Се гонат 43 лица за измами со „брзи кредити“


 Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“. ОЈО Скопје соопшти дека за четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена […]

Продолжуваат судењата против Мерко за незаконско поставување директори во повеќе училишта


Во Основниот суд во Струга денеска треба да продолжат судските процеси против градоначалникот Рамис Мерко за незаконско поставување директори во основни училишта во Општина Струга. Во еден предмет се споени училиштата во Лабуништа, Радолишта, Подгорци, додека за училиштето во Велешта и за „Браќа Миладиновци“ во Струга се водат два одвоени предмети. За случајот со училиштето […]

Во Општина Струга било навика да се купуваат скапи возила


По навика купиле луксузно општинско возило, затоа што и претходните биле скапи. Ова е оправдувањето на сведоците на одбраната на струшкиот градоначалник Meрко, на денешното рочиште за набавката на четирите општински возила, меѓу кои и  луксузното „Ауди А6“ од 66 илјади евра. Бил избран најповолниот понудувач, а биле купени 3 возила „шкода“ и луксузното „ауди“. […]

Директори на училишта од Беровско договориле превоз со пехчевска фирма поскап од месечниот


СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.П.(64) од с.Владимирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.1 од КЗ, а во врска со чл.114 ст.1 ал.4 од законот за јавни набавки. Пријавената, како директор на […]

Определен 30 дена притвор за директорот на Геријатрија


Судот определи 30 дена притвор на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и на уште едно лице кои се осомничени за примање поткуп од 20.000 евра за да сместат болно лице во установата. „Се прифаќа предлогот на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на […]

Грк пробал да поткупи македонски цариник со 5 евра


На 08.04.2025 во 10.05 часот на граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик. Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ […]

Возел мотор со 1,73 промили алкохол во крвта


Утрово во 03.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода И.П.(44) од село Биљановце, кумановско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед „кимко“, кој го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле […]

Продолжуваат судењата против Мерко за набавката на аудито и за поставената плоча на влезот на општинската зграда


Во Основниот суд во Струга денеска во две одвоени рочишта треба да продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“ за потребите на Општина Струга и за поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда.  Расправата за набавката на луксузниот автомобил, поради промената на судечкиот судија почна од […]

Голема количина лекови за животни запленети на ГП „Блато“ и на „Богородица“


Цариниците на граничните премини Блато и Богородица заплениле поголема количина лекови за животни. Биле пронајдени 94 пакувања лекови и препарати за животни (течности за инекции penstrep, maxtil, limoxin, penbex и combikel, спрејови super spray, таблети exiptol и гелови aloegel), за кои е потребно одобрение за увоз издадена од Агенцијата за храна и ветеринарство, позади седиштето […]

Вчера 82 возеле без возачка, 214 – пребрзо


Во текот на вчерашните (07.04.) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа констатирани 841 сообраќаен прекршок. Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци и натаму најбројни се прекршоците на непрописно паркирање […]

Три лица од Струмица грабнале невеста од Беровско, полицијата ги лиши од слобода


СВР Штип до ОЈО Кочани поднел кривична пријава против Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување” од чл.144 ст.1 од КЗ. МВР денеска соопшти дека на 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и […]

Загина тригодишно девојче, помалата сестра и родителите повредени во сообраќајка


Три години имала малолетничката која загина во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на локалниот пат с.Патишка река – село Осинчани, скопско. Со телесни повреди, неофицијално, се нејзината сестра која има една ипол година и родителите. Од МВР претходно информираа дека во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од У.О.(19) од […]

Се бара притвор за таткото што го тепал 14-годишниот син


 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 37-годишник од Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“ од член 201-а од Кривичниот законик. На 5 април, како што информираат од ОЈО, осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година. Кон детето, посочуваат, […]

Расчистено убиството во кривопаланечко Луке – во притвор две лица


 СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Како што соопшти МВР, на 24 март 2025 во с.Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при […]

Маж и жена од Антверпен избегнале царина на скопскиот аеродром за злато од 500.000 евра


Маж и жена од Антверпен, вчера пристигнале во земјава со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот во Скопје, пренеле непријавени стоки – вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и во вкупна вредност од 479.555 евра, соопшти денеска Јавното обвинителство. Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување […]

Кривична пријава против началничка на одделение во Одделот за обезбедување на личности и објекти за „злоупотреба на службената положба“


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција Скопје, поднесе кривична пријава против С.С. поради постоење основи на сомнение за […]

Тинејџер од Штип возел 114 км/ч на улица каде е дозволено 50 км/ч


Приведено лице од Штип, управувал возило со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час На 06.04.2025 во 15.00 часот на улица „Железничка“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода И.П.(18) од Штип. При контрола на патниот сообраќај […]

Во сообраќајка во Скопско почина малолетничка


Вчера околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Патишка река – село Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје. Во несреќата со […]

Фатен кумановец кој возел со 2,34 промили алкохол во крвта


Четириест и петгодишен кумановец вчера е лишен од слобода, бидејќи управувал возило под дејство на алкохол. – Вчера во 00:58 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.П.(45) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко […]

Тетовец загина во сообраќајка кај Скудриње, сопатничката тешко повредена


Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи близу долнореканското село Скудриње. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир  Реџепи, информираше дека вчера околу 18 часот во Полициско одделение Ростуше била пријавена сообраќајна несреќа на регионален пат Маврово – Дебар, кај месноста Скудрински мост.   -Патничко возило „Ланд Ровер” со тетовски […]