Киднапирана жена од Дебарско, ја однеле во Струга и ја силувале


Две лица од Дебарскиот регион се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава за „грабнување“ и „полов напад и силување“, соопшти Министерството за внатрешни работи. „ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л. (26) од селото Џепиште поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела грабнување и полов напад и силување, […]

Остатоци од човечко тело пронајдени во кавадаречко Сопот


Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.  Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот. -Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци […]

И подмитувачот и подмитениот 30 дена во притвор за ИПАРД програмата


Судија на претходна постапка, по произнесување на петмината осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, кои попладнево беа спроводени во Основниот кривичен суд Скопје, донесе решенија – мерка притвор од 30 дена за четворица од нив, а за едно лице мерка куќен притвор. Како што информираа од Кривиченза лицата Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. […]

Радовишанка обвинета за лажно пријавување бомба во основно училиште


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи по поднесената кривична пријава од МВР и врз основа на сите обезбедени докази поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело по член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик, за лажно пријавување бомба во основно […]

Му пукале во глава – Откриен еден од убијците на Ѓошев во Чашка


Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште […]

Поставил бомба во автомобил на скопјанец заминат во Италија


Денеска (06.11.2025) во 02:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01:00 часот, едно лице влегло во гаража од семејната куќа на Е.Р. на подрачјето на Бит Пазар, кој моментално е во Италија, а набргу потоа сопственикот добил порака со закана и со известување дека во неговото возило е поставена бомба. Полициски службеници излегоа […]

Безживотно тело на девојка пронајдено меѓу згради во Тетово


 Безживотно тело на младо женско лице синоќа било пронајдено во Тетово, а Обвинителството денеска соопшти првична информација дека смртта не е резултат на кривично дело. Телото било пронајдено помеѓу зградите што се наоѓаат од спротива на Центарот за социјални работи во Тетово, кај Зелениот пазар. Од Јавното Обвинителство информираат дека дежурен јавен обвинител од Основното […]

Возеле 100 км/ч повеќе од дозволеното – полицијата ги уапси


Во вторникот во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(47) од Битола. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „јагуар“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 179 километри на час на место каде максимално дозволената брзина со […]

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман


Денеска околу 17 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на с. Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица. Од 18 […]

ОЈО Скопје бара да му се одземат пасошите на возачот што усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“


Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против 37-годишниот скопјанец што вчера со автомобил „фолксваген пасат“ удри во велосипедистот Јорго Ќука (78) на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, кој по нанесените тешки телесни повреди го загуби животот. ОЈО Скопје бара Кривичниот суд во Скопје да му одреди мерки на претпазливост на осомничениот – одземање на македонскиот […]

Возач на ЈСП нагло закочил – повредено 12-годишно дете


Во понеделникот, во 19 часот во СВР Скопје, М.С.(41) од с.Кондово, скопско, пријави дека на 01.11.2025 околу 16:45 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, додека се возеле во автобус на ЈСП, возачот нагло закочил, при што нејзиниот 12-годишен син паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. […]

Дури и затвореници си тргуваат со туѓи платежни карички


Во два одвоени случаи полицијата констатирала неовластено тргување со тужи картички. Имено, СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(34) од Струга, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и Т.К.(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека Т.К. е пријавена и за „оштетување и неовластено навлегување […]

Куќен притвор за луѓето што организираа борба на кучиња во битолско село


  Основното јавно обвинителство Битола ги гони организаторите на борби со кучиња во битолското село Црнеец, настан што ја згрози јавноста. Ова следува откако СВР Битола објави дека девет мажи се лишени од слобода заради организирање на негелани борби со кучиња во двор од семејна куќа во Црнеец. Меѓу организаторите се четири лица од Косово, […]

Полицијата го уапси возачот кој избега откако усмрти велосипедист кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје


Полицијата попладнево соопшти дека го уапсила 37-годишниот Х.К. од Скопје, кој денеска околу 12:30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје со автомобил „Фолксваген пасат“ прегази 78-годишен велосипедист (Ј.Ќ. од Скопје), кој почина на самото место. Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу […]

Усмртен велосипедист пред мoстот „Гоце Делчев“ – возачот избегал


На булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа во која е прегазен маж, кој починал на самото место. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот се судриле патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице, и велосипедист. […]

Ни Задушница не им е света на криминалците – лажен поп „пеел“ на гробиштата во Ѓорче Петров


Во саботата, на Задушница, лажен поп нудел да „пее3 за покојниците на гробиштата во Ѓорче Петров, а на гробиштата во Горно Лисиче пак, била ограбена старица на 74-годишна возраст „На 01.11.2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б.П., кој […]

Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во село Длабочица


Дваесет и едногодишно момче од Куманово со мотоцикл излетал од патот и починал, соопшти денеска СВР Куманово.  -Вчера во во 17.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Длабочица се случила сообраќајна незгода во која моторцикл управан од А.Д. (21) од Куманово излетал од патот. Во незгодата на лице место починал А.Д., информираше […]

Девет лица од Македонија и Косово организирале нелегални борби со кучиња во битолско Црнеец


 Полициски службеници од СВР Битола синоќа пред полноќ во битолското село Црнеец од слобода лишиле девет лица од Македонија и Косово кои организирале нелегални борби со кучиња. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни.  Четворица се од Косово –  на возраст од 49, 43, 48 и 53 години, четворица од Битола, на […]

Жител на Богданци починал од повреди по тепачка, уапсен 55-годишник од Сретеново


Педесет и тригодишен жител на Богданци, Н.Т., починал вчера во болница во Гевгелија по добиени тешки телесни повреди во физичка пресметка со 55-годишник од дојранското село Сретеново, со иницијали В.Р.. Како што соопшти МВР денеска во дневниот билтен, полицијата од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го уапсила В.Р. синоќа во 22:25 часот во неговото село Сретеново. Претходно, […]

Наставничка од Кавадарци фотографила приватни разговори на колешка и ја кодошела кај директорката


Кривични пријави против две вработени во училиште во Кавадарци биле поднесени од страна на полицијата,  под сомнеж за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, потврдија попладнево за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес.  Оттаму информираа дека денеска ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднел кривична пријава против В.Т.(47) и М.Т.(52), двете од Кавадарци, поради […]