Еден загинат кај Дабиле


Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила во 13.50 часот на патот Струмица-Берово, на излез од селото Дабиле, потврдија од МВР за МИА. Според првичните информации автомобилот излетал од патот и удрил во бетонски столб. Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Киднапирана скопјанка, избегала од возило на пат кон Велес


Непознат сторител вчера попладне ја киднапирал дваесет и тригодишната Ќ.М. од Скопје и насилно ја внел во патничко возило со кое се упатил кон Велес. Во близина на езерото „Младост“, таа успеала да избега од возилото фаќајќи го воланот и пеш се упатила кон Велес. Како што соопшти МВР во полицискиот билтен, непознатото лице и се […]

Жена прегазена од трактор во Требеништа


Шеесет и двегодишната В.М. од с.Требеништа, со живеалиште во Австралија, вчера била прегазена од трактор на локалниот пат Требеништа – Ливоишта. МВР соопшти дека В.М. се превезувала на трактор што го управувала Р.Ј.(67) од Требеништа, со живеалиште во САД. Р.Ј. во еден момент изгубила контрола врз тракторот и тој почнал да се движи наназад, по […]

Запален „Мерцедес“ во Велешко


Возило „мерцедес Ц 180“ е опожарено синоќа во 01:30 часот во дворот од семејна куќа на улицата „Гоце Делчев“ во велешкото село Отовица. Возилото е сопственост на 64-годишниот С.И. од Велес. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица во Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Тешко повредено девојче во Неготино откако ја удрил автомобил


Единаесетгодишно девојче од Велес е тешко повредено во Неготино кога во дворот на една здравствена установа во неа удрило патничко возило „Киа Спотаж“. Полицијата соопшти дека вчера во 9:30 часот во двор на здравствена установа на ул. „Ико Заров“ во Неготино, В.Н. (48) од Неготино, управувајќи патничко возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки, удрила […]

Украл фотографија од Фејсбук профил на полицаец и се заканувал по луѓе


Во полициската станица „Бит Пазар“ полициски службеник од Скопје пријавил дека е злоупотребена негова фотографија преземена од социјалната мрежа Фејсбук. „Непознато лице ја презело неговата слика од социјална мрежа, на која бил во полициска униформа, и на истата социјална мрежа во негово име и со негова слика им се заканувал и им барал пари на […]

Тешка кражба во куќа на ул.„Франц Прешерн“ во Скопје


Непознат  сторител вчера извршил тешка кражба во куќа на ул.„Франц Прешерн“ во Скопје. МВР информира дека кражбата во Полициската станица Карпош ја пријавила сопственичката на куќата Л.З. (53). Сторителот со употреба на сила влегол во куќата и одзел две пушки и пиштол марка „Црвена Застава М-88“ калибар 9 мм, сопственост на нејзиниот починат сопруг, златен накит […]

Скопјанец извршил полови дејствија врз 15-годишна девојка


Триесет и седумгодишниот скопјанец С.Ј. синоќа во Полициската станица Струга пријавил дека истиот ден околу 15 часот во куќата на Ф.Н. во тој град каде престојува заедно со неговото семејството, 39-годишниот скопјанец С.Џ. извршил полови дејствија врз неговата 15-годишна ќерка. Од страна на полициски службеници С.Џ. бил пронајден и приведен во Полициска станица, при што било констатирано дека […]

Ограбена бензинска пумпа во Радишани


 Непознат маскиран сторител рано изутрината извршил разбојништво во бензинска пумпа на ул.„Радишанска“ во Скопје. МВР информира дека сторителот со закана со пиштол од вработениот одзел засега неутврдена сума на пари, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Тешко повреден маж во сообраќајка кај Росоман


Четириесет и едногодишниот С.И., жител на велешкото село Бузалково е тешко повреден во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случила кај Росоман, потврди денеска за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. – Сообраќајната незгода се случила на магистралниот пат Градско – Прилеп, помеѓу патнички автомобил марка „пежо“ со француски регистарски таблички управуван од А.Б.(25) […]

