Почна работата на вонредниот Конгрес на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од верификациската комисија на Конгресот истакнаа дека од 544 запишани делегати присутни се 411. Со тоа е исполнет условот конгресот да работи согласно Статутот на партијата. Ова е 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој треба да биде избран идниот лидер на партијата, по оставката на Никола Груевски, […]