Дедо Мраз


Лејла Сабит Ги испративме честитките, ја накитивме елката, ги избравме подароците, сега го чекаме Дедо Мраз. За некого мит, за некого заблуда, за некого вистина, за некого лага, за некого надеж, за некого очај, за некого господин, а за некого само дедо со црвен костум и бела брада. Животот е збир на среќа и несреќа, […]

Воведување праведен данок?


Здравко Савески   Додека мнозинството граѓани едвај врзуваат крај со крај, малцинството богати и ултрабогати не знаат на кој сè луксуз да ги фрлат парите. Тоа е Македонија денес. Повеќе од половината работници земаат плата под 15.000 денари. Многумина за таа плата црнчат, ‘рмбаат, работат прекувремено, во саботи, па и недели. А оние другите, оние […]

Иванов ќе потпише со зелено мастило


Ерол Ризаов Претседателот Ѓорге Иванов вчера му се јавил на владиката г.г. Стефан и го замолил да му го позајми на кратко пенкалото со зелено мастило да го потпише указот за својата амнестија од одговорноста за крвопролевањето во Собранието на 27 април. А патем да стави параф за слобода и на другите простосмртни помали грешници […]

Дизелот и белите дробови на децата


Љупчо Поповски Минатонеделниот протест на вработените во Клиничкиот центар околу висината на месечниот билет за паркирање за вработените беше изненадување за јавноста и по жестината и по аргументацијата на незадоволството. Наеднаш се испостави дека тој е толку голем проблем што во неговото разрешување треба да се вмеша дури и премиерот Зоран Заев. Изгледа чудно дека […]

Неподносливата леснотија на амнестијата


Александра М. Митевска  Тоа што од нога беше закажана нова собраниска седница и што во доцни попладневни часови беше донесен Закон за амнестија за 27 април веќе не е најпоразителната вест поврзана со чудните сојузништва што зачестија во законодавниот дом во последната година. Откако уште пред два месеца, кога му гореше под нозе, премиерот Зоран […]

Неспособноста излегува на површина


  Александар Николоски Како што наближува крајот на годината, секогаш почнуваат да се поставуваат прашањата – каква беше годината што помина, дали бевме посреќни, подостоинствени, побогати, полесно ја поминавме или не. Ако на ова се додадат и трошоците кои секогаш се појавуваат на крајот на годината за разните слави и прослави кои кај нас традиционално […]

Трета мајка за НАТО и за ЕУ


Ерол Ризаов До 15 јануари во Македонија ќе пристигнува последната голема тура значајни луѓе, нобеловци, научници, државници, претседатели, премиери, министри, политичари, дипломати, банкари, бизнисмени, високи функционери на ЕУ и на НАТО, новинари и аналитичари на светски познати медиуми. Колку ќе биде неизвесноста поголема за усвојување на уставните амандмани условени од Преспанскиот договор со Грција, толку […]

Војската на Косово како повод


Ѓорѓи Спасов  Одлуката за формирање војска на Косово се доживува деновиве еуфорично и со радост од страна на Албанците во Косово, Македонија и во Албанија. Али Ахмети таа одлука ја поздрави со фотографија во воена униформа на ОВК и со честитки за „монументалното достигнување“. Премиерот на Албанија, Еди Рама, преку Фејсбук го честита формирањето на […]

За борба со корупција се нема време


Кога во март годинава во Антикорупциската комисија изби скандалот со користење неверодостојни налози врз основа на кои на членовите им биле исплаќани патни трошоци, јавноста побара оставки. И, ги доби. Не од сите, туку од петмина сосе претседателот. Двајца не сакаа да се тргнат ни за жива глава. Уште се таму. Имајќи предвид дека кратко […]

Скопје


Никола Поповски Скопје, главниот град на нашата татковина и нејзиниот најзначаен административен, политички, економски, образовен, здравствен, културен, транспортен и урбанистички центар, е на патот кон изумирање. Да, кон изумирање. Градовите, како и сите други структури се раѓаат, растат, созреваат и се гаснат. Полека, незабележливо, за човечки живот невидливо, но се движат по таа патека. Некои […]

Можат ли да одлучат историчарите сами?


