Продолжен притворот на Артан Груби


На Артан Груби му е продолжен домашниот притвор во истрагата за злоупотребите во Државна Лотарија. Од скопскиот Кривичен суд потврдија дека по барање на обвинителството пред државниот празник, за Груби е продолжен домашниот притвор со 24 часовно полициско обезбедување. Поранешниот вицепремиер и министер по повеќе од 14 месеци бегство се врати на 23-ти февруари, но […]

Уапсениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, барал 100.000, а зел мито од 50.000 евра


  На 20.03.2026 полициски службеници од Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишија од слобода В.А.(41) од Кочани и против него до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична  пријава поради постоење на основано сомнение  за сторено кривично дело „примање поткуп“ по чл.357 од […]

Четири мотоцикли изгореле на паркинг простор пред магацин во Прилеп


Четири мотоцикли изгореле на паркинг простор пред магацин во Прилеп.  – На 19.03.2026 во 21 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на паркинг простор пред магацин на правно лице на ул.„Стеван Апостолоски“ во Прилеп настанал пожар во кој изгореле четири мотоцикли, сопственост на правното лице, информираа од полицијата.  Пожарот е изгаснат од екипа […]

Ја претепал мајка си – завршила на Клиника


Син ја претепал мајка си во смеејниот дом на Би Пазар. Жената заврпила во болница со тешки повреди.  – На 20.03.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(23) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во смејениот дом на подрачјето Бит Пазар физички ја нападнал неговата 51-годишна мајка и […]

Акција на МВР: Фатиле директор на инспекторат за примање поткуп


Во тек е акција на Министерството за внатрешни работи, под раководство  на јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и коруција, поради сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, потврдија од МВР. Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја потврдија акцијата. „Под координација на јавен обвинител на ОЈО […]

Трагедија во Скопје: 24-годишно момче починало на гости кај другар


Трагедија се случила вчера во Скопје. Другар си го пронашол другарот починат.  – На 18.03.2026 во 19:42 часот во СВР Скопје, Н.Г.(26) од Скопје пријави дека во 19:40 часот го пронашол во бессознание неговиот другар М.С.(24) од Скопје. Според пријавеното, другар му дошол кај него околу 10:00 часот и набргу тој легнал да спие, а […]

Пронајден и уапсен возачот кој прегази 11-годишничка во Капиштец


Вчера полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа С.Б. од Скопје, кој пред два дена со возило удрил во малолетно девојче во Капиштец и избегал од местото на настанот. Настанот бил пријавен на 16.03.2026 во 16:10 часот, кога од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било известено дека кај нив е донесена 11-годишна малолетничка […]

Нови сведоци за пожарот во „Пулс“ денеска во судницата во Идризово


 Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште пред судот беа сослушани двајца сведоци. Сведокот Маја Тимовска, раководител на Секторот за превенција, планирање и развој во Дирекцијата […]

Со тврд предмет ја тепал ќерката, па ја нападнал и сопругата која се обидела да го спречи


Доцна синоќа, уапсен е 49-годишен скопјанец, откако сопругата го пријавила дека со тврд предмет ја тепал нивната малолетна ќерка, а кога таа се обидела да ја одбрани ќерка си, тој ја нападнал и неа. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 22:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје […]

Уапсен скопјанец кој бил агресивен кон вработените во Центарот за социјална работа, а се заканувал и на сопругата


41-годишен скопјанец вчера бил уапсен на подрачјето на Ѓорче Петров, поради агресивно однесување кон вработени во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи-Скопје, како и поради закани кон неговата 33-годишна сопруга со која бил во бракоразводна постапка. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници […]

Девојката што падна од балкон во куќата на дедо ѝ во Тетово била малтретирана од таткото


Во понеделникот, во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А.(47) од Тетово и со него бил извршен службен разговор. Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски […]

11-годишно дете прегазено во Капиштец, возачот избегал


11-годишно девојче од Скопје е тешко повредено откако било удрено од патничко возило на крстосница во центарот на градот, а возачот по несреќата го напуштил местото на настанот. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен вчера во 16:10 часот, кога од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било соопштено дека кај нив е донесена […]

Затвор за кавадарчанката што по сообраќајка избега во Германија


Пет години затвор доби 20-годишната В.З. од Градско за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи пред 15 месеци во близина на Кавадарци. Судењето се одвивало во отсуство, а Основниот суд Кавадарци ја прогласил за виновна за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Покрај затворската казна, на […]

Скопјанец измамил прилепчанка со лажна сообраќајка


Расчистен случај со лажна сообраќајка. Лишен од слобода скопјанец кој измамил жена од Прилеп за сума од 2.000 евра и 1.000 долари. Како што информираат од МВР, ОВР Прилеп поднело кривична пријава против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 04.11.2025, пријавениот измамил жена од Прилеп за сума […]

Запален џипот на градоначалникот Курто Дудуш од Шутка


Автомобилот кој го управувал градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, а е сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска, бил запален во текот на ноќта, пренесува „Скопје1“. Според нашите информации, ова се случило околу 3 часот по полноќ, а постои и снимка од подметнувањето на пожарот.   Неофицијално, сигурносни камери го забележале маскираното лице кое истурило течност […]

Македонски државјанин уапсен во Грција – со мотоцикл возел 223 километри на час, а било дозволено 110


Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција, а според грчките медиуми станува збор за македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина. Според […]

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството


Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство  денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште пред Судот беа сослушани двајца сведоци. Сведокот Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од […]

Затворен патот Кочани – Виница во двата правци поради сообраќајка


Сообраќајна несреќа се случила попладнево на регионалниот пат Кочани – Виница, поради што сообраќајот на овој патен правец е во прекин. Според неофицијални информации едно лице починало на местото на несреќата, додека неколкумина повредени со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Кочани. Од АМСМ информираат дека сообраќајот е затворен во […]

Скопјанец сексуално вознемирувал кираџика од Србија


33-годишна жена од Србија ноќеска пријавила во полиција дека околу полноќ, сопственикот на станот кој го изнајмила во скопски Центар, физички ја нападнал и ја допирал по телото, а исто така ја вознемирувал и со пораки. Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 01:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 00:10 […]

Две деца од Кумановско, затруени од течност за земјоделски култури


Две деца на возраст од три и четири години од кумановско село биле донесени на лекарски преглед поради можна интоксикација од течност што се користи за земјоделски култури. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. – На 15.03.2026 во 11:52 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив биле донесени […]