Гостиварец осомничен за силување девојче


За кривично дело – силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик е осомничен 22-годишник од Гостивар, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Основното јавно обвинителство Гостивар, како што се наведува, повело истрага поради основано сомнение дека осомничениот на 2 јануари принудил на сексуален однос 13-годишно […]

Во два одделни случаи биле нападнати малолетници од нивни врсници


Во текот на вчерашниот ден во две полициски станици во Скопје било пријавено за физички напади на малолетници од страна на нивни врсници. Првата пријава е регистрирана вчера во 10.30 часот во СВР Скопје, каде 40-годишна жена пријавила дека на 31.12.2024 околу 17.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил […]

Познат идентитетот на загинатите во автомобилот што падна во Вардар


Вчера, околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител. Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото […]

Обвинение за криумчарење луксузни автомобили


Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во дејствија на криумчарење луксузни автомобили, како и фалсификување службени и други исправи, соопшти државното Јавно обвинителство. – Во текот на 2021 и 2022 година, тие со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале […]

Извлeчено возилото што падна во Вардар кај Рашче – во него има три тела, по четвртиот човек се трага


Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три лица. Потрагата по четвртото лице продолжува, соопшти вечерва ЦУК. Како што појасни директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, од возилото извадени се телата на три женски лица. Потрагата по четвртото машко лице кое најверојатно од возилото излетало во […]

Четиригодишно дете од сообраќајката кај Рашче пренесено во Клинички центар Скопје


 По сообраќајната несреќа во која попладнето автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар, случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.  – Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи […]

Татко вечерва си го убил сопствениот син во Тетово


Татко си го убил сопствениот синот вечерва во Тетово, објавија повеќе локални медиуми. Според нив, се работи за македонско семејство кое живеело во населбата Блок 70. Според првите информации се работи за семејна тепачка која завршила со убиство, таткото го убил синот. Како што дознаваат медиумите, таткото во тешка психолошка состојба е пренесен во тетовската […]

Автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар


Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар. Од МВР за МИА информираа дека веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на […]

Девојка паднала од надвозник во Скопје и загинала


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршија увид на местото на настан кој се случи на скопската обиколница и во кој починато е едно лице. Точните причини и околности под кои се случил настанот се утврдуваат, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или […]

Новогодишната ноќ генерално помина мирно, 29 кривични дела, приведени 33 лица


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени безбедносната состојба во државата за време на новогодишната ноќ како мирна и стабилна.  На територија на државата се случиле вкупно 29 кривично – правни дела и приведени се 33 лица. Слушени се вкупно 28 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди.  – Генерално, од кривично-правно […]

Две лица повредени во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш


Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Василево. Според информацијата од СВР Струмица, во несреќата учествувале автомобил „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П.(47) од село Градашорци, струмичко и „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(21) од село Владевци, Струмичко. Во […]

МВР распиша меѓународна потерница за Васко Ковачевски


Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва распиша меѓународна потерница за поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски. Потерницата, со фотографија на Ковачевски, е објавена на веб страницата на МВР.   -Ковачевски се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈОГОКК Скопје со Наредба бр.KO бр. 108/24 од 30.12.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по […]

Предложени притворски и други мерки за осомничените за криумчарење луксузни автомобили


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за четири лица, како и предлог за мерки за претпазливост за едно лице осомничени дека учествувале во дејствија криумчарење и фалсификување исправи и службени исправи. Како што соопштија денеска од Јавното […]

Син ја претепал мајка си во семејниот дом


Полицијата информира дека уапсен е 38-годишник од село Врањовце, кој во семејната куќа физички ја нападнал неговата 65-годишна мајка. Немилиот настан се случил пред два дена. -На 28.12.2024 годива во 17.15 часот, полициски службеници од ПО-Галате го лишиле од слобода М.Р.(38) од село Врањовце, кој во семејната куќа физички ја нападнал неговата 65 годишна мајка, […]

Кривична пријава против 12 македонски државјани и еден странец, за криумчарење луксузни возила


Вчера се извршени 10 претреси кај 10 лица, од кои седум се во Скопје, еден во Дојран, еден во Неготино и еден во Битола, по што ќе биде поднесена кривична пријава против 12 лица македонски државјани и 1 странец, за 45 кривични дела поврзани со криумчарење луксузни возила и фалсификување исправи и злоупотреба на службена […]

Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила


По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Како што се наведува во соопштението […]

Приведено лице заради службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“


Полицијата синоќа привела лице, заради извршување службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“ во врска со полициските акции месецов против криминална група, потврдија за МИА од МВР. -Лицето за кое прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело Оддавање службена […]

Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила


Десет претреси кај десет лица на повеќе локации во Скопје, Неготино, Дојран и Битола се извршени во акцијата, која денеска се спроведува за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство, информираат од Министерството за внатрешни работи. Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје, ЕВР Ѓорче Петров, […]

Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница


Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот […]

Поради сообраќајка по една коловозна лента се одвива сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка


 Поради сообраќајна несреќа во близина на Младо Нагоричане, затворен е патот Куманово- Крива Паланка, а во моментот се врши увид, потврдија денеска од СВР Куманово. Во меѓувреме, од АМСМ соопштија дека сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка, кај село Младо Нагоричане се одвива наизменично по една коловозна лента. Од кумановската полиција од каде најавуваат […]