Тинејџер избол со нож 14-годишно момче во Сарај
Вознемирувачки инцидент се случил вчера меѓу тинејџери, овојпат во скопското село Сарај. Шеснаесетгодишно момче е уапсено откако со нож избодело две години помало момче, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир […]