Нашите најсакани и најомразени политичари


Најпопуларен политичар кај мнозинството Албанци во Македонија е премиерот на Косово Албин Курти. Кај најголемиот број Македонци претседателот на Србија Александар Вучиќ е најсаканиот лидер и пријател. Овие два волка, тоа и на двајцата им значи презимето курт и вук, ја есапат Македонија како Црвенкапа. Румен Радев, претседателот на Бугарија, кој се претставува како ловџијата кој ја присвојува […]

Мојот страв и омраза


Веќе долго време сакав да пишувам за ова. Па, нека биде првиот пост по новата пресуда. Практично исповед. Треба да ја надминам оваа омраза и страв, можеби ќе ми помогнете со ова. Омраза. Луѓето секогаш прашуваат многу за ова, и повторно писмата одеа: добро, дали го мразиш судијата? Дали го мразиш Путин уште повеќе? И […]

Зошто Илон Маск го уништува Твитер?


Дом Лукре, истакнат десничар и следбеник на Трамп, познат по ширењето теории на заговор, твитна снимка од злогласното видео за експлоатација на деца на 22 јули – наводно за да разоткрие некој кој веќе бил кривично гонет и осуден за поседување на прикажаниот материјал. Тимот на Твитер за сексуална експлоатација на деца ги отстрани видеата […]

Навраќање на Илинден


За почеток еден пролог околу она што постојано го зборува американската амбасадорка Анџела Агелер – за владеењето на правото. И ако може да разбереме колку се далеку овие два света – американскиот и македонскиот. Вчера, петок, се одржа драматично рочиште во Вашингтон, кое би можело да го постави тонот на претстојното судење на поранешниот претседател […]

И ние си имаме Радев


Бидете спокојни, во Македонија нема да има уставни промени. Со овие зборови лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одолева на сите „закани“ што, како аргументи и пораки, стигаат од земјите пријатели на Македонија. Единствените аргументи за кои има слух и им верува се бугарските, зошто може да ги спакува како „диктат“ од Софија, која според него […]

Климата сега е прашање на културна војна


Разбирањето на негирањето на климата порано изгледаше лесно: сѐ беше околу алчноста. Навлезете во позадината на истражувач кој го предизвикува научниот консензус, тинк-тенк кој се обидува да ја блокира климатската акција или политичар кој ги прогласува климатските промени за измама и речиси секогаш ќе најдете голема финансиска поддршка од индустријата за фосилни горива. Тоа беа […]

Ќе го растури ли ВМРО ДПМНЕ Собранието?


За десет дена во Собранието ќе почне една од најзначајните дебати по осамостојувањето на Република Македонија. Пратениците ќе расправаат дали ќе го отворат патот за  уставни измени кои ако се усвојат водат кон членство на земјата во Европската унија, ако не се усвојат кон неизвесност за иднината на државата. Судејќи според денешниот однос на силите власт-опозиција […]

Европа мора да ја предводи обновата на Украина


Кој треба да плати за повоената обнова на Украина? Набргу по инвазијата на Русија, моите коавтори и јас проценивме дека обнова на земјата ќе чини околу 200-500 милијарди евра и повикавме Европа да ги предводи напорите за обновување. По повеќе од 500 дена смрт и уништување, проектираните трошоци веројатно најмалку се удвоиле. Следствено, потребата Европа […]

До кога ќе растат каматите


Не им е лесно на оние кои имаат кредити во банките, особено на корисниците на станбени кредити на кои им е поминат „медениот месец“, односно периодот на релативно ниски фиксни камати, а кои по правило е за првите три или пет години од отплаќањето на ратите. Причината се променливите каматни стапки кои во изминатиот период […]

За љубовта на Трамп


Не треба да има смисла. Доналд Трамп штотуку беше обвинет за четири кривични дела, вклучително и измама на Соединетите Држави и заговор за лишување на Американците од нивните гласачки права. Трамп, исто така, се соочува со 40 обвиненија, вклучително и прекршување на Законот за шпионажа, пред федералниот суд на Флорида и 34 обвиненија за кривични […]

Гоцевата шума уште гори


Пожарот во Гоцевата шума кај Неготино е изгасен, јавија официјалните извештаи. Меѓутоа, шумата на Делчев повторно пламна. Таа веќе од поодамна гори и тоа на 25.000 квадратни километри. Тоа што растело 120 години, пламенот го голта за еден час. Тие што ја запалија шумата ветуваат дека ќе посадат уште поубава и поголема и дека за […]

Хрватска: Приказната за државата и заробувањето на медиумите


Изгледаше, едноставно, нестварно. Загреб, Хрватска, Европска унија, 2018 година. Претседателот на Здружението на новинари на Хрватска, Хрвое Зовко, седи во публиката и молчи на прес-конференцијата во Хрватското новинарско здружение. А темата е цензура, хаос во програмата и закана за отказ од јавната телевизија. На Зовко му се заканува отказ. Бидејќи на надредената уредничка Катарина Периша-Чакарун […]

Судскиот совет се претвори во секта


И новинарите и аналитичарите веројатно ги загубија сите возможни зборови да го објаснат и да го протолкуваат она што се случува во Судскиот совет. Можеби тие ги загубија зборовите, но членовите на Судскиот совет имаат недофатливо широко поле за скаламуции во кое наоѓаат неверојатни можности за понатамошно уништување на угледот на институцијата и калапење придобивки […]

Барби не може да ја поднесе вистината


Клеветен и исмеван меѓу критичарите, „Индијана Џонс и артефактот на судбината“ – петтиот и последен дел од познатата франшиза – сепак се занимава со еден од централните проблеми на модерноста: разликата помеѓу фантазијата и реалноста. Сместена во 1969 година, приказната се врти околу обидите на Џонс да лоцира антички уред – Артефактот – за кој […]

Штедењето ја уништи Европа, и сега се врати


Во 2008 година Европејците заработуваа, збирно, 10% повеќе од Американците. До 2022 година, Американците заработуваа 26% повеќе од Европејците. Оваа недела „Волстрит џорнал“ потврди дека Европејците стануваат посиромашни не само колективно, туку и приватно. Овој шокантен пресврт на среќата беше предизвикан од невиденото ниво на штедење што европските влади го нанесоа на нивните економии по […]

Светска банка ја одразува нашата амбиција


Светските лидери се премногу запознаени со предизвиците на глобалната заедница – губење на напредок во нашата борба против сиромаштијата, егзистенцијална климатска криза, ново закрепнување по пандемијата и осакатувачка војна на границите на Европа. Но, под површината, длабоката недоверба тивко ги разделува глобалниот север и југ во време кога треба да се обединиме ако сакаме да […]

Дали македонскиот воз ќе замине или ќе остане на перонот?


Повторно денес во Собранието треба да биде доставен предлог-закон кој се однесува на европската иднина на државата. Тоа е суверен избор што ќе треба да го направи Собранието. Во текот на изминатите 365 дена се разговараше многу на оваа тема. Овие дебати досега не беа доволни за да се постигне политички консензус. Но тие овозможија […]

Брич за диктаторот


Нешто пред седмата минута на „Тема на денот“ со Сашко Георгиев, претседател на Судскиот совет (на Сител, пред околу две недели), водителот (Валентин Николовски) го прашува претседателот на Судскиот совет: „Дали вашиот статус согласно Законот и Уставот генерира толку голема моќ, дури и поголема или еднаква на избраните функционери на избори, што ви дава статус […]

Од „царот Путин“ до „колективниот Путин“


Тоа беше незаборавен политички спектакл. На 21 февруари 2022 година, во пресрет на целосната војна на Русија против Украина, претседателот Владимир Путин претседаваше со телевизиски состанок во живо на Советот за национална безбедност на Русија. За време на состанокот тој побара од членовите на Советот да се изјаснат дали го поддржуваат предлогот Москва да ја […]

Русија и долгата сенка на Версај


Дебатата за користење на замрзнати руски средства за финансирање на реконструкцијата на Украина е на врвот. Аргументите во прилог на тоа се убедливи. Приговорите се слаби. Но, може да има и несакани последици. Канада усвои закон со кој се дозволува прераспоредување на руските средства во име на Украина. Во Соединетите Држави, четворица членови на Конгресот […]