Тешко повреден пешак, десет сообраќајки вчера во Скопје


Пешак е тешко повреден, а осум лица се полесно повредени во шест од вкупно десет регистрирани сообраќајни незгоди во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки е евидентирана само материјална штета. Од СВ Скопје информираат дека за пречекорување на брзина при возење се санкционирани 20 возачи, а 15 се исклучени од […]

Воспитувачка удрила шестгодишно дете во градинка во Скопје


Во полициската станица Аеродром Е.Г. (36) од Скопје вчера пријавила дека нејзиниот шестгодишен син откако го зела од градинка забележала дека на десниот образ има оток. Детето кажало дека неговата воспитувачка го удрила неколку пати по десниот образ. Мајката за настанот веднаш го известила директорот на градинката, кој и рекол случајот да го пријави во […]

Фрлена непозната течност во скопскиот Катастар, искршени и прозорци


Непознато лице ги искршило прозорците од канцеларија во Центарот за катастар на недвижности во Скопје, на улицата „Дрезденска“. Внатре биле фрлени две пластични шишиња со непозната течност. Како што соопшти МВР, случајот е пријавен во полиција изутринава во 7:15 часот. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

За 24 часа два нови случаи на семејно насилство


Два случаи на семејно насилство се пријавени во изминатите 24 часа во СВР Тетово. Во едниот случај жителка на Гостивар била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг, а во другиот случај жител на Шемшово бил тепан од неговиот татко. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека 25-годишната Ц.Д. од Гостивар го пријавила случајот синоќа […]

Грабеж во „Шпаркасе банка“ во Кичево: Крадецот бегал со кесата со пари и пиштол


Крадецот кој вчера го изврши грабежот во филијалата на „Шпаркасе банка“ во Кичево доби три кривични пријави поради основано сомнение дека е сторител на шест разбојништа во Кичево, Струга и Охрид. Триесет и четиригодишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада вчера е уапсен од страна на полицијата во Кичево откако претходно изврши грабеж во експозитурата на […]

Повредени 10 лица во шест сообраќајки вчера во Скопје


Едно лице е тешко повредено, а уште девет се здобиле со телесни и полесни повреди, во пет од шесте сообраќајки изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. За една сообраќајна незгода е регистрирана материјална штета. Сообраќајната полиција санкционирала дванаесет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената и исклучила 12 возачи од кои […]

Возило удри во жена на крстосница во Кисела Вода


Триесет и петгодишната Г.Б. денеска била удрена од возило на крстосница во населбата Кисела Вода. Како што информира за МИА од МВР, сообраќајката се случила во 16 часот и 50 минути на крстосницата од булеварот „Борис Трајковски“ со улицата „Народни херои“ кога патничко возило „опел корса“ удрило во скопјанката Г.Б. (35). Повредената со возило на […]

Таксист и диспечерка со тупаници решавале несогласувања


Вработени во такси компанија вчера со тупаници решавале несогласувања во работниот однос. Таксист и диспечерка со своите брачни другари физички се пресметале, а поводот бил казната на таксистот со исклучување од радио-станицата на компанијата. Како што соопшти МВР, во СВР Скопје во 23:35 часот телефонски било пријавено дека во централата на такси компанија на улица […]

Син претепал мајка во Визбегово


Син со боксови ја повредил својата мајка по што паднала и се здобила со повреди на главата. Како што соопшти МВР вчера во 21.50 часот Р.Т. (83) пријавила дека во дворот од нивната куќа во село Визбегово била физички нападната од страна на нејзиниот син Н.Т.(50), кој ја удрил со две тупаници во пределот на […]

Маж извршил полов напад врз малолетничка во Валандово


Во полициската станица во Валандово, 41-годишна Валандовка пријавила дека маж (55) од село Пирава извршил полов напад врз нејзината осумгодишна ќерка, соопшти МВР. Посочениот човек повеќепати во последниот месец сексуалното го злоставувал осумгодишното девојче, навела неговата мајка. Од полициската станица во Валандово наведуваат дека истиот маж се обидел да изврши полови напади и врз втората […]

Пожар синоќа на Клиниката за уво, нос и грло


На Клиниката за уво, нос и грло во комплексот клиники „Мајка Тереза“ доцна синоќа околу 22 часот избувнал пожар, јавува МИА. Пожарот бил предизвикан од болјер во бања, а интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со пет пожарникари и две возила.

