Силјановска како претседателка: „Ова не е време за фалби, за триумфализам“


  Откако Стево Пендаровски го призна поразот и им честита на победниците, на јавноста ѝ се обрати новата претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, која им се заблагодари на граѓаните за големата поддршка што ја доби на овие избори и самата се запраша: „Со што ја заслужив оваа чест?“ Таа им упати „најголеми честитки“ на граѓаните […]

Мицкоски: Го паметам секое ветување, и ќе дадам последен атом од моите сили да се оствари


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прогласи победа на партијата на двојните избори и одржа прес-конференција каде што ја објави голема победа и на парламентарните и на претседателските избори. „Успеавме, успеавте. Македонија победи. Историска победа на народот. Победи Македонија која е на Македонците, Албанците, Турците, Србите, на Власите, на муслиманите, атеистите, на гордиот народ. Падна […]

За Ковачевски резултатот на СДСМ е поразителен, им честиташе на Силјановска и на Мицкоски


  Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва на прес-конференција го призна поразот на претседателските и на парламентарните избори и им честиташе на политичките противници, Гордана Сиљановска-Давкова и на ВМРО–ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски за изборниот успех. Тој истовремено најави длабоки и суштински реформи во СДСМ на сите нивоа, кои како што рече, треба […]

Јакимовски од ГРОМ го призна поразот: Апсолутната власт носи девијации и ретроградни процеси


Лидерот на ГРОМ, кој ја предводи коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски вечерва го призна поразот на парламентарните избори. На прес-конференција тој и ја честиташе победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.   – Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде блиску до 60 пратеници што е блиску до апсолутна власт и во делот на парламентарната власт, локалната […]

Димитриевски: Со ЗНАМ почнуваме борба за достоинствена Македонија


Движењето ЗНАМ, За наша Македонија вечерва испиша историја, истакна лидерот на движењето Максим Димитриевски. Димитриевски посочи дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите остaнати политички субјекти. Тој упати и честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ и победата на Гордана Силјановкса Давкова и им посaка успешен мандат.    – Да честитам на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата […]

ДИК за претседателските: Сиљановска победи во 68, а Пендаровски во 12 општини


Првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени повеќе од 77 отсто од гласачките ливчиња, води кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска – Давкова со освоени 421.673 гласови или 64,83 отсто, а Стево Пендаровски од СДСМ има 190.369 или (29,27%). Според податоците на […]

Според првичните резултати Силјановска има двојна предност пред Пендаровски


  Државната изборна комисија забрзано ги објавува резултатите од двојните избори. Според обработените 40 отсто од избирачките места на претседателските избори Гордана Силјановска-Давкова има двојна предност пред Стево Пендаровски. Во гласови тоа изнесува 169.000 на 83.000. ДИК има обработено 1.427 избирачко место од 3.508.  Пендаровски води во 15 општини, а Силјановска во сите други.  На […]

МВР: Најмирните избори од безбедносен аспект


Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко […]

Реакции на странски медиуми за парламентарните и за претседателските избори во нашава држава


DPA (Deutche Presse Agentuur) Гласачите   во Северна Македонија избираат нов парламент и одлучуваат за нивниот следен претседател. Последните анкети укажуваат на можна промена на власта во балканската нација. Се очекува националистичката опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ да победи на парламентарните избори и да ја предводи следната владина коалиција. Партијата очекува и добри вести во вториот круг од […]

(Во живо) Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ


Во 19:15 часот, во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе се одржи прес конференција за медиуми, при што ќе се обрати Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.  

Затворени гласачките места, Македонија доби претседател


  Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Македонија денеска можеа да гласаат на вториот круг од седмите претседателски и на 11-те парламентарни избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Според податоците на ДИК […]

Пендаровски: Ако навистина има бојкот во некои делови од земјата, тоа нема да биде демократски


Актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски денеска гласаше на избирачкото место 2489 во МЗ Автокоманда во општина Гази Баба. – Изборите поминуваат во мирна атмосфера, барем во првите неколку часа од изборниот ден. Јас се надевам дека така и ќе завршат, како што личи на држава која што веќе три […]

Џафери гласаше и на претседателските и на парламентарните избори


Техничкиот премиер, Таљат Џафери утрово го исполни гласачкото право и смета дека се исполнети сите услови за одвивање на изборниот процес. – Очекувањата е да заврши денот мирно, значи без проблеми. Јас сум убеден во тоа дека така и ќе биде. Впрочем граѓаните покажаа високо ниво на култура во гласачкиот процес уште на 24 април. […]

Мицкоски: Овие политичари коишто во своето име имаат „европски“ ја злоупотребуваат Европа


  Масовната излезеност е глас и одлука за иднината на нашите семејства и иднината на нашата татковина, да ги победиме сценаријата на партијата која што нема „е“ од европски, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -Имам три пораки, првата порака е да ги повикам граѓаните во Македонија масовно да излезат и да гласаат. Затоа […]