Ерол Ризаов Можат ли со децении идеологозирани и политизирани историчари, повеќе патриоти отколку научници, да ги исправаат своите грешки, но и на претходниците од кои учеле, ако нивните дела и откритија ги стимулирала, нарачала, прославила и наградила политиката како големи научни достигнувања. Поточно, има ли на Балканот историчари кои можат да им се спротивстават на […]

Шоуто на Труман за сиромашни


Фросина Факова-Серафиновиќ Главниот лик во филмот „Шоуто на Труман“ не знаеше дека целиот негов живот се снима. Дека јавноста секој ден со нетрпение очекува да го слушне неговото „Добро утро“, „Добар ден“ и „Добровечер“, зборови со кои го почнуваше секој ден и да почнат со воајеризмот. Поминаа речиси две години откако падна режимот и дојде […]

Стејтери, хејтери и скејтери


Звонко Давидовиќ Биди ин, користи рисајкл бин. Биди ин, храни се здраво. Биди ин, не мораш да бидеш фин. Денес не е битно колку си паметен, одмерен, колку знаеш ниту колку вредиш, денес е битно да си ин. А ин си ако се облекуваш онака како што тоа го замислиле и осмислиле квази бербери и […]

Дух


Лејла Сабит Во празничен, новогодишен и во духот на добрососедските односи ја очекуваме новата, надежна, поубава, со поголем стандард, добро здравје и во кругот на најблиските – 2019 година! Лошите искуства, спомени и одлуки ги оставаме во старата 2018 и со позитивни мисли, расположение и со нови планови, очекувања и желби ќе ѝ посакаме добредојде […]

Мали, ситни, правни прашања


Ана Павловска-Данева Во време кога се решаваат „крупни политички прашања“ секое друго, кое не е поврзано со промена на името, Уставот или со амнестија и помирување, станува прашање од второстепено значење. Другите теми на правните експерти не им гарантираат „медиумска“ кариера, ниту пак дополнителен хонорарен ангажман. Пратениците од опозицијата, кои после амнестијата нема да бидат […]

Што ќе руча денеска Груевски


Ерол Ризаов Неизвесноста за усвојување на уставните промени, кои ќе ја одредат иднината на Македонија, големите и сложени судски процеси кои првпат се водат во толкав обем во земјата, постапките за помирување и амнестија во Собранието и маршевите без војска на улиците, судирот меѓу политиката и правото, драматичните вести за нивото на загадување на човековата […]

Манифест за демократизација на Европа


Томас Пикети, Антоан Вокез Во критичен момент за Европа, Манифестот кој следува – кој може да го потпишат сите европски граѓани откако ќе го прочитаат – донесува предлози за совладување на отпорот на политичките промени без апстрактни дискусии; донесува конкретен план за демократизација на европските институции и политики во насока на поголема фискална и социјална […]

Се распаѓа јавниот превоз на Скопје


Јавниот превоз на Скопје е пред колапс, а возењето со ЈСП за патниците секојдневно е сè потрауматично искуство. Наместо брз, ефикасен и еколошки транспорт, каков што заслужува секој современ град, Скопје е заложник на проблемите што ни ги отворија кинеските даблдекери и украинските автобуси, кои по само неколку години се покажаа како многу неквалитетни и […]

Mакедонски макијавелизам: Сатира и упикување


Ило Трајковски Некои човечки дилеми траат откако се светот и векот. А ќе траат сè додека има човек да филозофира, да мисли и дејствува. Да дејствува било како креатор на нови дела, било како пасивен сеирџија или, пак, како апологет и лакташ, седено. Така, деновиве гледаме, читаме и слушаме како со една од најстарите дилеми […]

Македонија ќе игра руски рулет


Ерол Ризаов Скопската Котлина опколена со планини кога нема ветер да ги оддува отровите е меѓу најзагадените подрачја во светот. Оваа стравотна, но многу бајата вест сè уште ќе ја примавме со спокојство како да се работи за некоја далечна, во џенем, индустриска четврт ако загадувањето преку ноќ не стана значајна политичка пресметка. Ќе си […]