Двајца загинати и 17 повредени мигранти во сообраќајката кај Радовиш


Двајца загинати и 17 повредени мигранти е билансот на сообраќајната незгода што се случи попладнево околу 16:40 часот на магистралниот пат Радовиш – Штип во близина на рудникот Бучим. Од СВР Струмица потврдија дека собраќајката се случила кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигранти од Бангладеш и Шри Ланка удрило во ограда […]

Повредени 12 странски државјани во сообраќајка кај Радовиш


Во тешка сообраќајка на патниот правец Штип-Радовиш повредени се 12 лица од Бангладеш и Шри Ланка. Од Штипската клиничка болница за МИА потврдија дека се примени 12 повредени од сообраќајката и се прегледани од хирург и ортопед. Директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев изјави дека по извршените прегледи и добиени снимки ќе се утврди кои од […]

На обвинетите од 27 април ќе им суди Добрила Кацарска


Судијата Добрила Кацарска ќе го суди предметот за триесетмината обвинети за настаните во Собранието од 27 април. Од судот потврдија дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови. Кривичниот суд во петокот соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на […]

Кривична пријава за лице од Струшко поради напад со нож


Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, надворешната канцеларија за криминалистички работи-Струга, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.М. (32) од струшкото село Радолишта. СВР Охрид соопшти дека лицето казненото дело го сторило на 17 овој месец на локален пат пред селото Долна […]

Извршителка од Скопје пријавила обид за физички напад од гостиварец


Гостиварец со закани и навреди и обид за физички напад спречил извршителка од Скопје да постапи по девет предмети за извршување против неговиот син. – На 22.06.2018 година во 13.15 часот во ПС Гостивар, извршителот  В.Ј. (54) од Скопје пријавила дека истиот ден во 12.30 часот во Гостивар, на влезната врата од домот на Е.Ќ., […]

Пронајдена автоматска пушка кај жител на село Черкези, Кумановско


Автоматска пушка и рамка со куршуми се пронајдени во домот на Б.И., 38-годишен жител на село Черкези, Кумановско, по извршен претрес со судски налог од страна на полицијата. Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Б.И. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и […]

Фрлени бисти на Чеде Филиповски и Злате Малакоски


Во Маврово се фрлени бистите на народните херои Чеде Филиповски и Злате Малакоски. Според информациите од полицијата, 74-годишен маж вчера околу 11 часот пријавил дека во населбата Маврови Анови, две непознати лица со употреба на физичка сила, ги турнале двете бронзени статуи и побегнале. „Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Шестгодишно девојче од Струга падна од балкон и почина


Шестгодишно девојче од Струга загина во несреќа што се случи вчера околу 12 часот на улицата „ЈНА“ во Струга. Според Министерството за внатрешни работи, девојчето паднало од балкон на петти кат и починало на самото место. „Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга. Во согласност на Јавен обвинител, телото на починатата […]

Такси-превозот во Кочани пред згаснување поради „дивите“ таксисти


 Состојбата со такси-превозот во Кочани е лоша. Се возат нерегистрирани возила, возат возачи без дозволи и без лекарски уверенија кои го рушат угледот на такси-компаниите и создаваат нелојална конкуренција, беше речено на денешниот состанок што го организираа одговорните служби од Полициската станица -Кочани и Општина Кочани со претставници на Здружението на такси-превозници и поединци што се […]

Киднапиран скопјанец за долг на пари


Маж на 45-годишна возраст од Скопје повеќе од 24 часа бил киднапиран од непознати лица во стан во општина „Ѓорче Петров“, за наводен долг на пари. Киднапираниот искористил момент на невнимание на грабнувачите и побегнал. Како што соопшти МВР, вчера во 10  часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.К. од Скопје  пријавил дека од 19 јуни 2018 […]

Претепале таксист дека не ги пуштил да запалат цигари


Такси возач од Скопје вчера на „Партизанска“ бил нападнат со боксови по глава, а добил и удар со шише од двајца патници откако не им дозволил да запалат цигара во автомобилот. Напаѓачите побегнале, а на таксистот му била укажана лекарска помош. Како што е наведено во полицискиот билтен, во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ч.И.(40) […]

Изгоре куќа во пожар во Куманово


Куќа изгоре во пожар кој вчера околу пладне избувнал на ул. „Доне Божинов“ во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Во 12:20 четворица пожарникари со едно возило по претходно добиена пријава излегле на терен и го изгаснале пожарот, а нивната интервенција траела до 12:55 часот. Причините за пожарот и материјалната штета допрва […]

Во Радовиш се санираат штетите од вчерашното невреме


Во Радовиш се санираат штетите од вчерашното невреме што го зафати градот и населените места. Силниот дожд, кој врнеше неполн час и надојдените води предизивикаа оштетувања на повеќе улици во градот, оштетени се покриви на куќи, поплавени е еден угостителски објект и има наноси на повеќе сообраќајници во градот. Според градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, […]

(ФОТО) Камион и автомобил се судрија кај Градско


Камион и автомобил се судрија претпладнево на патот Прилеп – Скопје после Градско. Увид на местото на несреќата врши сообраќајната полицијата. Заега нема информации за повредени и за причините за сообраќајката. Сообраќајот на патниот правец се одвива со потешкотии, но без прекин.   фото:МИА

Маж се обидел да силува девојче во Виница


Непознато лице се обидело да силува 16-годишна девојка во атарот на виничко село додека таа ги напасувала овците. Девојчето успеало да се ослободи и побегнало кон семејната куќа, информира МВР. Случајот вчера во полициска станица во Виница го пријавила нејзината 36-годишна мајка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Девојче тешко повредено по удар од автомобил во Скопје


Петнаесетгодишно девојче од Скопје кое управувало велосипед ноќеска половина час по полноќ е потешко повредена, откако била удрена од автомобил. Несреќата се случила на крстосницата од булеварите „Србија“, „Видое Смилевски – Бато“ и „Јане Сандански“. Патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (24) од Скопје, удрило во 15-годишното девојче. Таа се здобила […]

УХМР: Не се очекува излевање на реките поради најавените врнежи


Најавените поројни дождови не се очекува да предизвикаат излевање на поголемите реки, а кај помалите реки и суводолици можно е брзо зголемување на водостојот и локални излевања доколку има силни интензивни врнежи. Во градските средини доколку нестабилноста биде во форма на невреме со дожд, град и ветер можно е слевање на водата по градските улици […]

МВР: Демонстрантите сакаат насилно да влезат во Собранието


Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите, од кои голем број маскирани, насилно ја турнаа заштитната ограда и се обиделе да влезат во Собранието, соопштуваат од Министерството за внатрешни раобти. „Почнаа со фрлање на камења и пиротехнички средства и други предмети кон зградата на Собранието и полицискиот […]

Момче повредено во сообраќајка во тетовско


Петнаесетгодишно момче од тетовско Јегуновце е повредено кога возилото во кое се превезувал како сопатник излетало од патот. Момчето поради сериозноста на повредите е пренесено во Ургентиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, откако му е укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово. Полицијата денеска соопшти дека несреќата се случила во два […]

Кривична пријава за деветмина од Агенцијата за филм


Деветмина вработени во Агенцијата за филм, меѓу кои и поранешните директори Мими Ѓорѓиевска-Илиевска (46) и Дарко Башевски (54) се осомничени дека со сторена злоупотреба на службената положба и овластување го оштетиле државниот државниот буџет за повеќе од 600.000 евра. Со пријавата, што скопската полиција веќе ја поднело до Основното јавно обвинителство, освен двајцата споменати се […]