Загинат малолетник во сообраќајка со мотоцикл


Четиринаесетгодишен мотоцилист од Долно Палчиште тетовско денеска загина во сообраќајка откако изгубил контрола врз мотоциклот и удрил во паркирано возило „Опел астра“ со тетовски таблици. Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски И.И. околу 13 часот и 45 минути бил донесен во приватната амбуланта „Кујдеси“ во тетовска Голема Речица, без знаци на живот. […]

Мигранти откриени во возило кај село Речица


Полицијата вчера открила петмина мигранти од кои тројца Курди и двајца Сиријци во возило управувано од скопјанец во близина на село Речица. На возачот му е одреден триесетдневен притвор. Во соопштението од МВР, се наведува дека во близина на село Речица, полициски службеници од ПС Белановце при контрола на патничко моторно возило со скопски регистерски […]

Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа


Мотоциклист загина, велосипедист е тешко повреден, а 16 лица се здобиле со лесни телесни повреди во 12 од вкупно 22 сообраќајни незгоди евидентирани изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Сообраќајната полиција регистрирала и санкционирала 105 возачи за пречокорување на дозволената брзина. Од сообраќај се исклучени 41 возач, четворица за возење под дејство на алкохол, […]

Моторџија загина на „Првомајска“


Триесет и осумгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје. Според полицијата, Е.С. (38), управувајќи со мотоцикл „сузуки“ изгубил контрола и се превртел на патот. „Од здобиените повреди, починал на лице место“, информираат од МВР. Смртта била констатирана од страна на лекар на Итна медицинска помош. По увидот, […]

Две лица повредени во сообраќајка кај Катланово


Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Велес-Скопје по тунелот „Катланово“. Министерството за внатрешни работи соопшти дека сообраќајната несреќа се случила синоќа, околу 19,00 часот на еден километар после тунелот “Катланово“ во која А.Д. (35) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Дачиа Логан“ со скопски регистерски таблици, изгубил контрола […]

Четворица повредени кај Расадник


Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на две возила што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската наслеба Кисела Вода. Како што изјавија за МИА од МВР, сообраќајката се случила во 17:50 часот помеѓу возила „ауди“ и „сеат“, двете со скопски регистарски таблички. – Во сообраќајната незгода повредени биле четири лица коишто […]

Маскиран разбојник ограбил поштар


Непознат маскиран сторител извршил разбојништво над 47-годишен поштар од Скопје, А.Ф., вработен во а.д. Македонска пошта. МВР соопшти дека разбојништвото се случило вчера околу 10 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“ во општина Чаир. Заканувајќи се со пиштол, сторителот од А.Ф. одзел чанта во која имало меѓу 15.000 и 20.000 денари и побегнал во непознат правец. […]

Судењето за „Насилство во Центар“ почна одново


Во Кривичниот суд денеска одново почна судењето за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица. Судењето е вратено на почеток бидејќи со новиот распоред, предметот му е доделен на судијата Душан […]

Полицијата приведе 20 лица за тепачката во Ченто


МВР соопшти дека 20 лица се приведени во врска со вчерашната тепачка меѓу две групи малолетници на автобуската постојка на улицата „Алија Авдовиќ“ во скопската населба Ченто. Како што се наведува во полицискиот билтен, околу 19.35 часот во Единицата за информации и команда Скопје, возач во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пријавил дека на ул. „Алија […]