Во Тетово продолжуваат полициските контроли врз мотоциклистите


 Возачи без соодветна дозвола за управување со мотор, без заштитна кацига, и возачи со нерегистрирани мотори, се најчестите прекршоци на возачите на мотори по тетовските улици. Во контролата на полицијата на тетовско-гостиварското подрачје вкупно откриени се 40 моторцикли со истечена регистрација до 30 и над 30 дена и 14 со непродолжена oсигурителна полиса, прекршок за кој […]

Прилепчанец се обидел да силува велешанка откако договориле средба преку социјалните мрежи


Дваесет и седумгодишна велешанка се здобила со телесни повреди откако 31-годишен прилепанец се обидел да ја силува. Случајот е пријавен вчера во 14 часот во СВР Велес од страна на 27-годишната С.Ш која со 31-годишниот Е.Ш договорила средба преку социјалните мрежи. – Со возилото на Е.Ш. отишле на Спомен костурницата во Велес каде што ја […]

Латас ги доби транскриптите од „бомбите“ за „Тревник“, главната расправа на 27 јуни


Главната расправа за предметот „Тревник“ на СЈО во кој се обвинети Драган Павловиќ – Латас, Срган Павловиќ и  Звездан Павловиќ ќе се одржи на 27 јуни откако на денешното рочиште на обвинетите на нивно барање им беа доставени транскриптите од аудио разговорите по кои се води обвинението. Судијата Марија Клетничка рече дека бранителите на обвинетите […]

Повреден 63-годишен мотоциклист во Велес


Мотоциклист утрово во Велес се здоби со телесни повреди откако изгубил контрола во движењето и паднал на коловозот.Од СВР Велес информираа дека сообраќајната несреќа се случила околу 9 часот на ул.  „Коце Димов – Витамин“ во Велес. Шеесет и тригодишниот Ѓ.Ј. се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинска помош е пренесен […]

Пробиштипјанец нападнал колеги во одделението на МО во Пропиштип


Четириесет и шестгодишен жител на Пробипштип вработен во секторот за туризам и услуги при Министерството за одбрана при МО-Пробиштип вербално и физички нападнал колеги. Како што соопшти МВР М.И. вчера во 14:50 часот во работната просторија  во одделението за одбрана при  МО -Пробиштипво во која канцеларија се потпишувал  дека се има јавено на работа, почнал да […]

(Фото) Автобус на ЈСП насила запрен и каменуван


Две лица од село Сингелиќ, А.Ј. (18) и 16-годишник, вчера попладне со патничко возило „Пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки запреле автобус на ЈСП број 65 што сообраќал од Транспортен центар кон село Стајковци. Лицата му се испречиле на автобусот додека се движел по улицата „Алија Авдовиќ“. Откако го запреле, излегле од возилото и побарале од возачот […]

Дваесет и четири возачи возеле под дејство на алкохол на патиштата на истокот


Дваесет и четири возачи на патиштата во источниот регион возеле под дејство на алкохол, покажа контролата на полициските службеници во текот на викендов, информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. Таа додава дека контрола е извршена на 90 возачи на патничките и на тешки моторни возила. – Санкционирани се вкупно 24 возачи и на истите […]

Девојка во Кавадарци нападната од нејзиното поранешно момче


Кавадарчанец денеска ја нападнал својата поранешна девојка и физички се пресметал со другарот кој ја придружувал во центарот на градот. – Девојката со другарка и и нејзиниот сопруг се паркирале во централното градско подрачје. Во тој момент дошол оставениот дечко и почнал да ја тегне поранешната девојка. Другарот дошол на помош, па двајцата мажи размениле […]

Скопјанец загина на боиштата во Сирија


Млад Албанец од Македонија го изгуби животот на боиштата во Сирија, пренесува Газета Експрес. Се работи за 23-годишниот Е.Исени роден во скопско Арачиново. На 19 години се приклучил во војната во Сирија, додека веста за неговата смрт беше објавена вчера. Неговото семејство ја дозна веста од неговите пријатели во Сирија. Во војната во Сирија има […]

