Нова сообраќајка со жртва во Скопје – прегазен старец


Старец на возраст од 83 години почина на Клиничкиот центар откако вчера бил прегазен на улица „Македонско косовска бригада“. Несреќата се случила околу пладне кога автомобил „фолксваген пасат“, кој го упраувал шеесет и тригодишен скопјанец, удрило во старецот кој ја поминувал улицата. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка […]

Маж бил физички нападнат додека делел програма за референдумот


Триесет и седумгодишен маж пријавил во полициска станица дека бил физички нападнат додека делел програма за референдумот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, нападот го извршил извесен В.М. (54) од Скопје, а до инцидентот дошло на улицата Палмиро Тољати, вчера попладне. МВР соопшти за уште еден случај поврзан со престојниот референдум кога .Љ.Т. од Кисела […]

Едно лице загина во сообраќајка во Скопје


Маж почина во сообраќајна несреќа што се случи утрово на улицата Благоја Стефковски во Маџари. „До несреќата дошло помеѓу патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од село Колешино, Струмичко, а управувано од М.Г.(35) од Скопје, и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(58) село Трубарево, Скопско“, соопшти […]

Изгоре дел од куќа во село Баница, двајца полесно повредени


Во пожар кој избувна во куќа во селото Баница, во близина на Струмица, целосно изгоре една соба, а двајца жители на селото се полесно повредени и се пренесени во Струмичката болница, информираа од ТППЕ Струмица. Пожарот избувнал околу 12 часот во просторијата која е изгорена, но со брза интервенција на пожарникарите не е дозволено тој […]

Пожар во каменичка Дулица


Во два одделни пожара кои денеска избувнаа во атарот на село Дулица, Македонска Каменица опожарена е борова шума на површина од близу два хектара. Според информациите на Малин Трајчевски, одговорно лице од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, првиот пожар избувнал рано утрово и е локализиран во 7:15 часот. – Утрово во 4:45 часот до […]

Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби


Две лица од Свети Николе и од Охрид фотографирале девојки на плажа во Охрид и ги лажеле дека сликите ќе ги испратат во модна агенција во Србија. Но, наместо тоа, девојките си ги виделе своите фотографии објавени на странска веб-страница за интимни односи со девојки. Според информациите на МВР, против К.К. (29) од Свети Николе […]

Гори возило на патот кај село Дебриште, Росоманско


Гори возило на патот кај село Дебриште, Росоманско, информацијата ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Нивна екипа е на терен и се работи на локализирање на пламените јазици. Се работи на утврдување на причините за пожарот.

Кривична пријава против 26-годишен скопјанец за обид за убиство во Ченто


Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, со кривична пријава го предаде А.М.(26) од Скопје, поради основи на сомнение дека на 24.09.2018 година со повеќе истрели од огнено оружје се обидел да го лиши од живот Ј.Б.(22) од Скопје, со што сторил кривично дело „убиство во […]

ОЈО Скопје отвори истрага за убиство за пукањето во Ченто


Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за убиство против лицето кое завчера пукаше од автоматска пушка кон Ј.Б. кој се здоби со тешки телесни повреди. Настанот, како што соопшти Основното јавно обвинителство – Скопје, за кој се гони лицето се случил на 24 септември 2018 година, околу 00:05 часот, на крстосницата меѓу […]

Во угостителски објект во Жеровјане приведени женски лица


Во полициска акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, синоќа во периодот од 22.00 часот до 01.00 часот по полноќ биле затекнати шест женски лица (три од Република Србија и три македонски државјанки). Српските државјанки (две на возраст од 21 и една 26 години ) биле приведени и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, […]

Кај скопјанец пронајдени хероин и кокаин, полицијата поднесе кривична пријава


Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје го предаде лицето Ќ.Ј.(52), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ. На […]

Возило удрило во столб под старата стоковна „Мост“, нема повредени


Возило марка БМВ вечерва удрило во метален столб под старата стоковна куќа „Мост“ во Скопје. Засега нема пријавено повредени, изјавија од МВР. Поради тоа дел од сообраќајот се пренасочува, но се очекува за кратко време да биде нормализиран, велат од МВР.

Петмина повредени во сообраќајка на три возила на стариот пат Тетово – Скопје


Пет лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа на три возила што денеска околу 12:30 часот се случила на регионалниот пат Желино-Групчин, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според Јосифовски во сообраќајната несреќа учествувале „Голф “ со скопски регистерски таблици управуван од С.А.(74) од скопско Бојане, „Фолксфаген туран“ со тетовски таблици […]

Изгаснат пожарот во приемното одделение во Идризово


Пожарот во приемното одделение на затворот Идризово попладнево е изгаснат, изјави за МИА командирот на Бригадата за Противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томевски. Во гаснење на пожарот е интервенирано со 12 пожарникари и со пет возила. Во пожарот, кој во полицијата бил пријавен околу 14:00 часот, беше зафатена кровната конструкција, потврди директорот на Управата за извршување санкции […]

Чичко Цобе уште не е погребан, фалат 4.000 денари


Речиси два месеци по трагичниот настан во центарот на Скопје, во кој до смрт беше претепан Слободан Минциковски познат како чичко Цобе, тој сѐ уште не е погребан. Поради лошата материјална состојба на семејството, неговото тело и натаму е во капелата во Бутел, поради што пристигнуваат апели за помош. Ја пренесуваме молбата од Отец Оливер: […]

Гори приемното одделение во затворот Идризово


Во приемното одделение на затворот Идризово попладнево избувна пожар во кој е зафатена кровната коснтрукција, потврди за МИА директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ. Во пожарот нема повредени лица, а според првичните информации причина е застарената електрична инсталација. Лицата од приемното одделение во моментот безбедно се префрлени во други простории. Бригадата за протипожарна […]

Изгубил на фудбал, па го нападнал голманот


Изнервиран поради загубен фудбалски натпревар, 22-годишен вевчанец физички го нападнал голманот не една од екипите. Како што соопшти МВР, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела  кривична пријава против Д.Ш. (22) од село Вевчани, струшко за сторено кривично дело „насилство“. На  29 август 2018 година во струшкото село Драслајца, по завршувањето на фудбалски натпревар, пријавениот, […]

Киднапирано и претепано момче во Арачиново


Шест вооружени лица киднапирале и претепале 22 годишно момче во Арачиново поради нерасчистени семејни односи во врска со неговата поранешна вереница од село Арачиново. Како што соопшти МВР, вчера околу 19:30 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, било пријавено дека бил донесен Н.Р. кој имал повреди добиени од физички напад во село Арачиново. По […]

Кривична за заканувачот на градоначалникот на Куманово


Кривична пријава за закани кон градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и неговиот син денеска заработи 34 годишен кумановец. Како што соопшти МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесена е кривична пријава против Д.С. за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 22 септември 2018 година, пријавениот во два наврати испратил СМС пораки на градоначалникот на Куманово […]

Тинејџер загина кај Визбегово


Тинејџер од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 2.30 часот на улицата „Јадранска магистрала“ кај Визбегово. Управувајќи автомобил „мерцедес“, Д.К. (18) изгубил контрола и излетал од патот. Возачот загинал на самото место, додека другите двајца сопатници се здобиле со повреди и се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од полицијата. […]