Зибери очекува поддршка од сите етнички заедници


Кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери денеска пред Владата одржа прес-конференција на која презентираше делови од својата програма. -Пред една недела, го презентирав мојот акционен план за моите први 100 дена како прв премиер Албанец, тука на истото место, пред зградата на Владата. Дваесет и пет конкретни мерки што ќе ги спроведам со најголем […]

Села ќе го спасува ДУИ од заробеништво


Коалицијата „Сега е време“ меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата, одржа митинг во село Форино во Гостивар. Носителот на шестата изборна единица, исто така претседател на Алијанса за Албанците, Зиадин Села објаснувајќи делови на изборната програма, се фокусираше на ограничување на коцкањето и нагласи дека во првите сто дена по доаѓањето на власт ќе донесат […]

Бачев бара на врвните функции да бидат само Македонци


Денеска караванот на Единствена Македонија и коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ е во Росоман, Кавадарци и Неготино. Претседателот на Единствена македонија, Јанко Бачев, изјави дека бил задоволен оти граѓаните „масовно ја прифаќаат нашата платформа и нашите идеи во оваа изборна кампања“. Тој ја претстави платформата „Битка за Македонија“ во која има 10 стратешки определби со […]

АВМУ: Анкети за изборите до 9 јули


Најдоцна до 24 часот на 9 јули може да се објавуваат резултати од испитувања на јавното мислење во врска со Предвремените парламентарни избори закажани за 15 јули, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, потсетувајќи ги радиодифузерите на одредбите од Изборниот законик за објавување резултати најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување […]

ДУИ не се вознемирува од пораките на Заев да оди во опозиција


ДУИ не се вознемирува од пораките на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека по 18 години власт треба да оди во опозиција и дека тоа е здраво за оваа партија. Напротив, смета дека ова е само предизборна реторика. Според Насер Зибери, кандидатот за прв Албанец премиер, како што го прогласи ДУИ, во повеќепартиски систем волјата […]

ВМРО-ДПМНЕ: Домовите на граѓаните ќе бидат надвор од дофатот на извршителите


ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ги измисли извршителите и во чие време тие извлекоа десетици милиони евра од џебот на граѓаните, сега најавува релаксирање на казнената политика. „Ќе ги десеткуваме казните, ќе ставиме забрана за извршување на куќи и станови, кои се единствен дом на граѓаните. Во казнената политика целосно ќе се спроведе системот – превенција па […]

Николоски до СДСМ: Како ќе ги погледнете тутунарите во очи?


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 4 синоќа им се обрати на прилепчани барајќи масовно да излезат на гласање на 15 јули и смета дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ ќе имаат огромна поддршка од граѓаните. Според Николоски, тоа што се случува во Прилеп во овие […]

Предизборни прогнози: Деблокадата кон ЕУ може да е решавачка, ама кој ќе одлучува за идната влада?


Анкетите му даваат мала предност на СДСМ, но големо прашање е кој би ја направил идната влада, бидејќи не може да се исклучи ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ѝ се вратат на старата коалиција   Кампањата за предвремените парламентарни избори влегува во последната седмица, така што паралелно се засилуваат и калкулациите околу изборниот исход, односно распоредот […]

Села: Дури 65 отсто од платежните картички отидоа кај Албанците


Носителот на кандидатската лицата за пратеници за Шестата изборна единица Зијадин Села доцна синоќа во рамки на предизборните активности и заедно со кандидатите за пратеници од коалицијата Алијанса и Алтернатива под мотото „Сега е времето“ претстави дел од програмите за овие избори. Села, кој е претседателот на партијата Алијанса за Албанците на самиот почеток од […]

СДСМ денес во Штип и Ѓорче Петров, а ВМРО-ДПМНЕ во Василево, Босилово и Ново Село


Правда за сите, администрација по европски стандарди, сигурност, просперитет, борба против корупцијата и криминалот, обнова на правосудството, подобар живот за младите, реформи во образованието, ова синоќа им го ветија политичките партии на граѓаните во рамки на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Заев: Али Ахмети се вртеше како „маченце“ околу Груевски


