Превозниците од Западен Балкан утре на средба во Скопје: Престојот во Шенген да се мери во часови


Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора очекуваат Европската комисија наскоро да закаже состанок за проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната, додека нови разговори на претставници на превозници од четирите земји се закажани за вторник (11 август) во Скопјe. Во интервју за Бизнис.рс, претседателот на Здружението за меѓународен […]

Големо намалување на цените на дериватите: Дизелот за 8 денари за литар, бензините за четири


Од полноќ, нафтените деривати ќе се продаваат значително поевтино на бензинските пумпи во државата, дизелот за осум денари за литар, а бензините за четири денари за литар. според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Како што се посочува во денешното соопштение, РКЕ донесе Одлука со која […]

Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции


Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата.  Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на […]

„Рајанер“ го намали бројот на летови за 16 проценти на пазарот на поранешна Југославија


Повлекувањето на „Рајанер“ од српскиот пазар и делумното намалување на операциите во Босна и Херцеговина во текот на претстојната зимска сезона, заедно со симболичното присуство во Црна Гора преку само една линија, ќе доведат до тоа нискобуџетниот превозник да го намали бројот на летови и капацитетот на седишта на пазарите на поранешна Југославија за 16 […]

Во Германија исплаќале помалку од законската минимална плата, тоа ја чинело економијата 64 милијарди евра


Непочитувањето на правилата за минимална плата во Германија предизвикало економски загуби проценети на 64 милијарди евра (74 милијарди долари) откако во 2015 година беше воведена законската минимална плата, соопшти Конфедерацијата на германските синдикати (ДГБ). Според анализата на ДГБ, до која дојде германската новинска агенција ДПА, во просек околу два милиони работници годишно биле недоволно платени […]

Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина


Цените на нафтата денеска пораснаа откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина предизвикаа загриженост дека нарушувањата на глобалните енергетски пазари би можеле да продолжат подолг период. Цената на референтната северноморска нафта „брент“ со испорака во октомври се зголеми за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американската нафта „Вест […]

Земјава повторно на грчката листа на држави со привилегиран даночен режим


Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година, односно земји во кои правните лица подлежат на даночна стапка што е пониска од онаа што би се применувала доколку би биле даночни резиденти или имале постојана деловна активност во […]

За прв пат од 1985 година, Саудиска Арабија не извезе ниту еден барел нафта во САД


  Посетителите се собираат околу штандот на саудиската нафтена компанија (Арамко) за време на Меѓународната изложба и конференција за нафта и гас во Абу Даби, која собира повеќе од 2.250 изложувачи (Фото: EPA-EFE) За прв пат од 1985 година, САД не увезоа ниту еден барел сурова нафта од Саудиска Арабија цел календарски месец. Прелиминарните податоци […]

Во завршна фаза преговорите за преземање на НИС од унгарски МОЛ


Унгарската нафтена компанија МОЛ соопшти дека преговорите за купување на мнозинскиот руски удел од 56,15 проценти во Српската нафтена индустрија (НИС) влегуваат во завршна фаза. Во извештајот за финансиските резултати за вториот квартал од годинава, МОЛ го издвои потпишувањето на договорот меѓу акционерите за идното управување со НИС, склучен на 16 јуни со Владата на […]

Превозниците од Западен Балкан најавуваат нови чекори ако ЕУ не понуди решение


Европската комисија сè уште не понудила решение за укинување на ограничувањето на престојот на професионалните возачи на камиони од Западен Балкан во земјите од Шенген-зоната – изјави денеска претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ. Тој за агенцијата Бета изјави дека состанокот со надлежниот директорат на Европската Унија, на кој треба да […]

САД ѝ даваат на германска компанија 1,2 милијарди долари за да се откаже од ветерен парк


Владата на САД склучи договор од 1,2 милијарди долари со германската енергетска компанија RWE за запирање на нејзините проекти за ветерни електрани на море. RWE потврди дека ќе се повлече од проектите по договор со Министерството за внатрешни работи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Тие планираат да ги пренасочат парите кон конвенционални гасни проекти, […]

