Украдено возило од двор на улица „Франце Прешерн“ во Скопје


Непознат сторител вчера во двор на улица „Франце Прешерн“ влегол во патничко моторно возило „Југо Флорида“ кое било незаклучено и со клуч на бравата го стартувал и заминал. МВР информира дека кражбата синоќа околу 20 часот во Полициската станица Карпош, ја пријавил С.Д. (52) од Скопје. Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 60.000 денари. Се […]

Трисет и шестгодишен скопјанец се фрлил од 11 кат


Трисет и шестгодишниот Т.Ј. од Скопје вчера скокнал од тераса од 11 кат по што починал. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера изутрина во 05.25 часот.  Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид на местото на настанот.

Утврден идентитетот на загинатите кај Ресенско


СВР-Битола го утврди идентитетот на загинатите лица и другите учесници во сообраќајната несреќа што вчера се случи кај местото викано „Рибник“ во непосредна близина на наеленото место Крушје. Во сообраќајката учествуваа три патнички возила, а на местото на несреќата загинаа четири лица. – Сообраќајната несреќа се случи ма магистралниот пат „А-3“ релација Охрид-Ресен, кај местото […]

Четири лица загинале во соoбраќајна несреќа на патот Ресен-Охрид


Четири лица загинале во тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случила на патот Ресен-Охрид кај селото Крушје. Во незгодата учествувале три возила од кои две со битолски и едно со охридски регистарски ознаки. – Во сообраќајната несреќа загинаа четири лица, две лица се жители на општина Битола, а две лица се жители на општина Могила. […]

Еден загинат и четворица повредени на патот Гостивар –Кичево


Едно лице го загубило животот, а четири се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Според првичните информации на СВР Тетово, околу 17:30 часот во близина на еден од каменоломите на четири километри од Гостивар дошло до судир на две патнички возила. Неофицијално, во сообраќајната несреќа учествувале „опел […]

Украдена бронзена биста од училиштето „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров


Од училиштето „Страшо Пинџур“ во општина Ѓорче Петров била украдена бронзена биста во вредност од 66.000 денари со ликот на македонскиот револуционер. Како што соопшти МВР, на втори овој месец, во 7:05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје С.С.(40) вработена во училиштето „Страшо Пинџур“ лоцирано на улицата „Лука Геров“ пријавила дека во временскиот период […]

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Богородица-Гевгелија


Рано утрово едно лице загина во сообраќајна несреќа на делницата од автопатот граничен премин-Богородица-Гевгелија. – Несреќата се случила околу 3 часот, кога патничко моторно возило „мерцедес“ управувано од М.К. (27) од село Богородица удрило во металната заштитна ограда, при што починал на самото место, соопшти МВР. Сопатникот М.П. (26) се здобил со тешки телесни повреди […]

219 возачи и 83 возила исклучени од сообраќај во април во Тетово


Вкупно 219 возачи и 83 возила биле исклучени од сообраќај од страна на полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово поради најразлични видови прекршоци во текот на април во Тетово и тетовско информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Споредено со април лани бројот на исклучените возачи и возила на поширото тетовско подрачје бележи […]

Пред СЦ „Јане Сандански“ нападнати вработен во Агенција за обезбедување и двајца полицајци


Двајца скопјани вчера попладне физички нападнале вработен во Агенција за обезбедување на влезот  во спортскиот центар „Јане Сандански“, а при интервенција биле нападнати и двајца полицајци, по што напаѓачите се приведени во полициска станица. – Во спортскиот центар „Јане Сандански“, на влезот од салата, за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на кошаркарските клубови „МЗТ-Скопје“ и „Работнички“ синоќа околу […]

Со кола удрил во 7-годишно дете и избегал


Возач на патничко моторно возило удрил во седумгодишно дете – пешак по што возачот го напуштил местото на настанот, соопштија од МВР. Несреќата се случила вчера околу 13 часот на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Желино и Долна Лешница. Повреденото дете било пренесено во Клиничката болница во Тетово, каде лекар констатирал телесни повреди. Полицијата го бара […]

