Пак одложено судењето за сообраќајната несреќа во која животот го загуби Теодора Ристовска, обвинетиот бил болен


Во Основниот суд во Тетово по втор пат се одложи почетокот на повторното судење на Менсур Пајазити обвинет за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22 годишната Теодора Ристовска. Како и за првото одложување на 27 март, судијата Елведин Ферати наведе дека обвинетиот доставил поднесок до судот во кој навел дека од здравствени причини […]

МВР: Лишен од слобода насилникот од објавеното видео на „ТикТок“, поднесена кривична пријава


МВР информира дека по видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, во кој се гледа како маж насилно се однесува кон жена, СВР Струмица ги презеде сите службени дејствија кои се во надлежност на полицијата поврзани со овој случај и насилникот е лишен од слобода. Се работи за А.А. (35) од Радовиш. Настанот во […]

Двајца иселеници од Дебарско загинаа во сообраќајка во Италија


Во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Италија, животот го загубиле  двајца иселеници од Дебарско. Станува збор за Бајрам Бајрамоски (53) од село Жировница, општина Маврово и Ростуше, кој според неговите соселани од Жировница, во Италија бил над две децении. Оженет и татко на две деца. Втората жртва е Фуат Етемовски (65) од […]

Најдени човечки коски закопани во близина на Македонски Брод


Вчера, во 11.17 часот во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 16.00 часот на 24.03.2025 до 10.00 часот на 25.03.2025 покрај црквата „Св.Ѓорѓија“ во атар на с.Слатина, општина Македонски Брод, бил извршен ископ при што биле извадени четири камени плочи и остатоци од коски кои најверојатно се од човечко потекло. Увид на местото […]

Фатени лихвари од Охрид


СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(34), А.Б.(28), Е.Б.(30), Н.Ј.(33), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело  „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Во периодот од 2021 до 2024 година, пријавените во повеќе наврати на лице од охридско, преку неговата невенчана сопруга, му давале пари на заем, а […]

Кривична пријава за вработен во УЈП, му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.О.(50) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’. На 21.01.2025, пријавениот – вработен во регионалната дирекција на УЈП – Тетово, искористувајќи ја својата положба и овластување, го известувал менаџерот во казино во Тетово и оддавал службени информации за планираните […]

Видевски дал еден исказ за убиството на Вања во истрагата, друг на судењето


Судот на денешното рочиште не го прифати барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски за изземање на обвинителите Жаклина Јосифовска, Ана Стојковиќ и Гаврел Бубевски поради тоа што било на истите околности како минатиот пат. Обвинителката Јосифовска го читаше исказот што каратистот Боре Видевски го дал во обвинителството, во кое тој детално објасни како го грабнале Жежовски […]

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, се сослушуваат обвинетите


 Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште беше сослушуван обвинетиот Боре Видевски кој изјави дека под физичка тортура бил принуден да потпише изјава со која ќе изгледа виновен и дека по тепање со дрвена палка го натерале да каже дека го познаваа таткото на девојчето. […]

Прилепското обвинителство бара притвор за осомничениот кој пукаше во Центарот за социјални работи


Прилепското Основно јавно обвинителство побара притвор до 30 дена за осомничениот кој вчера околу 14 часот вооружен влезе во просториите на прилепскиот Центар за социјални работи, пукал и ранил социјална работничка. -Пред судија пуштен е предлогот за притвор до 30 дена поради основан страв дека осомничениот ќе се даде во бегство и ќе влијае на […]

По вчерашното пукање во Прилеп: истрага за обид за убиство и недозволено држење оружје


Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 50-годишен прилепчанец, бидејќи како што соопштија од таму, постои основано сoмнение дека тој сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување […]

Возач од Никуштак возел 108 км/ч на пат каде е дозволено 40 км/ч


 Дваесет и едногодишен жител од селото Никуштак вчера бил приведен, бидејќи управувал возило со брзина од 108 километри на час во населено место, каде е дозволена брзина од 40 километри на час. Како што соопшти МВР, вчера во 11:30 часот, на регионален пат Куманово – село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на […]

Обвинение за две лица кои под закана со лажно оружје извршиле разбојништво во „Нептун“


 Скопското јавно обвинителство покрена обвинение за две лица за разбојништво направено во продавницата за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион во Скопје, од каде под закана со лажно оружје одзеле над 650 илјади денари.  – Двајцата обвинети, на 29.11.2024 година, со електрични тротинети дошле до продавница за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион, маскирани со […]

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани


По преземени мерки и активности и по претходно добиени сознанија, на 24.03.2025 околу 19.30 часот во објект во с.Студеничани, скопско, сопственост на М.Ш.(50) од с.Студеничани, полициски службеници пронашле шест лица мигранти, кои со употреба на сила и закани биле држани во објектот. Во врска со настанот, а поради сомнение дека сториле кривично дело по член […]

Од психијатриска установа избегал напаѓачот што ја застрела социјалната работничка во Прилеп


Социјалната работничка која беше застрелана во Прилеп е повредена и е вон животна опасност, информираше Јавното обвинителство. Дежурен јавен обвинител извршил увид на самото место. Напаѓачот подолго време ја демнел жртвата, а имал избегано од психијатриска институција, соопшто Јавното обвинителство. „Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории […]

Дисциплинска за полицаецот и кривична за синот што му ја употреби службената легитимација


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде мерки и активности, постапувајќи по претходна пријава дека Ф.Х. ја злоупотребил службената легитимација на неговиот татко И.А.Х., полициски службеник во Полициското одделение Сарај. Имено, по преземени мерки било констатирано дека Ф.Х. на 21.03.2025, управувајќи приватно моторно возило, следел друго лице […]

Приведен 26-годишен скопјанец кој со возило удри двајца малолетници на „Партизанска“ во Скопје


Полицицијата го лишила од слобода М.Р. (26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје со патничко возило „ауди“ со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед. Како што информираат од МВР, двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар “Мајка Тереза” […]

Пукање во Прилеп, ранета службеничка на Центарот за социјални работи


Денеска околу 14 часот пред Центарот за социјална работа Прилеп, засега непознато машко лице испукално неколку куршуми од огнено оружје. Во пуктотницата со прострелна рана се здобила М.Ѓ. (36) од Прилеп, вработена во институцијата. Маркукуле дознава дека повредената се здобила со влезно-излезна рана во десниот дел од градниот кош. М.Ѓ. е примена во градската болница […]

Викендов фатени 138 возачи без возачка дозвола


Во текот на изминатиот викенд (22/23.03.2025) како резултат на сообраќајните контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, беа издадени вкупно 1.603 платни налози по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките податоци по […]

Двајца починати и еден повреден во пукотница во Волково


Две лица починале, а еден малолетник е повреден во инцидент што утринава се случи во скопското село Волково. Повредениот малолетник е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.  Министерството за внатрешни работи потврди дека случајот е пријавен во 9 часот и дека Р.Ц и М.Н. од здобиените повреди починале на самото место. Како можен сторител се […]

Четири лица повредени во сообраќајка во Кавадарци


 Четири лица биле повредени синоќа околу 23 часот во сообраќајка во Кавадарци, при судир на две возила на крстосницата кај Брушински мост.  Информацијата утрово ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош во Кавадарци.  – Како итна медицинска помош бевме на лице место веднаш штом го добивме повикот за сообраќајна несреќа, […]