Алијансата и Алтернатива ќе протестираат заради полнење кутии на изборите


Алијансата на Албанците и Алтернатива ќе одржат протестен марш со порака „Доста е“, со цел да го изразат револтот против злоупотреба на гласовите и полнење на кутиите на изборите, најави генералниот секретар на АА , Арбен Таравари во отвореното студио на ТВ 24. Протестот ќе се одржи во понеделник и ќе почне од скопски Чаир, […]

Заев: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се аутсајдери


Преговорите за формирање на владата ќе почнат веднаш по илинденските празници. Бројките се јасни, СДСМ и коалицијата „Можеме“ на овие избори обезбедија најмногу пратенички места, кристално чисто е кој го има мандатот, вели во интервју за А1 ОН лидерот на СДСМ Зоран Заев. За него, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се „аутсајдери“, а на изборите покажале дека […]

Сите најавија никој не тужи: До 10 часот никој не поднел тужби до Управниот суд


До Управниот суд до утрово до 10 часот не се пристигнати тужби од политичките партии, откако Државната изборна комисија едногласно ги отфрли сите 2.142 нивни приговори за предвремените парламентарни избори, информира за МИА претседателот на Управен суд Бурим Сејдини. ДИК треба да ги достави решенијата за одлуките до политичките партии, по што почнува да тече 24-часовниот […]

Тече рокот за поднесување тужби до Управен суд


Тече рокот за поднесување тужби до Управниот суд откако Државната изборна комисија едногласно ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори. ДИК треба да ги достави одлуките до политичките партии и потоа почнува да тече 24-часовниот рок за поднесување на тужби, по што Управниот суд има 60 часа за да одлучи. […]

Реакција од СДСМ: Мицкоски е шпицен аутсајдер


Откако врвот на ВМРО-ДПМНЕ го овластил Христијан Мицкоски да трага по парламентарно мнозинство, од СДСМ реагира дека „Мицкоски е шпицен аутсајдер, кој после трет пораз на избори одбива да се помири дека граѓаните не ги поддржуваат неговите груевистички политики“. Според СДСМ, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се изгубени и во просторот и во времето. „Мицкоски губи […]

Левица бара отповикување на признавањето на Косово, Јужна Кореја и Израел и итно отчленување од НАТО


Политичката партија која освои два мандата на предвремените парламентарни избори во својата програма од сферата на надворешната политика, освен јасните заложби за поништување на Преспанскиот договор и ревидирање на Договорот за добрососедство со Бугарија, нуди специфични решенија со кои би можел да се предизвика радикален пресврт во македонската надворешна политика, пишува „360 степени“. Една од […]

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ го овластил Мицкоски да трага по парламентарно мнозинство


Оценувајќи дека изборите се одржале во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласачите, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Христијан Мицкоски „да продолжи со разговори во обидот за составување на ново парламентарно мнозинство“. Според соопштението на партијата „Извршниот комитет заклучи дека изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната […]

Дерковски: Приговорите од ниту еден подносител не беа целосни


Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вели дека Комисијата ги одбила или отфрлила сите приговори во однос на изборниот процес затоа што, како што посочи, ниту еден од нив не бил целосен и поткрепен со докази и записници. -Немаше воопшто докази за приговорите и во тоа беше проблемот, рече тој во гостувањето на Топ […]

До Управниот суд сè уште нема пристигнато ниту една тужба од политичките партии


До Управниот суд на Република Северна Македонија сè уште нема пристигнато ниту една тужба од политичките партии, иако повеќето најавија дека ќе се жалат на одлуката на Државната изборна комисија да ги одбие нивните приговори. – До Управниот суд сè уште нема пристигнато ниту една тужба од политичка партија. Откако ќе пристигне Управниот суд во […]

И ВМРО-ДПМНЕ ќе го тужи ДИК


ВМРО ДПМНЕ, коалицијата Алијанса и Алтернатива и Левица ќе ја искористат и последната инстанца за своите тужби кои ќе ги поднесат до Управниот суд. ВМРО ДПМНЕ бараше рачно пребројување на сите гласачки ливчиња но барањето едногласно беше одбиено од ДИК со образложение дека гласачките ливчиња веќе биле рачно преброени од избирчаките одбори. И од коалицијата […]

Кекеновски обвинува: Место името на коалицијата ДИК го ставил името на партијата


Коалицијата никогаш северна само Македонија“„ поднесе кривична пријава против претседателот на ДИК, Оливер Дерковски и другите членови бидејќи на избирачкото ливче место официјалното име на коалицијата стоело името на партијата „Единствена Македонија“. -И покрај уредното доставување и примените листи од страна на ДИК на кандидати за пратеници во сите шест изборни единици за вонредните парламентарни […]

Засега мандатите остануваат исти, Собранието треба да се конституира до 4 август


На тричасовна седница, едногласно, членовите на Државната изборна комисија синоќа ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од политичките партии за предвремените Парламентарни избори. Оценка на членовите на ДИК беше дека приговорите се без докази, а најголем дел од оние што беа поднесени од Левица немаа ниту потпис од овластен претставник. За барањата за рачно броење […]

ДИК ги отфрли сите приговори поднесени за изборите


Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори. За 1.478 приговори од вкупно 1.982 поднесени од Левица, членовите на Комисијата утврдија дека тие немале потпис од овластениот претставник и немаат печат од подносителот на листата, додека за другите 504 потенцираа дека не се поткрепени […]

Кондарко за приговорите: ДИК не работи според Фејсбук, туку според закон


Борис Кондарко на денешната седница на ДИК истакна дека сите записници на избирачките одбори биле чисти и потпишани од целокупниот состав. Не виделе ниту една забелешка за текот на гласањето, ниту за сумирањето на резултатите. Согласно изборниот законик, сите учесници имаат право на свои партиски претставници кои ја следат работата на гласањето. „Имавме регуларни избори. […]

ДИК отфрли 1.478 приговори за изборите од Левица


Државната изборна комисија (ДИК) ја започна седницата на која ги разгледува и одлучува по 2.142 приговори поднесени за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на предвремените парламентарни избори. Членовите на Комисијата отфрлија 1.478 приговори од вкупно 1.982 поднесени од Левица, бидејќи немале потпис од овластено лице. Вкупно 151 приговор […]

ДИК закажа седница за приговорите околу изборите


Државната изборна комисија за денеска за 18:00 часот ја закажа седницата на која ќе започне разгледувањето и одлучувањето по 2.142 приговори поднесени за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на предвремените Парламентарни избори, за што рокот заврши соноќа во 19:30 часот. Најпрво ќе се разгледуваат приговорите поднесени за постапката […]

ДИК ќе решава за поднесените 2.141 приговори за сумирање и утврдување на резултатите од изборите


До Државната изборна комисија вчера до 19:30 часот кога истече рокот поднесени се вкупно 2.141 приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите. ДИК треба да се произнесе по приговорите во рок од 72 часа. Се очекува ДИК да закаже седница денеска, а нјдоцна во понеделеник на која јавно ќе ги разгледа […]

Левица ја затрупа ДИК со 1.982 приговори


Утре и задутре Државната изборна комисија ќе има огромна работа само да ги прегледа приговорите на изборите што ги поднесе Левица, а уште поголема да расправа и одлучува за нив. На десет минути пред истекот на законскиот рок Левица поднесе 1.982 писмени приговори (спакувани во четири регистратори). Лидерот на партијата, Димитар Апасиев, напиша на Фејсбук […]

По 30 години СДСМ победи во Општина Новаци на парламентарни избори


Од бастион на ВМРО-ДПМНЕ Новаци по локалните избори во 2017 се претвори во упориште на СДСМ. Во Битола, СДСМ победи во центарот на градот, а ВМРО-ДПМНЕ во периферните населби   БИТОЛА – По триесет години од првите повеќепартиски парламентарни избори во Македонија во Општина Новаци победи СДСМ со коалицијата. Новаци како дел од Пелагонија од […]

ДИК се поправи: Пресмета дополнителни 1.416 гласачи и плус 98 неважечки ливчиња


Државната изборна комисија попладнево донесе заклучок за исправка на технички грешки. Поточно информираат дека се вршат исправки на техничките грешки при објавувањето на бројките од четвртокот доцна попладне по завршувањето на предвремените парламентарни избори. Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња. Па така, сега соопштија дека всушност […]