Британците рекоа „ОК“ за договорот од 110 милијарди долари: „Парамаунт“ доби зелено светло да го преземе „Ворнер Брос“


Владата на Велика Британија денес го одобри планираното преземање на „Ворнер Брос. Дискавери“ од страна на „Парамаунт Скајденс“ во вредност од 110 милијарди долари, проценувајќи дека трансакцијата нема да ја загрози конкуренцијата на пазарот. Британските власти објавија дека нема да покренат дополнителна интервенција врз основа на јавен интерес, откако „Парамаунт“ даде дополнителни гаранции во врска […]

Инфлацијата го губи здивот? Во јули на годишно ниво забави на 2,3 отсто


Иако јули е месец кога се очекува инфлацијата да „папса“, со оглед на изобилството на понуда, пред се на земјоделски производи, годинава се покажа „жилав“, во однос на јуни, па трошоците на живот се зголемијна незначително за о,1 процент, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска. Сепак, на годишно ниво, односно јули годинава […]

ФАО: Цените на храната во јули највисоки во последните три години


 Светските цени на храната се зголемија во јули на највисоко ниво во последните повеќе од три години поради неповолните временски услови и ескалацијата на конфликтите во Црното Море и Персискиот Залив, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната (FFPI), што ги следи месечните промени во цените на прехранбените […]

Производителите на „ајварка“ бараат државата да застане зад нив, министерот порачува пазарот ја одредува откупната цена


Земјоделци од Струмица, производители на пиперка – куртовска капија и денеска протестираа незадоволни од откупната цена на пиперката. Над стотина земјоделци се собраа кај крстосницата за селото Робово, на патот од село Дабиле и село Босилово, возилата поминуваа. Дел од земјоделците беа дојдени со земјоделска механизација, трактори и товарни возила. На протестот имаше поголемо присуство […]

Нови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во Куманово


Тимот на Lidl во Македонија продолжува да расте. Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат во Логистичкиот центар на компанијата во Куманово, откако успешно го поминаа процесот на селекција. Lidl активно продолжува со вработувања во логистичкиот центар и маркетите низ целата држава. „Веруваме дека долгорочниот успех на компанијата зависи од […]

Левица: Зад наводното проширување на евтината тарифа, РКЕ ќе ги зголеми сметките за струја


Регулаторната комисија за енергетика под раководство на Ацо Ристов почна медиумска кампања за наводно проширување на евтината тарифа, додека зад рекламата за „4 евтини часа“ се подготвува целосно прекројување на тарифниот систем, велат од партијата Левица преку соопштение. „На маса се ревизија на блоковите, различни летни и зимски правила, евтина струја во сабота и префрлање на […]

Четири децении на индексот Биг Мек


Индексот Биг Мек е создаден во 1986 година од економистката и новинарка Пам Вудал за „Економист“. Неговата цел не беше да се создаде целосен економски модел, туку да се илустрира теоријата за паритет на куповната моќ на едноставен и донекаде хумористичен начин. Се заснова на претпоставката дека споредливите стоки треба да чинат приближно исто на […]

Украинските напади врз „Вајлдберис“ тешко ја погодуваат руската економија


За само три недели, бизнисот на Василиј Климов, сопственик на пункт за преземање стока во Москва, од успешна мала фирма се претвори во загубар, па тој сега се обидува да го продаде. Климов раководи со еден од 98.000 пунктови за преземање стока на „Вајлдберис“ (Wildberries) во Русија и соседните земји. Но откако Украина на 18 […]

Кинески научници завршија ажурирана геолошка карта на Месечината


Кинески истражувачи завршија ажурирана геолошка карта на целата Месечина во размер 1:5.000.000, пренесе Синхуа повикувајќи се на Институтот за геологија при Кинеската академија за геолошки науки. Основната карта, со должина од околу 280 сантиметри и висина од 120 сантиметри, е дополнета со геолошки карти на поларните региони на природниот сателит на Земјата. На картата со […]