Ексградоначалникот на Кочани ѝ доделувал грантови на снаата


Поранешниот градоначалник на општина Кочани, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ратко Димитровски (62) заработи кривична пријава. Како што информира полицијата, тој ја злоупотребил функцијата градоначалник и склучувал договори со неговата снаа за грантови што ги доделува прогрмата „Еразмус+“. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани има основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ […]

Украдена биста на Кузман Јосифовски – Питу


Во дворот на основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје е украдена бистата. Како што информираше полицијата непознат сторител извршил кражба на бистата на Кузман Јосифовски-Питу, висока околу 80 сантиметри. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Пожар во магацински простор во Кавадарци, нема повредени


Нема поврдени во пожарот што доцна синоќа избувна во магацински простор во Кавадарци, за МИА денеска потврди Илчо Богевски, командир на кавадаречката Територијална противпожарна единица. -Изгоре дел од магацинот, но спречивме пламените јазици да ги зафатат околните објекти. Ризикот за такво нешто беше голем, бидејќи во магацинот имаше дрва и буриња со лесно запалива течност, […]

Во Кавадарци сообраќајно воспитна акција ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот


Сообраќајно воспитна акција насловена „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“  беше реализирана денеска за децата во градинката “Рада Поцева” во Кавадарци, од страна на инспектори од отсекот за превенција при кавадаречката полиција. – Опфатени беа дечињата од големите групи во организациските единици “Снежана” и “Гроздоберче”. Со децата беа разработени основните сообраќајни правила и прописи, а […]

Во Крива Паланка собрани 90 единици крв


На денешната крводарителска акција која се одржа во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, собрани се вкупно 90 крвни единици. Акцијата ја реализира Општинска организација на Црвен Крас, Крива Паланка во соработка со Институт за трансфузиона медицина, Скопје. – Ова е прва крводарителска акција месецов, но и прва од вкупно шесте од почетокот на […]

Двајца Јапонци ограбени кај Катланово


Двајца Јапонци се ограбени вчера додека со велосипеди се движеле на локалниот пат од село Катланово кон село Брезница, соопшти МВР. Во СВР-Скопје вчера околу15:00 часот е пријавено дека на локалниот пат од Катланово кон Брезница на Јапонците Ш.К.(54) и Х.К (48), кои се движеле со велосипеди им се приближило патничко моторно возило „Форд“. Три […]

Полициска контрола – казни за 11 пијани возачи и 88 за брзо возење


Полицијата во акциска контрола спроведена синоќа на територија на Скопје пронашла 88 возачи кои ја пречекориле брзината на движење и на 11 возачи кои управувале под дејство на алкохол. Министерството за внатрешни работи информира дека  во периодот од 15:00 до 23:00 часот, на подрачјето на главниот град спроведе зајакната акциска контрола по однос на прекршоците за […]

Тепачка по недоразбирање во сообраќајот на „Приштинска“ во Скопје


Четириесет и седумгодишен скопјанец вчера бил нападнат од група од околу 10 лица на ул. „Приштинска“ во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 22.10 часот во Полициската станица Чаир, Т.А. (47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22,00 часот на улицата „Приштинска“ физички бил нападнат од група […]

Тетовчанка пробала да шверцува хероин


На триесет и тригодишна тетовчанка и е одреден триесетдневен притвор, бидејќи на 30 април годинава се обидела да внесе наркотична дрога хероин на граничниот премин Табановце, при влез во Македонија. – Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Царинската управа на Република Македонија, започна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично […]

Двајца старци измамени и ограбени


Двајца старци биле измамени од страна на две лица при што им биле одземени 9.000 и 8.000 денари, информира денеска МВР. Во првиот случај скопјанката Е.К.Ф.(76) во СВР Скопје пријавила дека на булеварот „Јане Сандански“ во парк, додека седела на клупа и пришло лице на возраст околу 22-24 години и и рекло дека парите кои […]