Ова ВМРО или она ВМРО


Имаше една многу интересна епизода на годинашнава конференција на британските конзервативци, каде четворицата кандидати за наследник на престолот на ториевците  се претставија во некаков „натпревар по убавина“. Таа епизода, всушност, јавно го покажа духот на Маргарет Тачер кој продолжува да ги прогонува конзервативците. Во Бирмингем, каде што се одржуваше конференцијата, имаше сеанса за Маргарет Тачер; настан […]

Како Израел губи и кога победува


Пред една година, Хамас уби околу 1.200 луѓе – претежно цивили – во Израел и зеде повеќе од 250 заложници. Оттогаш, Израел претвори голем дел од Газа во урнатини; Наводно, повеќе од 40.000 од неговите жители се убиени, бројка што вклучува 10.000-20.000 милитанти на Хамас. Над 700 израелски војници ги загубија животите борејќи се со […]

Кога сите се против нас


„Ништо повеќе не ја зближува една мала нација како што е чувството дека сите се против неа“. Пред патриотските партиски ботови да почнат да ме пцујат со редовната порција навреди поради оваа констатација за зближувањето на една мала нација, бидејќи по нивниот терк ние сме голема нација, со славно минато, против која е безмалку сиот свет, да […]

Да се направи Европа повторно слаба


По 5 ноември, светот ќе знае дали Американците се оддалечиле од глобалното лидерство или одлучиле да го задржат, заедно со посветеноста на нивната земја на долгогодишни сојузи како што е НАТО. Ова се остри алтернативи претставени од изолационистот Доналд Трамп и потпретседателката Камала Харис. Но, додека светот немирно гледа како се одвиваат изборите во САД, […]

Историското „не“ на Мицкоски


По одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ некои го оправдуваат, па и го фалат, премиерот Христијан Мицкоски затоа што останал доследен на своето предизборно ветување дека тој нема да прифати промена на Уставот и внесување на малубројната бугарска етничка заедница во него. Во овие реакции има одушевување од доследноста на Мицкоски во […]

Дали Македонија ќе стане место каде што ќе завршува јагленот од регионот?


Ќе доживее ли Македонија да биде земја без јаглен за производство на електрична енергија? Брзата лента на која се наоѓаше државата (барем декларативно) на патот кон енергетска транзиција е заменета со бавна лента. Потврда за ова се пролонгираните рокови кои ги обелодени првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити на почетокот на месецов […]

Поделени улогите во политиката на емоции


Во македонската политика на емоции власта ги подели улогите на главните јунаци по поразот на рациото за остварување на најголемите државни интереси. За народен херој е прогласен премиерот Христијан Мицкоски. Тој ја игра главната улога на праведник и национален водач кој го враќа достоинството и гордоста на народот „Македонија пак твоја“. Сложеноста на улогата на премиерот […]

Нова трилема ја прогонува светската економија


Во 2000 година напишав шпекулативен текст  за она што го нареков „политичката трилема на светската економија“. Моето тврдење беше дека напредните форми на глобализација, националната држава и масовната политика не може да коегзистираат. Општествата на крајот би се решиле на (најмногу) две од три. Јас предложив дека нацијата-држава ќе биде таа што ќе попушти на […]

Мицкоски го виде Брисел, и Брисел го виде него


Мицкоски го виде Брисел, а и Брисел го виде него – е кратко кажано заклучокот од првата посета на премиерот на ЕУ од која се очекуваше многу, во смисла да открие како ќе ги продолжи преговорите за членство во Унијата и како ќе го оствари ветувањето – дека ќе издејствува подобар договор со Бугарија.  Она […]

Учиме српски: адинатон


Немате поим што е адинатон, а сте го слушнале безброј пати. Станува збор за стилска фигура чие име доаѓа од грчкиот ἀδύνατον, „неможност“ и означува перифраза извeдена, како што кажува самиот збор, над границата на можното, нешто што нема природна и физичка шанса да се случи. Накратко, адинатон е убав начин да се каже „никогаш“: […]

Кој ќе го плати зголемувањето на пензиите?


За неколку дена пензионерите ќе добијат 2.500 денари поголеми пензии. Линеарното зголемување на пензиите, што значи дека сите се еднакви, популистичкиот метод е напуштен уште од времето на еднопартискиот систем, во Македонија го обнови владата на Никола Груевски. Неговите следбеници во ВМРО-ДПМНЕ сега повторно го воведоа овој нефер начин како пропагандна предизборна кампања. Се фалат […]

Зошто Римската империја сѐ уште е важна?


Минатата година, трендот на социјалните мрежи покажа жени кои ги прашуваа мажите колку често размислуваат за Римската империја. Одговорот, се чинеше, беше „многу“: многу мажи тврдеа дека античката империја им поминувала на ум неделно, па дури и секојдневно. Тоа не го изненади Мајк Данкан, водителот на популарниот поткаст „Историја на Рим“, а веројатно не и […]

Што научив од стариот фашист


Зошто либералите и левичарите сè уште немаат одговор за подемот на радикалната десница? Кога владите и мејнстрим партиите ќе ја усвојат „лајт“ варијантата на антиимигрантските агенди, фашистите намирисуваат крв во водата и нивниот апетит за суровост експлодира Што научив од стариот фашист Неодамнешните безредија во Велика Британија уште еднаш ја покажаа неспособноста на либералите и […]

Кога ќе почнете да месите зелник?


Со нетрпение ја очекувам ексклузивната телевизиска најава кога премиерот, претседателот на државата, министрите и партискиот пропаганден врв на власта во раните утрински часови, опашани со кецели и со тавата во раце, ќе вртат палачинки и ќе месат зелник. Таков спектакуларен директен ТВ пренос не смеам да пропуштам. Тоа ќе биде многу позабавно од наездата за големите успеси […]

Како Александар Николоски користи алтернативни факти


Зошто политичарите сакаат да претеруваат, да потценуваат, да манипулираат со факти, а не често и да лажат? Веројатно заради самата природа на политиката. Особено овде. Во Македонија јадрото на политиката е да се оцрнува политичкиот противник (па и оној кој не учествува во политичките настани) што е можно повеќе, секој ден ако треба, со вистинити […]

На крвотокот на Скопје политичарите му ги сечат жилите


Единствениот вид јавен градски превоз во метрополата на нашата држава е во бавна умирачка, а години наназад, освен со по некоја „инфузија“ од нови автобуси, тој само се девастира. Ако на времето се промовираше како „крвотокот на Скопје“, поради препознатливата црвена боја на автобусите, сега слободно може да кажеме дека овој организам боледува од тешка […]

Макрон го избра Барние и ја стави својата судбина (и на Франција) во рацете на Ле Пен


Чекањето два месеци за нов премиер можеби е стандардна процедура за Белгијците, Холанѓаните, Германците или Италијанците, каде има продолжени коалициски преговори, но на Французите 50 дена им изгледаа како неиздржлива вечност. Ова не беше начинот на кој работите требаше да бидат во Петтата република, со устав изготвен во 1958 година за да обезбеди стабилно парламентарно […]

Му платив на моето дете 100 долари за да прочита книга. Најдобро потрошени пари


Ова лето ѝ платив на мојата 12-годишна ќерка 100 долари да прочита книга. Што се однесува до маневрите на мајката, тоа беше дефинитивно последен пат и големината на парите беше секако преголема. Не можам да кажам дека сум горда – но сум исклучително задоволна. Затоа што планот функционираше. Работеше толку добро, би им препорачала на […]

Не ја оправдавме независноста на Македонија


На 8 септември, в недела, во Македонија ќе се одбележува 33 години од независноста. Веќе ги гледам како и секоја година познатите слики и снимки од прославата на скопскиот плоштад, по референдумското изјаснување 1991 година. Наздравување со шампањско, честитки до граѓаните од првиот претседател на државата Киро Глигоров и од првиот премиер Никола Кљусев. Се […]

Може ли Камала Харис да биде следниот Ричард Никсон?


Пред 50 години во август, Ричард Никсон поднесе оставка како претседател на САД. Со сите очи вперени во ноемвриските претседателски избори, годишнината дава повод да се разгледаат вродените противречности на американското политичко раководство. Злоупотребите на извршната власт на Никсон беа во остра контраст со неговите достигнувања во надворешната политика. Како признаен антикомунист, тој го изненади […]