Едноипол годишно дете од Радовиш заврши во болница, откако испило таблета


Вчера, во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено едноипол годишно дете од Радовиш, кое, според пријавеното од страна на неговиот татко, околу 17 часот во семејната куќа најверојатно испило таблета. Детето е пренесено во Клиничката болница Штип и укажана му е медицинска помош.

Велосипедист бил удрен од автомобил – екс министерот Османи му даваше помош


Повозрасен велосипедист денеска попладне е повреден во сообраќајна незгода, откако во него удрил автомобил на крстосницата во близина на трговскиот центар „Мавровка“, во центарот на Скопје. На видеоснимката од местото на сообраќајната несреќа се гледа како велосипедистот лежи на земја, очигледно жалејќи се на болки. Се гледа и дека е опкружен од граѓани кои се […]

Драма во Чаир: Полицијата спречи разбојници да ограбат маркет


Денеска полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х. (23) и Е.А. (19), кои насилно влегле во маркет на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, на територија на Чаир и се обиделе да извршат разбојништво. Во 04:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека три машки лица насилно влегуваат во маркетот, по што веднаш […]

Штекли бил психотичен со шизофрени карактеристики – не се знае дали е способен да го следи судењето


Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се обвинети за организирана продажба на дрога, продолжува денеска пред Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на вешти лица на Обвинителството за психолошката состојба на Раде Трајковски. На претходното рочиште сведочеше вештото лице на одбраната, психијатарот Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, кој го оцени обвинетиот Раде Трајковски – Штекли […]

Вработени во „Национални Шуми“ си присвоиле огревно дрво вредно над 170.000 евра


Шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, добија кривични пријави заради несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи нанеле штета на буџетот на претпријатието од над 170.000 евра. Како што информира Министерството за внатрешни работи, СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против И.Т.(30) од Демир Хисар, И.Р.(59) […]

Со воведни зборови на Обвинителството започна судењето против криминалната група Беланоца-Барон


Со воведни зборови на Обвинителството, денеска, во судницата на затворот Идризово се одржа судското рочиште против деветмината водачи и членови на криминалната група Беланоца-Барон, обвинети за повеќе убиства, изнуди и загрозување на општата сигурност во периодот од 2020 до 2024 година. Како што беше посочено од страна на јавната обвинителка, обвинетите во рамки на злосторничко […]

Соученици натепале 10-годишно дете во училиште во Карпош – снимале и со телефон


Вчера, во СВР Скопје, Б.Н.(37) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во ходник од основно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот 10-годишен син бил физички нападнат од двајца негови соученици. Тие потоа, во училишниот двор, му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување […]

Жена тешко повредена при пад во лифт во зградата на МРТВ


Скопјанка завршила со тешки телесни повреди откако паднала при влегување во лифт во зградата на Македонската радио телевизија. Инцидентот се случил на 3 септември во 11:20 часот, а повредената веднаш била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. За случајот е известен трудов инспектор, кој треба да ги утврди околностите на несреќата. На 03.09.2025 […]

МВР со детали за приведените во Вардариште


СВР Скопје по извршени претреси вчера и денеска на локацијата Вардариште, поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против М.М.(54), А.А.(28) и Ф.А.(41), сите од Скопје поради основи на сомнение дека сториле кривично дело “загрозување на животната средина и природата со отпад” од член 230 став 1 од Кривичниот законик.   Тие подолг […]

Прилепчанец си носел 35 кг марихуана – фатен на патот Битола – Прилеп


Денеска, на регионалниот пат Битола- Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана. По претходно преземени оперативни мерки кон И.А. (36) од Прилеп, кој […]

Изгоре барака во Транзитниот центар Табановце


„Вчера било пријавено дека околу 15:45 часот во Транзитен центар Табановце настанал пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи. Повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарната единица Куманово пожарот бил изгаснат“,сопшти МВР. Пожарникарите интервенирале во Транзитен центар за мигранти, во периодот од 15:43 до 16:35 часот со 1 возило и […]

Кривична пријава против 18-годишен скопјанец, осомничен за „убиство во обид“


СВР Скопје поднела кривична пријава против 18-годишен скопјанец, осомничен за „убиство во обид“. -СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид, против А.А.(19) и С.Д.(34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против Д.Д.(32), С.Д.(50), Р.Џ.(21), […]

Таткото на Васил Јованов не признава вина за загрозување на безбедноста на сообраќајот


 Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола […]

Кавадарчанец возел со 2,04 промили алкохол во крвта


Кавадарчанец возел со 2,04 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. – Денеска во 1:15 часот на улица „Љубашка“ во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода В.М., на возраст од 41 година. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ […]

Со соочување на психијатриските вештачења за Раде Трајковски продолжува судењето за случајот „Штекли“


На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром, пред Основниот кривичен суд Скопје треба да се соочат психијатриските вештачења доставени од одбраната и обвинителството за обвинетиот Раде Трајковски – Штекли. Одбраната тврди дека Трајковски страда од растројство со шизофрени карактеристики, има халуцинации и параноидни идеи, и не […]

Нема спојување на постапките во „Адитив“, судењето продолжува одвоено


Судечкиот совет во Кривичниот суд денеска го одби предлогот на обвинителството за спојување на постапките во случајот „Адитив“, кој се однесува на злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра. Според судот, спојувањето би довело до непотребно одолговлекување и би ги ставило обвинетите во потешка положба. Согласно одлуката, Случајот „Адитив“ сега ќе […]

Кривична за полицаецот кој ја нападна советничката Витина


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Б.М., полициски службеник во Одделението за криминалистички […]

Дете со електричен тротинет удрило во старец – двајцата се повредени


Во неделата, во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и малолетникот и пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од […]

Три малолетнички натепале врсничка во Чаир, една го снимала нападот


СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот и го објавиле на социјалните мрежи. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, утврдено е дека на 20.06.2025 околу 14:00 часот на ул. „Павле Илиќ“ во […]

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо


Продолжен е притворот на 43 годишниот родител од Скопје, кој на 24 август  на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев  денеска за […]