Медиумските слободи не смее да бидат половични


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Најмалку 95 новинари ширум светот настрадале вршејќи ја својата работа во текот на 2018 година. Тоа е новата поразителна бројка со која се соочуваме и годинава на меѓународниот Ден на слобода на медиумите. Меѓународната федерација на новинари се огласи со оценка дека нетолеранцијата, популизмот, криминалот и корупцијата се фактори што придонесуваат за […]

Громогласниот молк на „шарените“


ПЕТАР АРСОВСКИ Мислам дека наместо политичариве да се чудат и да сомничат од каде сега се појавија претставниците на „Шарена револуција“, подобро да се запрашаат зошто ги немаше на гласање. Одговорот на ова прашање е важен најмногу зашто претставниците на „Шарената револуција“ се репрезент токму на оние гласачи кои менуваат влади и политички елити, па […]

Зошто ќе гласам за Пендаровски


ЕРОЛ РИЗАОВ Моите читатели знаат дека ќе гласам за Стево Пендаровски, односно против каква било, па и најмала опасност и натаму да се попречуваат и пролонгираат европските перспективи, демократизацијата и побрзиот развој на државата и подобар и поквалитетен живот на идните генерации. На овие определби потрошив над 30 од 43 години поминати во професијата, редовно […]

Синџир на исхрана


ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ Синџирите на исхрана во еден екосистем укажуваат на кое хиерархиско ниво се наоѓа еден организам во исхраната на останатите организми. Оваа положба во синџирот на исхраната на еден организам зависи од тоа дали тој спаѓа во царството на монерите, габите, протистите, растенијата или животните. Зелените растенија секогаш го заземаат првото хиерархиско ниво бидејќи […]

Не е време за дефетизам за ЕУ


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Ако Македонија ја пропушти и следната шанса за добивање почеток на преговори со ЕУ, односно ако Унијата ја пропушти можноста да ѝ пушти уште летово свеж ветар во грбот на земјава и со тоа да му застане на патот на домашниот евроскептицизам што се интензивира последните години, тоа првенствено ќе значи уште […]

Една година дополнително образование го зголемува приходот за 9 отсто


НАНД ШАНИ Кога помислуваме на 1 Мај, денес мислиме на два слободни дена. Краток, но заслужен одмор, скара со семејството и пријателите и можеби и посета на некои од популарните места за излети во околината и слично. Многумина не размислуваат за историјата и настаните познати како Пазарот на житната берза или масакрот што се случил […]

Што се случи во првиот круг на претседателските избори


РОБЕРТ НЕСИМИ Крајно ниската излезеност, фијаското на Владата, недоволно добриот резултат на опозицијата, дебаклот на владините партии во албанскиот блок, како и целосното потфрлање на концептот „консензуален претседател“ се впечатоците од првиот круг на претседателските избори. Излезеност. Она што најмногу го одликува првиот круг на претседателските избори беше крајно ниската излезеност. По обичај, интересот за […]

Компетитивност


АЛЕКСАНДАР КРЖАЛОВСКИ Полека стивнуваат емоциите и реакциите по драматична изборна ноќ, која ја донесе најнеизвесната трка и најблискиот резултат меѓу водечките кандидати од веројатно сите досегашни избори (вклучително и парламентарни и локални). Конечниот резултат објавен од Државната изборна комисија изнесува 4.489 гласа повеќе за Стево Пендаровски, или 0,6 отсто разлика, е изненадувачки блиску, иако најголем […]

За кого ќе гласаат Албанците


ЕРОЛ РИЗАОВ Во ек е сервилно лигавење за албански гласови и за придобивање на разочараните социјалдемократи и вмровци, на традиционално неопределените и бојкотирачите. Големите македонски патриоти, кои проповедаа дека не е национализам да се сака само сопствената нација, им бакнуваат и раце и нозе на тие што на митинзите им кажаа дека не им требаат нивните […]

Што ќе донесе вториот круг


ЃОРЃИ СПАСОВ Пред првиот круг од претседателските избори многумина се плашеа од две работи. Првата беше да не се случат некакви инциденти или неправилности на кое било избирачко место, што опозицијата би го искористила за обвинувања дека изборите не биле слободни и фер и да повика, како во време на референдумот, на јавен или на […]

