Издале пасош на маж од Косово, без да му побараат лична карта – две кумановки заработија кривични


СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(43) од Куманово и М.И.(41) од с.Липково, општина Липково, поради  постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.  М.А. – вработена на работно место помлад референт за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, на 30.08.2017 примила барање […]

Уапсен Албанец во Дебар, извршил полов напад врз 52-годишна жена


Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против албански државјанин поради кривично дело „полов напад“. – Кривична пријава е поднесена против М.Ф.(39) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад“. На 6 мај годинава во Дебар, пријавениот физички нападнал 52-годишна албанска државјанка и се обидел да изврши обљуба […]

Кавадарчанец со 2,52 помили алкохол во крвта возел, па излетал од патот


На 11.05.2025 во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.Т.(44) од Кавадарци. Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го […]

Притвор за турски државјанин за обид за убиство во Скопје


 Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од Р.Турција за сторено кривично дело обид за убиство по чл.123 ст.1, во врска со чл. 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна  постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 […]

Со секира го убил таткото во Кичевско, мајката во кома – сам се пријавил в полиција


Денеска во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско поради сторено кривично дело „убиство“. Како што соопшти МВР, околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани […]

Турски државјанин со капак од шахта се обидел да убие друг турски државјанин


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Ноќеска по полноќ на улицата “Метрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, во близина на Клубот на пратеници, […]

Штипското обвинителство побара притвор за петте турски државјани што учествуваа во убиство


Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Останатите четворица […]

Извлекувале пари од МОН со фиктивни екскурзии иако во училиштето немало ученици


Директорка на средно училиште во Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука и две фирми од Куманово со нивните сопственици се сомничат дека го оштетиле буџетот за повеќе од 530.000 евра откако распишале два тендери за превоз на ученици во време кога училиштето се реконструирало и немало настава со физичко присуство, информираше Министерството […]

Пресудата за Васил за случајот со Фросина Кулакова ќе биде изречена на 13 мај


Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13 месецов. На судењето што почна денеска во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Васил Јованов призна вина, а адвокатот на семејството Кулакови, побара највисока казна.  Јованов е осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката […]

Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга, кривични за лицата што му продале


Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга, кривично ќе одговараат правното лице, односно продажниот објект, управителот и вработениот што му овозможиле да купи алкохолни пијалоци, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, ОВР Струга поднело кривична пријава против правно лице од Струга, управителот Т.Б.(44) и вработената В.Н.(54), поради постоење основи на сомнение за сторено […]

Судење за Фросина: Васил призна вина – пред сообраќајката поминал и на две полни ленти


 Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото. Обвинетиот Васил Јованов, кој е редовен студент и беше спроведен од […]

Маж фрлил вазна по сопругата – таа си заминала – одредени му се мерки за препазливост


Мерки на претпазливост му се изречени на маж кој и се заканувал и се обидел да ја повреди сопругата пред двете малолетни деца.  Основното јавно обвинителство од Скопје денеска соопшти дека е поведена постапка против него за кривично дело „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така […]

Турски државјанин уби странски студент во Штип


Полицијата го уапсила турскиот државјанин кој избега ноќеска откако со пиштол застрела и уби друг странски државјанин во Штип, соопшти Основното јавно обвинителство Штип. Најден бил и пиштолот и во текот на денов осомничениот убиец ќе биде на распит пред обвинител. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршел увид во кафе-барот каде се […]

Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова. Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без […]

Лишен од слобода албански државјанин на ГП „Блато“, понудил поткуп на полицаец


Полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ кај Дебар, Регионален центар за гранични работи Запад, од слобода лишиле албански државјанин, кој понудил поткуп. Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска во 9:15 часот, од слобода е лишено лицето Д.А.(30) од Хотеш, Република Албанија. -Тој, при влез […]

Поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ – Охрид делел плати за прекувремено без евиденција


СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“- Скопје, Подрачно одделение Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при […]

Пожар во стан во Кичево, загина жена


На 07.05.2025 во 23.32 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“ во Кичево, сопственост на З.С.(72) од Кичево. Од здобиените повреди во пожарот, на местото починала сопственичката З.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кичево и јавен обвинител […]

Уапсен скопјанец кој се заканувал во фејсбук групата на станари


Скопјанец ќе одговара за закани кон состанари.  -На 06.05.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.Р.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во група на социјална мрежа на станари од станбена зграда во Чаир се заканувал на 61-годишна сосетка и уште еден сосед. Тој бил задржан во полициска […]

Дедо од Македонија договорил состанок на слепо во Белград, наместо жена се појавила група мажи, го претепале и ограбиле


Македонец на возраст од 80 години е претепан и ограбен пред 3 дена во Белград пренесува Telegraf.rs. Како што е пријавено преку социјалните мрежи запознал женска особа од Белград и се договорил да се видат. Земал соба во хотел и според неговите зборови отишол во парк каде требал да се сретне со неа. Но доживеал […]

Судењето на возачот обвинет за прегазувањето на Фросина Кулакова започнува в петок


Судењето против Васил Јованов, возачот кој според обвинението на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова започнува в петок во Основен Кривичен суд во Скопје со почеток во 10 часот. Васил Јованов е обвинет за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за кое е предвидена затворска казна до 20 години. […]