Од трговски центар паднал пијан 30-годишен скопјанец


Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје. Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на […]

Убиен турски државјанин во Старата скопска чаршија на Нова година


Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во крвав инцидент што се случи во првите часови од Новата година во Старата скопска чаршија. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 јануари 2026 година во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка […]

Приведени пијани возачи од Велес и Тетово, возач од Кочани возел во спротивна насока на кружен тек


Двајца возачи од Велес и Тетово кои возеле под дејство на алкохол се приведени, а приведен е и возач од Кочани кој возел во спротивна насока на кружен тек.  Во Велес во 04:55 часот приведен е З.Ј.(29) кој на улицата „Димитар Влахов“ со возило „сеат“ удрил во метална канделабра. Тој имал 1,66 промили алкохол во […]

ОЈО ГОКК поднесе обвинение против бизнисменот Крмзов и повеќе физички и правни лица за даночна измама


Обвинителатвото за гонење на организиран криминал и корупција информира дека е поднесен Обвинителен акт против седум лица, меѓу кои и бизнисменот Ристо Крмзов, како и Обвинителен предлог против три физички и 13 правни лица за даночна измама.  Поднесениот Обвинителен акт и Обвинителен предлог што по спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК ги доставил до […]

Кривична за двајца од Кочани што складирале отпад


ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.А.(33) и Љ.А.(39), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“. Пријавените подолг временски период наназад, па се до 04.12.2025, спротивно на прописите за животната средина и природата, складирале, оставале и расфрлале отпадни материи на ул.„Поп Арсов […]

Со една лиценца работел во 16 објекти


СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од с.Кадино, општина Илинден и В.А.(53) од с.Мирковци, скопско, управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“. На 29.01.2025, при извршена акциска контрола во подружница на пријавеното правно лице […]

Гостиварец сакал да внесе над 40 илјади петарди и огномети, го фатиле на граничниот премин Блаце


Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, ризични по здравјето на граѓаните. Поведена е кривична постапка против сторителот, македонски државјанин од Гостивар, при што поднесена е кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик, соопшти […]

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства


 Клиниката за пластична хирургија, во соработка со Министерство за внатрешни работи ја финализираше едукативната кампања во средни и основни училишта за подигнување на свесноста за опасностите од употреба на петарди, што се одвива под мотото „Создавај спомени без повреди – кажи НЕ за пиротехнички средства“. Како што соопшти Министерството за здравство, лекарите од Пластична хирургија […]

Петарда му експлодирала во рака – повредено осумгодишно дете


Осумгодишно дете од гостиварското село Врапчиште е тешко повредено откако петарда експлодирала во неговата рака. Случајот бил пријавен на 29 декември во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентниот центар во Гостивар. По укажаната прва помош, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување […]

„Јужна пруга“ ја затвори инспекција, газдата си влегол и продолжил со работа


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Симнување и оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопштија од Јавното обвинителство (ЈО), осомничениот бил сопственик и управител на угостителски објект „Јужна пруга“ во Скопје, на кој со Решение од овластен инспектор […]

Со закана со нож одзеле велосипед од малолетник во скопски Центар


На 29.12.2025 во 20:50 часот во СВР Скопје, К.С.(44) од Скопје пријави дека околу 17:50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, две лица со закана од остар предмет, на неговиот малолетен син му го одзеле велосипедот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Целосен прекин на сообраќајот Струга – Ќафасан поради превртена цистерна


Во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Според информацијата, сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот.

Хаос во Италија: Се степале Македонци и Албанци, еден Македонец прегазен од автомобил


Италијанскиот град Перуџа, поточно областа Сан Систо, стана сцена на брутална пресметка меѓу две групи иселеници од Македонија и Албанија. Она што започнало како банална расправија во локален бар, завршило со тешки повреди и масовни апсења. Истрагата открива дека до крвавиот инцидент не дошло поради претходно планирана заседа, туку поради банална причина – фотографија направена […]

Тешка сообраќајка кај Тополчани, прилепчанец заврши со тешки повреди


Синоќа, во 20:18 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот […]

Затвор од 11 години за Фатон Љури, кој го прегази Југослав Николовски на Кеј


Основниот кривичен суд – Скопје му изрече казна затрвор од 11 години на Фатон Љури , кој на пешачка патека во Скопје со мотор го прегази 68- годишниот Југослав Николовски. Фатон Љури на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар го прегази Николовски и го напушти […]

Ги дупнале гумите на 34 возила на бул. „АСНОМ“ во Ново Лисиче


Триесет и четири патнички возила биле оштетени на паркинг на булеварот „АСНОМ“, а вкупната материјална штета е проценета на околу 11.000 евра, информираат од МВР.   – Денеска (28.12.2025) во СВР Скопје  е пријавено дека во периодот од 23 часот на 27.12.2025 до 9 часот на 28.12.2025 на паркинг простор на бул „АСНОМ” е извршено оштетување […]

Возач удрил во возила, контејнери и семафор во Скопје


Полицијата денеска информира за случај од петокот во кој 52-годишен државјанин на Косово со привремен престој во Арачиново со возило удрил во неколку паркирани возила и контејнери, по што удрил и во семафор и во уште едно возило во движење.    – На 26.12.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Григор […]

Од силен ветер падна парче лим од покрив на зграда во центарот на Куманово


Од силниот ветер, претпладнево падна дел од покрив на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово. Покривот падна од зграда, лоцирана во близина на крстосницата на улицата „Гоце Делчев“ и булеварот „Трета Македонска ударна бригада“. Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека ги известиле општината и полицијата. Сообраќајот го регулира СВР Куманово, додека екипи […]

Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, пожарникари го извлекоа телото


Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, a пожарникари вчера го извлекле телото. Пожарникарите за да го извлечат телото се движеле по тесни и лизгави карпи.  – До нас беше пристигнато барање за извлекување на безживотно тело на наш сограѓанин кој доживеал несреќа при лов, паднал од карпа висока 150 метри. Веднаш одговоривме на […]

Полицијата најде над 25 тони пиротехнички средства


На 24.12.2025 во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје.   При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, […]