Латас ги доби транскриптите од „бомбите“ за „Тотал“


По неколку одложувања, денеска во Кривичниот суд почна судењето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас. Одбраната на Латас на почетокот побара да ги добие транскриптите од 14 прислушувани разговори кои СЈО ги предлага како доказ во постапката. Според одбраната, транскриптите се потребни за да се подготват за главната расправа. Реагираше […]

Млад битолчанец почина во болница


Триесет и четиригодишен битолчанец починал на интерното одделение во Клиничката болница во Битола, соопшти полицијата. Трагедијата се случила вчера околу 11.20 часот. По извршениот увид, дадена е наредба да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Педесет и четиригодишен маж пронајден мртов во Охридско езеро


Полицијата го утврди идентитетот на починатото лице пронајдено во неделата во водите на Охридското езеро кај селото Подмоље. Станува збор за Б.Ј. (54) од Куратица, чие тело е дадено за обдукција. Трупот беше пронајден вчераутро во 9.55 часот на неколку метри од брегот кај месноста „Оровничка плажа“.

Жител на битолско Карамани се самоубил со ловна пушка


Во с.Карамани, битолско, вчера утрото во својот дом, П.Ѓ. (57) испукал еден патрон во пределот на градите од ловна пушка „Бајкал“ калибар 12 мм., сопственост на неговиот син, по што починал на самото место. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на […]

Безживотно тело на маж извлечено од Охридското Езеро кај Подмоље


Беживотно тело на машко лице денеска околу пладне е извадено од водите на Охридското Езеро, во близина на селото Подмоље. Увид на местото изврши екипа на крим-техника од СВР – Охрид, во присуство на јавен обвинител. Засега не се соопштува идентитет на лицето, а истрагата ќе ги утврди причините за трагичниот настан.

Деветгодишно дете нападнато од куче во Скопје


Деветгодишно дете синоќа во Скопје било каснато од куче, при што добило видливи повреди на десната  подлактица. Како што пишува во полицискиот билтен, синоќа во 21:20 часот во Полициската станица Гази Баба, Г.Д. (41) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 19 часот на ул. „Франц Лист“  од расно куче во пределот на десната подлактица бил каснат […]

Приведени три жени осомничени за посредување во проституција и трговија со луѓе


Две државјанки на Србија и една од Македонија синоќа биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Гостивар под сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој во Македонија и посредувале во проституција и  трговија со луѓе. Тие биле затекнати во угостителски објект на ул. „ЈНА“ во Гостивар, сопственост на Е.А. од село Лакавица. Акциската контрола […]

Ограбена црква во Тетово


Околу 2.000 денари се украдени од црквата „Св. Великомеченик Димитрије“ на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово. Според полицијата, ноќта помеѓу 10 и 11 мај непознати сторители со употреба на сила ја отвориле влезната врата, влегле внатре и ги одзеле парите по што побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно […]

Пукано од возила во движење во Скопје


На крстосницата на ул. „Софиска“ со ул. „Московска“ во Скопје, синоќа околу 22:45 часот од две патнички возила „Ауди“ во движење било пукано кон патничко возило „Мерцедес“. Како што е наведено во полицискиот билтен, на местото на настанот излегле полициски службеници и при преглед на теренот биле пронајдени четири чаури калибар 9 милиметри. Полицијата презема мерки за […]

Тракторист во Струмичко се превртел и починал


А.С. (41) од село Турново, управувајќи трактор „Фергусон Масеј“, изгубил контрола и се превртел по што, од здобиените повреди починал на самото место. Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера попладне околу 17:15 часот на локалниот пат од село Турново – село Бориево, Струмичко. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. Се преземаат мерки […]

Скопјанка добила закани од поранешниот љубовник


Во Полициската станица Карпош вчера во 13:00 часот 26-годишна девојка од Скопје пријавила дека нејзиното поранешно момче В.С.Д. ја уценувало и и се заканувало. Откако на 30 април годинава ја прекинала љубовната врска со В.С.Д., тој и се заканувал и побарал да му даде 2.000 евра бидејќи бил повреден и дека ќе и го одзел старателството врз […]