Во еден од најогнените говори за време на оваа кампања Зоран Заев вечерва од Чаир испрати пораки за многумина – од опозицијата, преку Али Ахмети, па сѐ до младите. Зборувајќи под сводовите на Музејот на современата уметност на граѓанската трибина, тој кажа што значи за него патриотизам: „Патриот е тој што ги крева платите и […]

Мицкоски до Заев: На 15 јули ќе заврши твојата политичка кариера


Овие избори се историски, бидејќи треба да се трасира иднината на македонското поколение, но и да се обели образот на нашите претци кои со живот го платиле она што ние денеска го живееме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната трибина во Крушево.Тој, како што нагласи, е убеден во победата на неговата партија, а […]

Николоски го прашува Заев дали може да го докаже потеклото на имотот


Носителот на листа во Изборната единица 4 од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната средба со жителите на општина Кривогаштани најави поддршка за земјоделството. Николоски се обврза дека неговата партија ќе го измени Законот за тутун со цел да се забрани увоз додека не се откупи домашното проиузводство. -Тажната вистина е дека десетици, десетици и стотици […]

Спасовски: Ќе го докрајчиме груевизмот


Правда за сите, еднаквост пред законите, администрација по европски стандарди, сигурност,  јасна визија и просперитет, најави вечерва носителот на листа во ИЕ2 од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Оливер Спасовски. Од граѓанската трибина во Чаир, Спасовски најави нов, четврти пакет економски мерки: домашни платежни картички од 9.000 денари за секој пензионер со пензија до 15.000 денари, картичка […]

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ не смее да каже ни „п“ од правна држава


ВМРО-ДПМНЕ не смее да каже ни „п“ од правна држава, истакна Радмила Шекеринска, носител на листата кандидати за пратеници од коалицијата „Можеме“ на средба со битолските новинари, одговарајќи на прашања врзани со актуелната политичка кампања во државата. Шекеринска праша зошто нејзиниот противкандидат, носител на листата кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бега од медиуми и отворени […]

Глас за Македонија од Куманово: Борба против корупција, поддршка за мали семејни фирми


Политичката партија „Глас за Македонија“ се залага за борба против корупцијата, против партизација на државата, јакнење на малите семејни бизниси и поддршка за мали и средни претпријатија, порачаа на денешната средба со кумановци, претседателката на партијата, Солза Грчева и носителката на листата во ИЕ2, Адриана Богдановска Тоскиќ. -Народот е претворен во гласач, но токму народот мора да […]

Дурловски: Дали СДСМ и БЕСА се договориле за кантонизација на Македонија?


Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Петтата изборна единица Игор Дурловски вечерва ја праша Радмила Шекеринска по името и идентитетот што е следно на продажба. Дали СДСМ и БЕСА, како што рече, се договориле за кантонизација на Македонија. -Радмила Шекеринска и Заев немаат многу што да кажат. Но, должни се да одговорат на едно круцијално […]

За пензионерите со пензија до 15.000 денари картичка од 9.000 денари, за стечајците по 12.000


Секој пензионер со пензија до 15.000 денари ќе добие домашна платежна картичка од 9.000 денари, секој стечаен работник 12.000 денари за купување домашни производи, изјави денес на партиска трибина во Чаир премиерот Оливер Спасовски. Тој додаде дека домашни плтаежни картички ќе добијат и невработените кои не се активни баратели на работа, како и секој самохран […]

Михаил Рот му даде поддршка на Димитров


 Германскиот државен министер за Европа Михаил Рот преку видео обраќање упати силна поддршка до Никола Димитров, носител на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 1. -Никола Димитров не е само успешен, тој е и мошне искусен министер за надворешни работи. Тој не е само посветен Европеец, туку е и близок и доверлив […]

Лукаревска: Навремениот и неселективен поврат на ДДВ кон компаниите исклучително важен за развојна економија


Ние сме носители на напредок, развојна економија, просперитетна држава, рече носителката на изборната единица 2 Сања Лукаревска од коалицијата „Можеме”, која денеска оствари повеќе средби со граѓани и компании во Куманово. Таа нагласи дека добрата соработка со компаниите и навремениот, неселективен поврат се исклучително важни во креирањето развојна економија. Поддршката на компаниите и вработените, најави […]