Сузбиен меѓународен канал за шверц на дрога, запленети 188,6 килограми марихуана


Запленети 188 килограми и 636 грама наркотична дрога марихуана во заедничка акција на Царинска управа и Бирото за јавна безбедност. Со акцијата е спречен меѓународен канал за шверц на дрога. Две лица се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за сторено кривично дело неовластено производство и […]

Курто Дудуш и скопски инспектор пријавиле во полиција: Кој кого навредувал и се заканувал?


Вработен како инспектор во Град Скопје, вчера во 10:30 часот пријавил во полиција дека на улица „2“ без број во близина на дива депонија, при вршење на службени дејствија за вршење надзор и подигање на мостри, дошле две лица. Според пријавата, едно од лицата било К.Д., градоначалник на Шуто Оризари, кој почнал да ги навредува […]

Измамена 87-годишна жена од Скопје за шест илјади евра


Осумдесет и седумгодишна жена од Скопје пред два дена била измамена од едно машко лице за сума од 6 000 евра.  Како што соопшти МВР, жената вчера случајот го пријавила во СВР Скопје. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка во Канада предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете […]

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов за убиството на Емилија Пешева


Основниот суд во Штип денеска му изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева.  На претходното рочиште пред два дена сега осудениот Зејнелов призна вина за убиството на неговата партнерка Пешева. Како што кажа тогаш, мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година е неверство.  Обвинителот и адвокатите на […]

Откриен камион полн со рециклирана хартија и дрога што од Косово заминувал за Турција


Министерството за внатрешни работи и Царината од синоќа спроведуваат акција на граничниот премин Богородица. Според дел од медиумите, се работи за откриена дрога во камион со македонски регистарски таблички.  Според првичните информации, камионот во кој имало рециклирана отпадна хартија влегол од Косово и требало да оди за Грција, а крајната дестинација била Турција.  Од Министерството […]

За битолскиот хирург се бараат уште 30 дена притвор


  БИТОЛА – За битолскиот хирург кој е осомничен за примање на поткуп од пациентка се бараат уште 30 дена притвор, потврдуваат за „Независен“ од ОЈО Битола. Хирургот долго време беше раководител на одделот за Хирургија во Битолската клиничка болница и важеше за еден од најпродуктивните и најстручните хирурзи во градот. Хирургот кој е на […]

Пожар во куќа откри дека жената која живеела во неа ја нема и никој не знае каде е


СВР Велес превзема мерки за пронаоѓање на 82 годишната М.А од село Бистрица, општина Чашка, чија куќа целосно изгоре во пожар на 5 февруари вечерта околу 22 часот. Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, на местото на настанот вечерта на 5 февруари во селото Бистрица, излегле јавен обвинител и увидна екипа […]

Приведени две лица кај кои се пронајдени вкупно 4,5 килограми кокаин


Приведени се две лица кај кои се пронајдени 4,5 килограми кокаин. За нив е побаран притвор и куќен притвор, информираа денеска од Јавното обвинителство. – Како резултат на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена на 18 и 19 јануари годинава, во текот на денешниот […]

Оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров


Полицијата работи на расчитување на случајот со сквернавење на надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче од страна на едно лице.   – На 10.02.2025 во 13.45 часот во СВР Скопје, неколку граѓани пријавиле дека на 09.02.2025 околу 16.00 часот на гробишта на подрачјето на Ѓорче Петров забележале едно лице како оштетува повеќе надгробни плочи, соопштија од […]

Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава


Продолжувајќи со интензивираните активности во делот на сообраќајните контроли низ патиштата во земјава, вчера (10.02.) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, преземјаќи мерки согласно Законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за возила, на ниво на цела држава како резултат на превземените активности издадоа вкупно 909 платни налози по основ на прекршоци […]

Жена и маж од Неготино меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад


Жена и маж од Неготино меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.  – Синоќа во 21.50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 44 – годишен жител на градот, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Исто […]

Во престрелка во Чаир убиен еден, а двајца се ранети – уапсени се четворица


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото во скопската општина Чаир, каде во оружен инцидент ноќеска беше убиено едно лице, а две беа повредени.  Како што информира денеска Јавното обвинителство, според првичните сознанија, во престрелката учествувале повеќе лица, а од местото на настанот се подигнати траги и чаури кои ќе […]

Четири лица, од кои тројца полициски службеници, повредени во сообраќајка кај Струга


Четири лица, од кои тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата за струшкото село Мислешево, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според него, незгодата се случила во 17 часот и 33 минути меѓу патнички моторни возила „Форд“ со скопски […]

Малолетник нападнат во Центар – останал без јакна и без патики


Денеска, во СВР Скопје, Љ.П.(54) од Скопје пријавила дека во саботата во периодот од 1.30 до 04.20 часот, откако нејзиниот малолетен син излегол од ноќен клуб на подрачјето на Центар, му биле одземени патики и јакна. Според пријавеното, тој бил однесен во Комплексот клини „Мајка Тереза“ каде му била укажана помош. Се работи на расчистување […]

Делчевец излетал со мопед од патот и починал


Делчевец вчера со мопед изгубил контрола на булеварот „Македонија“ во Делчево по што излетал од патот и тешко се повредил, а додека бил пренесуван во болница починал. -На булеварот „Македонија“ во Делчево, на излезот кон село Ѕвегор, делчевско, Љ.И.(54) од Ѕвегор, управувајќи мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот излетал надвор од коловозот. […]

Во штипскиот Основен суд почнува судењето за убиството на Емилија Пешева


Во Основниот суд во Штип денеска почнува судењето против Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 изврши убиство na 29-годишната Емилија Пешева. Според истрагата на Основното јавно обвинителство, за убиството на штипјанката Пешева се обезбедени докази според кои обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата […]

Кривична пријава за директорот на Општата болница – Охрид


СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ – Општа болница во Охрид, со пропуштање на должен надзор и без постоење на правен основ, на четири административни работници во […]

Уапсени двајца лихвари во Радовиш, едниот од нив полицаец


Вчера во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.Т.(49) од Радовиш и Д.Г.(25) – полициски службеник од село Ораовица, радовишко, поради сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 став 2 од Кривичниот закон. При преглед кај Г.Т. биле пронајдени пари кои му биле исплатени при продажба на мотор, кој […]

Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел


Неколку лица извршиле кражба, па запалиле деловен објект во Бутел.  – На 05.02.2025 во 06.24 часот во СВР Скопје било пријавено дека неколку лица со употреба на сила и алат влегле во деловен објект на подрачјето на населба Бутел и откако одзеле повеќе предмети, предизвикале пожар во објектот, по што го напуштиле местото. Екипа на […]

Камион усмрти 46-годишен пешак во Струмица


Вчера во 15:35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на Булевар „Гоце Делчев“ во Струмица, камион-влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(56) од Богданци, удрил во пешакот Д.Т.(46) од село Ангелци, струмичко, информираа денеска од СВР Струмица. Во инфомрацијата се наведува дека во несреќата пешакот бил тешко повреден и бил пренесен […]