Преговори или избори


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Дали сме поблиску до датум за почеток на преговорите со ЕУ и до реконструкција на извршната власт или до нова политичка неизвесност и можни предвремени парламентарни избори? Тоа се две потенцијални траектории низ кои би продолжила државата откако премиерот Зоран Заев токму од Брисел порача дека сите, помалку или повеќе непопуларни потези […]

„Сваровски“ битанги


ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ  Од паркираните полициски џипови пред Основниот суд Скопје 1 излегуваат полицајци во маскирни униформи и водат судии со лисици на рацете кон судот. Приведените се судии од одделот за прекршоци на истиот тој суд во кој ги водат за да им се соопшти за што се товарат и да им се определат мерките […]

Ин мемориам за татковците на големите лаги


ЕРОЛ РИЗАОВ  Сега кога членството во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ станаа реалност за иднината на земјата, треба постојано да се потсетуваме за никогаш да не се заборави како во поновата историја најголемите македонски лаги еволуираа во вистини. Ова е неопходно за нашите натамошни тешки битки против краткото памтење, против примитивизмот и заостанатоста, […]

Златен медал за замајување


ФРОСИНА ФАКОВА – СЕРАФИНОВИЌ Осомничениот бизнисмен Орце Камчев го прими златниот медал во Келн, а институциите добија златен медал за замајување на јавноста. И да не станеше Вардар европски шампион, немаше да дознаеме дека Орце и други осомничени од „Империја“ може летово да одат на море. По три дена од големата победа, кога најбогатиот осомничен […]

Сивата економија во земјата на сивилото


ЗДРАВКО САВЕСКИ Деновиве беше објавено дека плаќањата во готово во иднина ќе бидат ограничени на 500 евра. Тој износ е повисок од месечните приходи на голем дел од населението. И тој дел од населението ретко купува стоки и услуги над 500 евра. Едноставно, нема толкава куповна моќ. Поради тоа, оваа мерка нема да предизвика некое […]

Каде оди Европа, а каде Македонија?


АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ Деновиве во Брисел се одржа првото Политичко собрание на Европската народна партија (ЕПП) по изборите за Европскиот парламент. Беше исклучително интересно да се слушне од прва рака како водството на најголемата европска партија, како и претставниците на најголемите европски партии во своите држави, ги објаснуваат и ги гледаат резултатите. ЕПП и по овие […]

Господари на ракометот


САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Вардар ја сними и втората сезона од ракометната серија бајки со наслов „Господари на Лигата на шампиони“. Враќањето на елитниот трофеј во Скопје ги крена граѓаните на нозе и ги држеше будни до доцна во ноќта. Песни, скандирања (на моменти и невкусни со политичка конотација и говор на омраза што треба да […]

Малите букви во извештајот


НИКОЛА ПОПОВСКИ Познато е непишаното старо правило дека кога земате банкарски кредит, или во поново време кога се преплатувате на услуги за мобилна телефонија, внимавајте на членовите и фуснотите од договорот што се напишани со мали букви. Тие можат да ја одредат суштината и перспективите за успешно враќање на кредитот или прифатливите цени на многуте […]

Оправдано отсутен


ЃОРЃИ СПАСОВ Да умревме вчера, немаше да дознаеме дека мозокот на грабежот на столетието во Македонија, почесниот претседател на македонската најреволуционерна организација, да ти бил „оправдано отсутен“ од земјава. Нему, според почитувачите на неговиот лик и дело, не му било дозволено од Будимпешта, во која доби политички азил, да го известува претседателот на Собранието дека […]

Кој ќе нè чува од чуварите?


НИКОЛА ДУЈОВСКИ Реформите на безбедносниот сектор, поттикнати од незаконското следење на комуникациите и политичките консеквенции, кои предизвикаа и вонредни парламентарни избори, треба да ја отсликаат општествената реалност и да овозможат простор за развој на сите останати државни сектори. За високото реално влијание врз општеството, кое го имаат овие служби, говори и фактот што остатоците од […]

Совет


ЛЕЈЛА САБИТ Во Македонија секој знае сè, секој знае повеќе од вас, никој не трпи критики, сите чекаат аплаузи отколку свирежи, сите сакаат гага отколку да платат, да фаќаат сеир отколку сериозен муабет, сите сакаат да делат совети отколку да примаат, сите сакаат да се ин отколку аут, да слушаат лажни отколку лоши вести. Советите […]

Вардар од Миравци до Швајцарија, и назад


Сашко Ѓ. Димовски Нумерата „Мој је живот Швицарска“ од Дино Мерлин совршено одговара на случувањата во Вардар во изминатите шест месеци. Земјата позната, меѓу другото, по Алпите, чоколадата, часовниците, се претвора во судбина за најтрофејниот македонски фудбалски колектив. И секако, ноќен кошмар. Клупското поштенско сандаче веројатно е преплавено од кореспонденција со меѓународните спортски институции. На […]

За еднаквоста


ПЕТАР АРСОВСКИ ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, алудирајќи на фактот дека не би имале којзнае колку против доколку му се одземе мандатот на Груевски, доста помпезно ни го објави својот заклучок дека законот бил еднаков за сите. Малку иронично звучи таа мантра, сè додека токму Груевски останува почесен претседател на партијата, особено ако се има предвид дека […]

Груевистите токмат алиби за Европа


ЕРОЛ РИЗАОВ Македонија го трча десеттиот круг за влез во Европа. Деветте маратони со свидетелства и преодни оценки на европските комисии, дека тркачот стигнал до целта и дека е подготвен за отпочнување на преговорите со ЕУ, не ги импресионираа многу тие што вистински одлучуваа за достигнувањата на 14-годишниот вечен кандидат од Балканот. Стара Европа е […]

Самракот на автократот од Карпатите


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Елегичниот почетен стих „What a difference a day made“ (Каква разлика прави еден ден) на истоимената легендарна песна на Дајна Вашингтон имаше неверојатна политичка парафраза во неделата и понеделникот во Романија. До неделата изутрината Ливиу Драгнеа, неоспорниот господар на Романија, имаше сè под своја рака. Како претседател на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД) тој […]

Кристално чиста препорака за нејасна иднина


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Еврокомесарот Јоханес Хан и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини,  вчера застанаа цврсто зад препораката за преговори за членство со Македонија. Ги употребија сите аргументи и сите „оружја“ за да ги убедат земјите членки дека нивната одлука треба да биде потврдена и дека таа ќе биде пресвртна за нас и за регионот. […]

Американската илузија за растот


ЏЕФРИ САКС  Националната политика во Соединетите Американски Држави стана поробена од макроекономски индикатори кои имаат мало влијание врз вистинската благосостојба. За многу коментатори, стапката на пораст од 3,2 отсто за првиот квартал од 2019 година, заедно со падот на стапката на невработеност на 3,6 отсто во април, значи дека економските политики на претседателот Доналд Трамп […]

Заев во опасна трка со времето


ЕРОЛ РИЗАОВ Големината и радикалноста на смените и ротациите на владините и партиските функционери на социјалдемократите нема да имаат големо значење ако на премиерот Зоран Заев му падне стрелката на часовникот во симултанката што ја игра во цајтнот. Иако е во добитна позиција, може да ги изгуби и партијата и владата. Тоа би било поголема […]

Каде оди Европа?


АЛЕКСАНДАР КРЖАЛОВСКИ  Во изминативе неколку дена, во сите 28 земји членки на Европската Унија, сосе Велика Британија, се одржаа редовните избори за Европскиот парламент. Главните гласања беа во неделата, кога се одржаа изборите во мнозинството ЕУ-држави. Изборите беа исчекувани со релативно голема неизвесност, во однос на тоа што ќе кажат гласачите, односно во кој правец […]

Народен суд


РУМЕНА БУЖАРОВСКА  Бев дел од „Шарената револуција“. Се гордеам со тој факт. Сцените во кои масовни толпи луѓе по долги години молк и страв посветено и редовно излегуваа на улица, здружено скандираа и со балони боја ги испогаѓаа одвратните споменици, симболи на репресијата и корупцијата, симболи материјализирани во криминалното „Скопје 2014“, ме исполнуваат со неверување […]