Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола


На магистралниот пат Битола-Прилеп, денеска во 11.55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И. (37) од Битола, и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од селото Обршани, Општина Кривогаштани. Од СВР-Битола соопштија дека во несреќата, на местото на настанот починале возачот на […]

Две жртви и едно тешко повредено лице во сообраќајка на влезот во Битола


Две лица загинаа, а едно лице е тешко повредено во сообраќајка што денеска напладне се случи на магистралниот патен правец А3 што го поврзува градовите Битола и Прилеп. Во сообраќајката на влезот во Битола, учествувале камион и патничко моторно возило и притоа во директниот судир на лице место животот го загубиле едно лице жител на […]

Трагична сообраќајна несреќа во Охрид, загина 26-годишник


На 08.03.2025 година во 13.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат од Св.Наум кон Охрид, кај населбата „Рача“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „Кавасаки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц.(26) од Охрид и патничко возило „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(76) од село Враништа, струшко. Во несреќата […]

Охриѓанец проголтал бела прашкаста материја за да се спаси од полицијата


Охриѓанец проголтал опаковка со бела прашкаста материја при полициска контрола на неговиот автомобил. Тој бил однесен во болница, каде му била извадена опаковката, по што ќе следи вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата. -На 07.03.2025 година во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ […]

Две лица се обиделе да изнудат пари од скопски стоматолог


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Изнуда согласно член 258 став 1 во врска со членовите 19 (во обид) и 22 (во соизвршителство). Осомничениот 33-годишен скопјанец, заедно со уште едно лице кое до сега не е идентификувано, со сила и […]

Две лица полесно повредени во сообраќајка со повеќе возила на Партизанска


Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила синоќа околу полноќ на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Шеф на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов потврди за МИА дека во директен судир со комбе на Брза помош од приватна болница, две лица биле полесно повредени. Повредените се […]

Му продале автомобили на директор на фирма, но пари не добиле


Вчера во СВР Скопје, 63 – годишник од Охрид, 47 – годишник од Куманово и 37 – годишник од Куманово пријавиле дека во периодот од март до јуни 2024 година биле измамени од С.Ѓ.(59) од Скопје, управител на правен субјект од Скопје. „Според пријавеното, тие со правното лице, претставувано од С.Ѓ., склучиле купопродажни договори за […]

Двајца силувале девојка во Кисела Вода


Денес во 4.31 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка пријавила дека во објект на подрачјето на општина Кисела Вода била силувана од две лица. Според пријавеното се работи за 22-годишниот М.З. и 35-годишниот И.А. Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани-Штип кај селото Тркање


Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што попладнево околу 14 часот се случи на експресниот пат Кочани – Штип, кај подвозникот кон селото Тркање. Од СВР – Штип информираа дека во несреќата учествувале две патнички возила со кочански регистарски таблички. Од здобиените повреди двајцата возачи починале на местото на несреќата. Според првичните сознанија од […]

Со возило удрил во количка со дете и избегал


Вчера,  во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА” во Тетово, патничко возило „фолксваген пасат” со тетовски регистарски ознаки, удрило во детска количка, која на пешачки премин ја туркале Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, во која било нивното 15 – месечно дете, по што возилото го напуштило местото. По преземени мерки […]

Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска откако во Основниот Кривичен суд Скопје на минатото рочиште беа изведени докази на предлог на одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски. На следното рочиште закажано за 12 март е предвидено да започне распитот на обвинетите. Во Кривичен на изминатото рочиште беше сослушан сведокот Стојан Кујунџиевски кој сведочеше […]

Хирургот од Битола признал дека зел поткуп и доби условна казна, ОЈО се жали   


  БИТОЛА – Познатиот битолски хирург М.С (64) признал дека примил поткуп од пациентка и добил условна казна на судењето во Основен суд Битола. ОЈО Битола не било задоволно од одлуката на судот и поднело жалба на пресудата. Хирургот за операција на жолчно ќесе побарал од фамилијата на пациентката да се „почести“ со 150 евра. […]

Сообраќајка на патот Крива Паланка – Куманово: Сообраќајот пренасочен


Денеска, во 10.10 часот, на патниот правец Крива Паланка – Куманово, на излез од Крива Паланка, се случила сообраќајна незгода, велат од АМСМ. Поради оваа незгода, сообраќајот е во прекин и истиот се пренасочува по стариот пат. Засега нема информации за повредени лица или жртви, повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Се запалило „рено кангу“, а од безнинот што му течел изгоре и „бе-ем-ве“


Пожар на две патнички моторни возила бил пријавен денеска кај фабриката Охис за што интервенирала единицата на Против – пожарната бригада на Град Скопје. Нема повредени. -Во 13:20 мин. добиена е дојава за настанат пожар на две возила „рено кангу“ и БМВ на главниот влез пред фабриката Охис. Интевенирано е со едно против пожарно возило […]

Нападнат возач на ЈСП додека управувал со автобус


Вчера во 14.15 часот 47-годишниот Е.Х. од Скопје во полициска станива пријавил дека половина час претходно во 13.45 часот додека управувал со автобус на ЈСП на подрачјето на Центар по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Б.Џ.(33) од Скопје. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Лишен од слобода 26-годишен возач од Скопје кој усмрти 78-годишен велосипедист


Дваесет и шестгодишен скопјанец е приваден откако ноќеска во Скопје управувајќи патничко возило „мицубиши аутлендер“ удрил во 78-годишен велосипедист, по што тој починал на местото на несреќата.  -Ноќеска 10 минути по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(26) од […]

Приведен 19-годишен возач поради сообраќајната несреќа на патот Тетово-Гостивар во која загина жена


Полицијата го притвори 19-годишниот А.А. поради сообраќајна несреќа на атопатот Тетово – Гостивар во која вчера попладне загина 81-годишна жена од Охрид.  Во 15.50 часот вчера во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо” со охридски регистарски таблички, управувано од Г.В.(47) од Охрид и патничко возило […]

Две одвоени судења против Мерко денеска во Струшкиот суд


Во две одвоени рочишта во Основниот суд во Струга денеска ќе продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“ за потребите на Општина Струга и за поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда.  Расправата за набавката на луксузниот автомобил почнува од почеток поради промената на судечкиот судија, […]

Една загината и двајца повредени во тешката сообраќајка на патот Тетово-Гостивар


Денес во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Тетово- Гостивар близу Неготинска петла, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „пежо” управувано од Г.В.(47) од Охрид и возило „мерцедес“ управувано од А.А.(19) од Гостивар. Во незгодата на лице место на повредите им подлегнала сопатничката од патничкото „пежото“ Д.М.(81) од Охрид, додека […]

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Гостивар, возилата се пренасочуваат


Возилата кои се движат по автопатот Тетово – Гостивар пред клучката за селото Врапчиште се пренасочуваат по спореден пат, заради сообраќајна несреќа која се случила околу 15:30 часот. Според првичните информации на полицијата, дошло до судар на две патнички возила, а била повикана и брза помош за да се згрижат повредените. Во тек увид на […]