Возач на скутер повредил пливач и побегнал


Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на лице кое вчера во 16.40 часот, управувајќи скутер во водите на Охридското езеро кај населбата „Езерски лозја“, го повредило лицето Р.Д. (50) од струшкото село Ливада. Според пријавата, Р.Д. пливал на околу 500 метри оддалеченост од брегот кај населбата „Езерски лозја“ кога бил удрен од скутер. […]

Сообраќајна несреќа во Чашка, едно лице полесно повредено


На регионалниот пат  село Лисиче – село Дреново, општина Чашка утрово се случила сообраќајна несреќа во која со повреди се здобил возачот на едно од возилата. Во сообраќајката учествувале автомобил  марка „ауди“ со велешки регистарски броеви управувано од С.К.(36) од село  Долно Јаболчиште – општина Чашка и патнички автомобил марка „Мерцедес “ со велешки регистарски […]

Отишол на одмор во Охрид, завршил во болница


На 08.08.2018 година во 15.45 часот во Пoлициската станица Охрид, било пријавено дека во пекара на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид, по вербална расправија, настанала и физичка пресметка меѓу лицата О.М. (27) од Прилеп, со престојувалиште во Охрид, и Д.Д. (39) од Радовиш, со престојувалиште во Охрид. Притоа, О.М. се заканувал со дрво , а […]

Тепачка во дискотеката во Градскиот парк во Скопје


Три момчиња од Куманово и едно од Скопје, физички се пресметале во дискотека во Скопје, при што се здобиле со повреди по лицето. „На 09.08.2018 година во 03.40 часот во дискотека во Градски парк бил нарушен Јавниот ре д и мир со тепачка помеѓу лицата Д.П. (22) од Скопје од една страна и лицата Т.Д. […]

Прободен 25 годишен кавадарчанец


Дваесет и петгодишен кавадарчанец вчера од сограѓанин бил прободен со остар предмет. Поради сериозноста на повредите, повредениот е пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Од МВР соопштија дека од Итна медицинска помош Кавадарци било пријавено дека на улицата „Тиквешко Востание“ било земено лицето Ј.М. со убодни рани од остар предмет. Тој бил пренесен […]

Кривична за полицаец за одземање на мобилен од мигрант


Полицаец од Регионалниот центар за гранични работи Север заработи кривична пријава за одземање мобилен телефон од мигрант и за издавање фиктивна потврда за вратени предмети. Како што соопшти МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против З.С. – вработен во РЦГРС поради […]

„Специјал“ нема да се затвори, изречена е само корективна мерка-едукација


Утврдени се пропусти во спроведувањето на добрата хигиенска пракса во продавницата „Специјал“ во центарот на Скопје, покажаа инспекциските контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Како што изјави  директорот на АХВ Зоран Атанасов, дуќанот нема да се затвори, изречена е само корективна мерка-едукација. Ако во некои следни контроли повторно се утврди каков било пропуст, […]

Жител на гостиварско застрелан во стомак од огнено оружје


Триесет и четиригодишен жител на гостиварското село Корито вчера бил застрелан од огнено оружје во пределот на стомакот. Од МВР соопштија дека околу 17:30 часот во Центарот за известување и команда Тетово, од Ургентниот центар Гостивар, било пријавено дека кај нив бил донесен А.Ш. со повреда од огнено оружје во пределот на десната страна на […]

Тројца охриѓани „олесниле“ магацин за градежни материјали


Тројца охриѓани во период од четири месеци ограбувале магацин со градежни материјали при што се стекнале со противправна имотна корист од над 5.000 евра. Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(58), В.З.(52) и Ш.Ш.(83), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”. […]

Приведени пет девојки и газдата во ноќен бар во Желино


Во периодот од 23.00 часот на 05.08.2018 до 03.00 часот на 06.08.2018 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Желино, сопственост на Ј.Ф. (41) од село Желино. При контролата во објектот биле затекнати пет женски лица од кои три странски државјанки (две од Република Албанија […]