Рускиот рулет на Сергеј Самсоненко


Сашко Ѓ. Димовски Август 2017 година. На два месеца до локалните избори, шокантна најава за македонската спортска јавност. Сергеј Самсоненко се „истрча“ со писмо во кое порача дека заминува од Вардар пред првиот меч со Фенербахче во плеј-офот за групната фаза во Лига Европа. Како причина наведе „цел куп пишувања од одредени медиуми кои промовирале […]

Македонија го возвраќа ударот зашто ѝ треба правда


АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ Огромниот изборен успех во неделата на професорката Гордана Силјановска-Давкова е најдобар доказ дека државата оди во вистинска насока! Успехот на Гордана се должи на нејзината јасна порака дека на Македонија ѝ треба правда. Во една едноставна порака се собраа сите маки на народот. Се собраа сите изневерени очекувања, сиот гнев и сета разочараност. […]

Победата и поразот како утешение грешним


ЕРОЛ РИЗАОВ Најлесно е да се прогласи победа пред избори. Особено на незавршени избори, кога има втор круг. Тоа на учесниците во натпреварот и на партиските лидери им е пресуден и најважен дел од кампањата да прикажат пред јавноста дека противникот е поразен. Да ги охрабрат своите симпатизери и неопределените кои се најмногубројната „партија“ да му се […]

Може ли службеник да одбие барање на граѓанин


АНА ПАВЛОВСКА-ДАНЕВА Еден од клучните реформски потфати во македонското законодавство, преземен со цел поголема професионализација на јавната администрација, намалување на концентрацијата на моќ во рацете на избраните и именуваните лица (министри, директори и градоначалници), но и зголемување на одговорноста кај административните службеници, претставува воведувањето на обврска во секој орган на администрацијата да се делегира надлежноста […]

КПД: Изборна кампања


ИЛО ТРАЈКОВСКИ КПД овде стои како кратенка за кандидати, пратеници и демос. Трите збора ја опишуваат изборната кампања. Пратениците, истакнати напред, зад нив политичките партии, а уште поназад, демосот (граѓаните или народот, кој како што милува). Партиите посредуваат меѓу кандидатите и граѓаните. Токму тој знак ми се појави како најсоодветен за означување на специфичноста на […]

За поважните работи од претседателските избори


ЗДРАВКО САВЕСКИ Во моментот на пишување на оваа колумна не се знаеја резултатите од првиот круг на претседателските избори. Но тоа не е главната причина зошто во оваа пригода нема да се занимавам со нив. Главната причина е што се ближи Први мај и што не смее да се дозволи претседателските им избори да ја […]

Вториот круг почнува од нула


ЕРОЛ РИЗАОВ Првиот круг на претседателските избори ја заслужи оценката – европски. Првпат во Македонија при избор на шеф на државата немаше посериозни инциденти ниту, пак, приговори кои зборуваат за нарушување на избирачкиот процес. Но натпреварот не е завршен. Ако за првото полувреме може слободно да се каже дека беше како од Премиер лигата, тоа, […]

Трка


ЛЕЈЛА САБИТ Цел живот трка. Со себеси, со другите, со вие , со ти, со времето, со обврските, со семејството, со здравјето, со климата, со годините, со идеите, со стандардот, со килограмите, со изгледот, со стилот… На кратки или на долги патеки, преку ноќ, со врски, сами, со години, со договор, на определено или неопределено […]

Приказната за судството веќе стана банална


ФРОСИНА ФАКОВА- СЕРАФИНОВИЌ Еден ден пред предизборниот молк, „Илија Громовник“ нè врати пред неколку години, распука неколку „бомби“ со сочни озборувања и пцости, кои уште еднаш нè потсетија на главните протагонисти од минатите „бомби“, ама ни покажаа дека не биле безгрешни ниту оние што ревносно се бореа против таа власт. И додека во минатите јавно […]

Можни ли се скандинавски избори


ЕРОЛ РИЗАОВ Скандинавски, или барем пристојни европски избори, би била најдобрата препорака не само за почнување на преговорите со ЕУ туку најсилен доказ за европската припадност и стремеж на Македонија културно, цивилизациски, политички, економски и географски. Веродостојни претседателски избори би ги потврдиле на најдобар начин големината и значењето на промените кои ја ослободија заробената држава, […]