Стружанец врзал со јаже сограѓанин и му го украл возилото


Четириесетгодишниот стружанец Н.М доби кривична пријава за „противправно лишување од слобода“ и „одземање на моторно возило“ откако минатиот месец претепал едно лице, го врзал со јаже и му го украл возилото. Пријавениот на 24 ноември годинава во Струга во возило, после вербална расправија со М.И.(28) од Струга, што прераснала во физичка пресметка, го прободел М.И. […]

Старец изгоре во пожар во неговата куќа во Пехчево


Осумдесет и двегодишниот А.Г. од пехчевското село Умлена го загуби животот во големиот пожар што ја зафатил неговата куќа каде што живеел сам. Според информацијата од СВР Штип пожарот бил пријавен во 21:20 часот, а локализиран во 00:30 часот. – Со пожарот прво бил зафатен горниот кат од куќата, по што се проширил и ја […]

Триесет и четиригодишен маж падна од трети кат


Маж на возраст од 34 години вечерва на улицата „Џон Кенеди“ во општина Чаир паднал од третиот кат од зграда. Според неофицијални информации станува збор на лицето Ф.Ш., кој по падот веднаш бил пренесен на Ургентен центар. Полицијата врши увид на местото на настанот.

Детали за инцидентот во Чаир: Убиеното момче имало 24 години


Дваесет и четиригодишно момче почина откако во него попладнево беше пукано од возило во движење на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје. Полицијата потврди дека инцидентот се случил околу 17:40 часот. Момчето со иницијали Б.И. (1993) е пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за трауматологија, ортопетски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување […]

Убиено едно лице попладнево во Чаир


Попладнево околу 18:00 на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир се случил вооружен инцидент во кој, неофицијално, едно лице го загубило животот. Полицијата го потврди инцидентот и врши увид на местото на настанот. Според неофицијални информации, непознати лица пукале кон Б.И. Инцидентот се случил на автобуската станица во близина на средното училиште „Цветан Димов“.

Скопјанец излегол од затвор и украл џип „Ланд Ровер“


Секторот за внатрешни работи Скопје до скопското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против скопјаните И.Р. (28) и З.Ф. (31), поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело – „тешка кражба“, предвидено и казниво по Кривичниот законик на Република Македонија. Како што соопшти полицијата, З.Ф. бил на издржување казна затвор во Казнено поправниот дом Идризово, […]

Едно лице загина во сообраќајка во Скопје


Едно лице загинало во една од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во една незгода со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а во пет полесно биле повредени пет лица. Во пет незгоди била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила […]

Изгубил контрола и се забил во ѕид: Едно лице загина во сообраќајка во Скопје


Ноќеска 45 минути по полноќ на булевар „Третта Македонска бригада“ во Скопје, пред раскрсницата со улица „Фрањо Клуз“, се случила сообраќајна незгода во која З.В. (51) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над истото и удрил во бетонски ѕид од објект. Од страна на лекар од Итна медицинска […]

Едно лице загина ноќеска во сообраќајка кај „Раде Кончар“


Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска кога патничко возило удри во столб на булеварот „Трета македонска бригада“ кај Раде Кончар. Полицијата соопшти дека во несреќата загинал З.В. (1966) кој го возел автомобилот „БМВ“, а повредени се М.К (2000) и К.К. (1993). Несреќата се случила околу 00.50 часот, […]

(ВИДЕО) Излета автомобил во Вардар во центарот на Скопје


Автомобил излета во реката Вардар во центарот на Скопје, јавува од самото место репортерот на „Независен весник“. Неофицијално, повредени лица нема и возачот веќе не е внатре. Настанот се случи попладнево кога автомобилот кој се движел по  кејот  излетал директно во реката. Полициски екипи се излезени на самото место и вршат увид.

Исчезнатиот дедо Душко загинал во сообраќајка пред 11 дена


Потрагата по дедо Душко Трајковски (85) од Карпош кој беше пријавен за исчезнат, заврши трагично. Тој пред 11 дена на 2 декември, додека се возел на својот велосипед бил удрен од страна на автомобил Фиат Добло и по кратко време им подлегнал на повредите. Несрежата се случила на крстосницата од булеварот 8-ми Септември и улицата […]

Битолчанка си плаќала сметки за струја со туѓа картица


Полицијата поднесе кривична пријава против битолчанката која со туѓа картичка која претходно ја нашла си плаќала сопствени сметки за струја. Д.К. (38) од Битола на 1 јуни 2017 година неовластено употребила платежна картичка сопственост на В.Ш. (41) од Битола. Таа преку интернет ги внела податоците од картичката, која претходно ја нашла, и извршила плаќање на […]

Почна судењето за обид за убиство на ексминистерот Никола Тодоров


Во Кривичниот суд денеска почна судењето за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара која почина пред две години чекајќи Фондот да и одобри средства за операција во странство, на 1 јуни годинава пред Министерството за здравство со гасен пиштол пукаше во Тодоров, кој не беше […]

Две лица се потешко повредени во сообраќајки во Скопје


Две лица биле потешко повредени во една од вкупно 43 сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 22 незгоди биле полесно повредени 29 лица, а во 20 била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Деведесет и седум возачи се […]

Жена касната од куче и два случаи пријавени за труење на кучиња


Д.А. (25) од с. Косел, охридско, вчера во СВР Охрид пријавила дека била касната од куче. Инцидентот се случил вчера изутрина, околу 06.45 часот, додека се движела по улицата „Димитар Влахов“ во Охрид и се доближило црно куче и ја каснало во задниот дел од десната нога. Д.А. успеала да избега и веднаш побарала медицинска […]

Притвор за струмичанецот кој напаѓаше жени


Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица, поднесе кривична пријава против O.Х (35) од Струмица поради постоење основано соменение дека сторил две кривични дела „силување“. На предлог на јавен обвинител од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Како што […]

Силувано 10-годишно девојче во Виница


Десетгодишно девојче било силувано во Виница од страна на момчето на нејзината мајка. Триесет и тригодишната жена по потекло од Штип на 16 декември во полицијата во Виница пријавила дека А.Х (22) со кого живеела во вонбрачна заедница ја силувал нејзината ќерка. По извршениот разговор со сите лица во полициската станица, на кој присуствувал и […]

Повредени две малолетнички по удар од автомобил во Скопје


Синоќа во 22.20 часот на ул. „Филип Втори Македонски“ патничко возило „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.З. (36) од Скопје, удрило во две 15-годишни девојчиња од Скопје. Во незгодата, со повреди се здобиле двете девојчиња кои со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска […]

Кражбата на автомобили цвета во Карпош, а погледнете кои модели најмногу се на мета


Новите возила меѓу кои и атрактивни модели на БМВ, Мерцедес, Ренџ Ровер… стануваат лесна и исплатлива мета на обивачите на коли. Но, тука не изостануваат и неколкуте модели на Волксваген меѓу кои се Голф 4-ка и 5-ка. Според добро упатените, клучарите, Хендсфри системот за отворање на коли е најлесен и најисплатлив за брзо крадење на […]

Десетгодишно дете искасано од кучиња


Десетгодишно дете вчера попладне било искасано од две кучиња на улица „Волгоградска“ во Скопје. Во Полициската станица Карпош синоќа во 20:30 часот Т.С. (50) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17:20 часот, од страна на две кучиња бил каснат неговиот 10- годишен син, при што му биле нанесени видливи повреди – расекотини на двете […]