Гром усмрти едно лице во прилепско Мажучиште


Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, вчера попладне, во 17,39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во с. Мажучиште, Општина Прилеп. За ова, од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош […]

Мортус пијан Кумановец возел автомобил


Вчера, во 21.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.К.(51) од Куманово.   При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на […]

Возеле нерегистрирани службни возила во Делчево, па платиле 1.000 евра за казни


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „несовесно работење во службата“ по член 353-в, а во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот, директор […]

Ексдиректорот на Центарот за култура во Охрид заработи кривична пријава- украл 2.500 евра преку фестивал


Поранешниот директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ го оштетил буџетот на оваа установа за 151.290 денари, односно околу 2.500 евра, информира Министерството за внатрешни работи. Охридската полиција поднесе кривична пријава за 48-годишнио Г.С. за несовесно работење во службата. Според соопштението, за време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за […]

Фатени двајца прилепчани – ја запалиле депонијата во Демир Хисар


На 22.04.2025 во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик. „Тие се сомничат дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени […]

Полициска операција насочена кон организиран криминал и корупција во здравствениот систем


Обемна полициска операција спроведува Бирото за јавна безбедност при МВР на територија на повеќе градови низ Македонија насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем. Како што јавуваат повеќе медиуми неофицијално, се работи за долгогодишно незаконско со прикажување на лажни дијагнози со кои се овозможувале аплицирања, за добивање и користење финансиска помош […]

Царината спречи обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови


 На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми. Патникот при пристигнување во државата се определил на зелен канал при што поради сомневање е селектиран на царинска контрола. При контролата во двата куфери кои ги носел со себе се пронајдени парфеми со потекло од […]

Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче, сведочи Палевски


Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска со почеток во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски. Претходното рочиште беше одложено поради отсуство на бранителот на Палевски, адвокат Јовица Страшевски. Судијата Ивица Стефановски тогаш информираше дека добил поднесок од бранителот на Палевски, адвокат Страшевски, со медицинска документација […]

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки


До неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага, информираат попладнево од  Министерството за внатрешни работи, упатувајќи апел до граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки. -Апелираме до граѓаните да не […]

Ограбен домот на Фатмир Битиќи, украден сеф со злато, пари и рачни часовници


Сеф со злато, пари и рачни часовицни во вредност од околу 50.000 евра е украден од домот на Фатмир Битиќи пишува ORA24.TV. МВР информираше дека вчера претпладне пријавена е кражба од домот на Фатмир Битиќи, поранешен пратеник и екс-претседател на СДСМ.  -На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот […]

Викендов отстранети 60 возила од сообраќај


Во текот на празничните денови (18-21.04.2025) продолжувајќи со континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2252 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот претежно по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа, заради неправилно паркирање евидентирани биле 308 […]

Тешка сообраќајка кај Пресека: Петмина повредени, меѓу нив и две деца


На магистралниот пат Кичево-Охрид, вчера попладнe кај планинскиот превој Пресека, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово. -Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки […]

Уште едно мало дете каснато од куче во Битола


  БИТОЛА – Детенце на возраст од една година и седум месеци е каснато на лицето од куче скитник на плоштадот „Магнолија“ во Битола. Немилиот настан се случил вчера на Велигден, после пладне, кога детенцето во присуство на повозрасното тригодишно братче и родителите си играло на скалите од споменикот Филип Втори на плоштадот „Магнолија“, кога […]

Пожар во стан во Аеродром – еден со изгореници, еден се надишал чад


На 20.04.2025 во 05.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во стан, сопственост на П.Д.(74).  Од пожарот со изгореници се здобил сопственикот и заедно со неговиот син О.Д.(52), поради вдишување на чад, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Од […]

Пијан возач од Македонски Брод со 2,04 промили алкохол во крвта удрил во паркирано возило


Дваесет и петгодишен жител на Македонски Брод возел под дејство на алкохол и удрил во паркирано патничко возило при што причинил материјална штета.  Министерството за внатрешни работи соопшти дека тој е приведен ноќеска во 02:04 часот поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило“. Претходно, во 01:30 часот на улицата „Крушевска Република“ […]

Повторно гореше трска во Охрид, опожарени 7 хектари


Вчера попладне во 17.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Трно“ во близина на улицата „Прилепска“ во Охрид била опожарена површина од околу седум хектари со трска. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Пијан полицаец излетал од патот во Кавадарци и удрил во бандера


Вчера во 2 часот по полноќ полицијата од Кавадарци го уапсила 25-годишниот В.С. од Росоман на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Имено тој со неговото возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бандера, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили […]

Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол


На подрачјето на СВР Штип приведени се тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол. Лицата се исклучени од сообраќај, а против нив ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“. Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера на улицата „Гоце Делчев“ во Штип е приведен С.О.(50) кој имал 1,99 промили […]

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес


 Четиринаесетгодишник денеска се здобил со тешки повреди откако паднал од мотор кај новите згради „Атлантис“ во близина на поранешната фабрика „Киро Ќучик“ во Велес. Од Итната медицинска помош за МИА информираат дека момчето се здобило со тешки повреди и по укажаната прва помош однесен е во Општата болница во Велес.  Портпаролката на Општата болница Билјана […]

Пронајден возачот кој во Скопје со „фиат” удри во тротинет, возилото е одземено


Министерството за внатрешни работи соопшти дека е пронајден возачот кој денеска во Скопје со „фиат“ удри во тротинет управуван од 28 – годишен скопјанец, по што го напуштил местото на несреќата. Во сообраќајката мажот што го управувал тротинетот се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната итна медицинска помош бил пренесен на скопските клиники. […]