(Во живо) Димитар Ковачевски: Денес е тежок удар за европската иднина, но не се откажуваме


Задоволен сум што гласањето помина во мирна и демократска атмосфера, достоинствено и без нарушување на демократскиот процес, како што доликува на држава која што се стреми да стане дел од ЕУ во наредните години, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од штабот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски. – Се надевавме на подобри резултати, […]

Што пишуваат светските медиуми за претседателските избори во државава


Дел од извештаите на светски медиуми/агенции за претседателските избори во државава: Beta – Во првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија води кандидатот на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), врз основа на повеќе од половина од гласачките ливчиња обработени од избирачките места. […]

Пендаровски: Утре е нов ден, очекувам поголема излезност на 8 мај


Кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски кој на овие избори бара доверба за втор претседателски мандат во обраќање вечерва порача дека се надева на поголем одзив од гласачите во вториот круг кој ќе се одржи на 8 мај.  – Од утре е нов ден. Веќе од утре почнуваме со средби со граѓани кои ги […]

Јакимовски го призна поразот и ѝ честиташе на Сиљановска Давкова


Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевчo Јакимовски кој е актуелен  градоначалник на Општина Карпош го призна изборниот пораз на претседателските избори и ѝ ја честиташе победата во првиот изборен круг на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Тој рече дека врз основа на досега преброените гласови, секако дека не е задоволен. „Дали резултатите се задоволувачки? Според мене […]

Николоски: Сиљановска води 140.000 гласови, ДУИ да не повикува на бојкот на вториот круг


  Гордана Силјановска-Давкова има 140.000  гласови разлика, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.   -Очекувам на крајот кога ќе се соберат гласовите на сите други кандидати, плус неважечките ливчиња, да бидат помалку од гласовите на Силјановска – рече Николоски на Сител. Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во вториот круг на уште поголема победа за […]

ДИК изброја 75 отсто од гласовите: Силјановска има 266, а Пендаровски 130 илјади


  ДИК ги објавува резултати од гласањето, кои стигнаа до 75,88 отсто од гласовите и според тие податоци за Гордана Силјановска-Давкова гласале 39,52, а за Стево Пендаровски 19,30 отсто. Во гласови тоа е 266 илјади на 130 илјади. Од другите кандидати извонреден резултат има Бујар Османи, кој според досегашното пребројување е на третото место со […]

Кузеска: Претседателските избори имаат два круга


Портпаролката на СДСМ и дел од изборниот штаб на претседателот Стево Пендаровски, Богданка Кузеска вечерва соопшти дека изборниот ден поминал во демократска атмосфера. Според неа, констатирани се многу мали прекршувања на изборниот процес, кои ги сметаат за исклучоци. Вели дека повикувале на масовност и граѓаните слободно да одлучат за иднината на државата и граѓаните. „Претседателските […]

Во дијаспората прва Силјановска, втор Пендаровски


Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од дијаспората, а втор по број на гласови е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, со 185 гласови, велат податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада. Кандидатот на ДУИ, Бујар Османи има 182 гласови, Билјана Ванковска кандидатот на Левица доби 158 […]

Гласањето заврши, излезноста до 18,30 часот е 48,34 отсто


  Гласањето во првиот круг од претседателските избори заврши во 19 часот. Според податоците од веб-страницата на Државната изборна комисија излезноста до 18,30 часот по обработени 82,28 отсто од избирачките места била 48,25 отсто. Или во бројки – 781 илјади граѓани. Од многу од општините податоците од општинските изборни комисии се нецелосни, а некаде и […]

Изјави по изборите: За Муцунски гласањето беше фер и демократски, за Таравари „земјотрес“


„Дозволете на почетокот најпрво да му честитам на македонскиот народ за високата демократска свест манифестирана преку излезноста. Народот покажа дека знае да ја процени важноста на изборите“, со овие зборови Тимчо Муцунски ја започна првата прес конференција по затворањето на избирачките места. Како што најави тој, од аспект на изборниот процес, тој поминал фер и […]

Затворени гласачките места


Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија денеска можеа да гласаат на седмите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас […]

Силјановска-Давкова: Не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат


Направете го вистинскиот избор, споредете не само програми, споредете што се случуваше. Јас бев во Собранието, а сегашниот претседател беше претседател и мислам дека многу лесно можете да донесете одлука, им порача на гласачите Гордана Силјановска-Давкова, кандидатот за претседател на државата поддржан од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по искористувањето на своето право на глас за […]

Пендаровски: Држава која преговара со ЕУ, не смее да си дозволи лош изборен процес


 Кандидатот за претседател на Стево Пендаровски денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека очекува мирен изборен процес, не само денеска, туку и на 8 мај кога ќе се одржат вториот круг на претседателските и парламентарните избори. „Тоа е исклучително важно, не толку за индивидуалните кариери […]

Ковачевски: Денеска е прв чекор пред големата одлука на 8 мај


Ние во текот на изминатите седум години, ја вративме заедно со граѓаните, демократијата во државата. Затоа верувам дека граѓаните имаат доверба во изборниот процес и тоа ќе го покажат со бројноста на своето гласање. Ова денеска го истакна лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во изјава за медиуми, откако гласаше за претседател на државата. – Денеска […]

Таравари: Малиот син првпат гласа – нека бидат фер и демократски изборите


Кандидатот за претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари, во придружба на потесното семејство го оствари правото на глас на избирачкото место во ООУ „Единство-Башкими“ во Гостивар.   – Чест и задоволство е со моето семејство да гласаме, што ни е граѓанска должност. Посебно задоволство е што малиот син првпат гласа оваа година. Мојата порака до […]

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои гласаат толку промените ќе бидат посилни


Колку е поголем бројот на тие кои гласаат толку промените ќе бидат посилни. Со масовна излезност на изборите заеднички ја определуваме траекторијата по која ќе се движиме, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.   По гласањето на првиот круг од претседателските избори на избирачкото место во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош Мицкоски […]

Димитриевски: Досегашната пракса покажува многу злоупотреби на изборниот процес особено поткуп


Кандидатот за претседател од Движењето ЗНАМ– За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска гласаше и на граѓаните им посака успешни избори и да победи демократијата во Македонија. – Народот да се одважи, да излезе, што помасовно и да ја даде поддршката на тој за кој смета дека ја заслужува. А секако јас како кандидат ќе ја […]

Села: На избори треба да се исполни демократијата


Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села денеска го оствари своето гласачко право на првиот круг под претседателските избори во основното училиште во струшкото село Ливада. – Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата. Тоа е многу важно. Луѓето да се чуствуваат слободни да ја изразуваат својата поддршка за кандидатот за […]

Митрески: Имаме капацитет да организираме избори по европски стандарди


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, денеска, во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга, го искористи своето избирачко право и гласаше во првиот круг за избор на претседател на државата. „Верувам дека изборниот ден денеска ќе помине во најдобар ред како што доликува на една демократска држава. Изминатите изборни циклуси покажавме дека како […]