Десет повредени во сообраќајна несреќа кај Долно Палчиште


Десет лица се повредени од кои едно со потешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 14.30 часот на регионалниот пат Пирок – Тетово кај селото Долно Палчиште, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите податоци во несреќата учествувале две возила со тетовски регистарски таблички, Форд транзит што го управувал З.М.(49) […]

Пет лица од Виница со симптоми на труење откако јаделе торта


Две деца и три возрасни лица од Виница завршија на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип по констатирано труење со храна. Тие се пожалиле на болки во стомакот, мачнина и повраќање заради што побарале лекарска помош, а поради лошата здравствена состојба добиле инфузија и неопходни лекарства. Како причина за труењето лицата го навеле консумирањето […]

Вооружен грабеж во Тетово, украдени 5.000 евра


Утринава нешто пред 9 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово се случил грабеж на објект, при што биле одземени 5.000 евра. Б.М. (46) пријавил дека непознат сторител му влегол во неговата агенција за трансфер на пари, му се заканил, и му ги одзел парите, а потоа избегал во непознат правец. СВР Тетово превзема мерки и […]

ОЈО Скопје изврши увид на местото на сообраќајката во Ново Лисиче


Дежурен јавен обвинител синоќа изврши увид на местото на тешката сообраќајна незгода на булеварот „Србија” во Скопје, во која беа повредени три лица. Несреќата се случила кога на тројцата пешаци – возрасни маж и жена и нивната тригодишна внука налетало товарно моторно возило „Пежо Партнер” со велешки регистерски ознаки. Поради сериозноста на повредите, жената и […]

Сообраќајката во Ново Лисиче заврши со смрт


Бабата која синоќа со своето тригодишно внуче беше тешко повредена во сообраќајка што се случи на булевар „Србија“ во Ново Лисиче, два и пол часа по несреќата починала на Клиника. Тригодишното дете кое исто така беше повредено се наоѓа на клиничкиот центар. Несреќата се случи синоќа околу 20 часот, кога комбе со велешки регистерски таблици […]

Загинал работник во Струшко


Работник од Албанија загинал во Струшко кога вез него паднало дрво. Според полицијата, вчера околу 12:50 часот е пријавено дека на место викано Гропа, во атарот на струшкото село Франгово, загинал Б.Х.(36) од Република Албанија. Додека собирал дрва, на него паднало дрво. Од ударот се здобил со повреди во пределот на главата, по што неговите […]

Шестмина повредени на обиколницата, меѓу нив и двегодишно дете


Шестмина се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера, во 16 часот, на обиколницата на Скопје, во близина на клучката Стајковци, а меѓу нив има и двегодишно дете. Според полицијата, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „хјундаи“, управувано од Д.Т.(70) од Скопје, и „сузуки“, управувано од С.Т.(43) од Скопје.  Во незгодата со повреди […]

Триесетдневен притвор за скопјанец за поседување оружје


Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага против 53-годишен скопјанец за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Јавниот обвинител од ОЈО Скопје ценејќи дека се исполнети законските основи за определување мерка притвор за осомниченото лице до судот достави предлог и со решение на осомничениот му определи притвор во времетраење од 30 […]

Maлолетник од Арачиново нападнат со нож додека чекал автобус


Вчера, околу пладе, 15-годишно момче од селото Арачиново било физички нападнато додека чекало автобус на булеварот Крсте Мисирков од Скопје. Нападот го извршил друг мамолетник од Арачиново, ученик во државното средно училиште „Зеф Љуш Марку“. „Додека чекал автобус, 15-годишникот физички бил нападнат и со нож му биле нанесени две убодни рани во пределот на левото […]

Трагедија во Неготино: Родителите го нашле починатиот син во тоалет


Дваесет и шестгодишно момче со иницијали М.Т. било пронајдено мртво во тоалетот во сопствената куќа на улицата Васка Калајџиска од Неготино. Момчето го пронашле родителите. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Неизгасната цигара била причината за пожарот во охридскиот затвор


Пожарот што се случи во Казнено-поправната установа „Охрид“ пред еден месец бил предизвикан од неизгасната цигара во соба во која бил сместен еден од затворениците кои издржувале затворска казна. Полицијата соопшти дека постојат основи оти 20-годишно лице со иницијали Ч.Р. го предизвикало пожарот и против него е подесена кривична пријава.  За време на пожарот беа опожарени […]

Пожар во напуштен отпад во близина на црквата во Маџари


Напуштен отпад во близина на црквата во скопската населба Маџари во моментот гори. Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје информираат дека во моментот на терен интервенираат 15 пожарникари и четири противпожарни возила.

Притвор за едно лице осомничен за криумчарење мигранти


Регионалниот центар за гранични работи Југ до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Ф.(35) од скопското село Студеничани, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Од страна на судија за претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти денеска МВР. – На 11 септември во 01:00 […]

Судењето за 27 април продолжи со сослушување на сведокот Ибраими


Судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, продолжи денеска со сослушување на сведокот Енес Ибраими. Во Кривичниот суд се присутни сите сведоци повикани за денешното рочиште. За денеска е закажано сведочење на Хари Локвенец, Петар Атанасов, Енес Ибраими и Катерина Кузмановска. Претседател на судечки совет е судијката Добрила […]

Пиштол и нож извадени во кавга во скопска детска градинка


Во Скопје во детската градинка на улица „Рокомија“, настанала вербална расправија помеѓу З.Џ.(40) и Б.З., двајцата од Скопје. По кавгата З.Џ. извадил пиштол, додека Б.З. извадил нож. Како што денеска во соопштение појаснуваат од МВР, на 11.09.2018 година околу 10,15 часот настанот бил пријавен, а по преземени мерки  од страна на полициски службеници бил приведен З.Џ., […]

Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје


Четириесетгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила денеска во 12.50  часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистерски ознаки управувано од Д.К (49) удрило во пешакот Б.А (40) од Скопје. Повредениот пешак со возило на Итна медицинска […]

Автомобил удри во десетгодишно момче од Тетово


Десетгодишно момче од Тетово завршило со тешки телесни повреди по удар од автомобил. Несреќата се случила на улицата „109“ во Тетово кога автомобил „форд фокус“ со италијански регистарски ознаки, управуван од Ш.Ф. (60) од Тетово, удрил во момчето.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.  

Малолетник нападнал жена во Штип, ѝ украл златно ланче


Шестнаесетгодишно лице вчера на улицата „Пиринска“ во Штип извршило тешка кражба на дрзок начин, над 57-годишна жена. „Додека оштетената се движела по улицата ѝ се доближил сторителот и со употреба на сила ѝ го одзел златното ланче кое го носела околу вратот. По преземени мерки, лицето било пронајдено и лишено од слобода во присуство на работник од […]

Судиите и обвинителите на увид на „опелот“ во „Монструм“


Судиите и обвинителите утрово во присуство на медиумите ќе вршат увид на автомобилот „опел омега“, кој е еден од клучните докази во случајот „Монструм“. Возилото се наоѓа во близина на селото Миладиновци во депо кое е под надлежност на Агенцијата за управување со одземен имот. Според обвинението, токму во ова возило е најдена ДНК на […]

Жител на Дабиле загина во сообраќајка кај скопскиот аеродром


Едно лице го загуби животот, две други, од кои едно 11-годишно дете се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопат Велес – Куманово, кај исклучокот за Аеродром „Скопје“. МВР денеска соопшти дека сообраќајката се случила во 17.40 часот, помеѓу патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К. (50) од […]