Пронајдена мртва жена избодена со нож во стан во Скопје, синот приведен


Седумдесет и седум годишна скопјанка вчера е пронајдена со убодна рана во пределот на градите и без знаци на живот во својот стан во населбата Тафталиџе. Случајот го пријавил нејзиниот син, откако отишол во посета на својата мајка, која живеела со неговиот брат. Како што информира МВР, случајот го пријавил Г.Г. (47) од Скопје вчера […]

Во сообраќајка загина 22-годишно момче од Скопје


Дваесет и двегодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 14.15 часот во близина на Стајковци. Според полицијата, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (22) од Скопје, изгубило контрола и удрило во метална ограда и бетонски ѕид. Од здобиените повреди, возачот Б.А. починал на местото […]

(ФОТО): Автомобил влета во заштитната оградата на Собрание


Верижен судир на четири автомобили се случи вечерва на булеварот пред Собранието на Република Македонија. Како резултат на судирот едно од возилата влета и удри во оградата од Собранието. Во инцидентот што се случи пред 20 часот, нема повредени и причинета е само материјална штета. Увидот на полицијата е во тек. (ФОТО: Република)

СЈО го презема случајот со новинарот Божиновски


Специјалното јавно обвинителство од пред неколку дена воспостави наделжност врз предметот кој се однесува на новинарот Зоран Божиновски. „Донесено е решение, од 15 март годинава, со кое е воспоставена надлежност за предметот против обвинетиот Зоран Божиновски, кој е дел од случајот ‘Шпион’“, се вели во во одговорот на СЈО по поставено прашање од правосудство.мк. Сега […]

Ограбена лабораторија на Фармацевтскиот факултет


Украдени се опрема и предмети во вредност од 300.000 денари во тешка кражба во лабораторија на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Од факултетот вчера пријавиле во полиција дека во периодот од 19 часот на 20-ти месецов до седум часот изутрината на 20-ти непознат сторител извршил тешка кражба. Крадецот со тврд предмет […]

Маж починал откако со камион излетал од патот Плачковица – Штип


Шеесет и петгодишен жител од село Таринци вчера загинал откако со товарно возило излетал од патот Плачковица – Штип и удрил во дрво. Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 14:10 часот на регионалниот пат Плачковица – Штип пред крстосницата за село Козјак, Д.В.(65) од село Таринци – општина Карабинци, управувајќи товарно моторно […]

Опожарено „БМВ“ во Скопје


Патничко моторно возило „БМВ“ е опожарено утрово околу три часот на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје. Возилото, како што е наведено во полицискиот билтен, е со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Н. од Скопје. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа, а опожарен е предниот дел на возилото. Увидот е во тек.

(ВИДЕО)Тројца приведени со 91 килограм дрога во Кичево


Полицијата приведе тројца скопјани во Кичево кај кои заплени 91 килограм марихуана. Против тројцата приведени и за уште три други лица, две од Струга и едно од Скопје, се поднесени кривични пријави за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Како што информира денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски, […]

Повредени двајца војници во тетовската касарна


Со испукан еден куршум од „митралез“ се повредиле двајцата војници на АРМ, потврдија денеска од Генералштабот на АРМ по веста на МИА дека се повредени војници во касарната во Тетово при чистење на оружје. – Утрово во 9:55 часот, во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово дојде до повредување од огнено оружје на двајца професионални војници […]

Во Кичево запленети 90 килограми дрога


Околу 90 килограми дрога се запленетиво близина на Кичево. Како што дознаваме, акцијата се одвивала во вторникот вечерта на магистралниот пат Кичево-Охрид во близина на бензинска пумпа, Во неа учествувале припадници на специјалните полициски единици, а дрогата е пронајдена во автомобил со тетовска регистрација. Од Министерството за внатрешни работи го потврдија настанот, а повеќе детали […]

(ВИДЕО) Демолирано казиното „Сенатор“ во Струмица


Во казиното „Сенатор“ во центарот на Струмица синоќа околу 18 часот лицето А.В. со копач искршило 45 слот апарати и рулет машини. Од СВР Струмица го потврдија настанот. – Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициската станица во Струмица. Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, рече портпаролката на СВР Струмица, […]

Полицијата бара помош за идентификација на пронајден мртов маж


СВР Велес денеска информира дека на 13 март, годинава, на ридот над автопатот Скопје – Велес, на оддалеченост од околу 2,5 км од црквата во Башино Село, било пронајдено тело на починато непознато машко лице. Портпаролот на велешката полиција Верољуб Додевски, изјави дека бил извршени увид од страна на екипи од СВР Велес и Итна […]

СЈО го презема „Монструм“


Специјалното јавно обвинителство воспоставило надлежност за предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во април 2012 година. – Се надеваме дека за рочиштето во април ќе бидеме подготвени за презентирање пред судот. Постапката продолжува во фазата во која се наоѓа предметот, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешната прес-конференција. Масакрот кај Смилковското Езеро […]

Битолчанец обвинет за детска порнографија


Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против П.П. (49) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. МВР соопшти дека на 14 февруари во Битола по наредба од судија за претходна постапка при Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот на пријавениот при […]

Тригодишно девојче повредено од „мерцедес“


Тригодишно девојче било тешко повредено кога во неа удрил автомобил „мерцедес“ со кој управувал 20-годишен скопјанец. МВР во денешниот билтен информира дека сообраќајната несреќа се случила вчера во 16:30 часот во селото Батинци, а возилото го управувал И.А. од Скопје. Девојчето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани тешки […]

Запалена викендичката на партиски функционер од ВМРО-ДПМНЕ


Опожарена е викенд-куќата на координаторот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп Петар Ристески во месноста Кула во околината на Прилеп. Пожарот синоќа околу 22:30 часот го забележал очевидец кој пријавил во противпожарната единица која интервенирала. Според Ристески, станува збор за политички мотивирано дело. – За пожарот бев информиран од противпожарната единица синоќа околу 23.30 […]

Десетгодишно дете од Гостивар пријавено за исчезнато


Десетгодишно дете од Гостивар вчера е пријавено за исчезнато од страна на неговата мајка. Како што соопшти МВР, вчера во 21:30 часот во Полициска станица Гостивар, А.Д. (36) пријавила дека истиот ден околу 11:00 часот од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот десетгодишен син. Се превземаат мерки за пронаоѓање на детето.

Неисправен училишен прозорец повреди ученичка во Скопје


Единаесетгодишна ученичка се здобила со скршеница на левото рамо откако врз неа паднал прозорец за време не настава во училиштето во кое учи. Како што информира полицијата. таткото Ф.К. (32) во полициската станица во Карпош, Скопје пријавил дека на 15 март додека неговата ќерка била на час, наставничката се обидела да го отвори прозорот, истиот […]

Загина тракторист, откако му се превртел тракторот


Едно лице загина откако било нагмечено од тракторот што го управувал и што се превртел откако изгубил контрола над него. – На 17 март околу 19:30 часот било пријавено дека во Кичево на локалниот пат кон село Папрадиште В.Ш. (22) од село Попојани, управувајќи трактор со приколка во која било лицето Н.Ш. (41) изгубил контрола […]

Четири лица заработија кривични пријави за кражби и тргување со оружје


Кривични пријави се поднесени против четири лица поради тешки кражби и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи. СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.З. (27) поради сомнение за сторени три кривични дела (две „тешка кражба“ и едно „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје […]